Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeBoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија

Go down 
+11
iva_macedonia
Ana-Marija
Rebellious angel
g.soleva
Bobi
Losteech
Beauty
Игор
dijanape
Chris
Burrows
15 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСаб Сеп 05, 2009 12:05 pm

Дигиталната безжична телевизија на „Телеком Словенија“ наесен
Раководството на „Телеком Словенија“ информира дека е пуштен
сигналот на новата безжична дигитална телевизија на македонскиот пазар
во фаза на тестирање, а комерцијалниот старт го одложува за наесен.

Како
причина за доцнењето со услугата, која требаше да ја понуди во
почетокот на месецов, словенечкиот оператор ја наведува светската
економска криза. „Финансиската конструкција за инвестицијата не е
проблем и е обезбедена, но поради светската рецесија, доставувачите
навреме не ги испорачаа нашите нарачки за функционирање на дигиталната
телевизија“, објасни на прес-конференција Предраг Чемерикиќ, генерален
директор на дигиталната телевизија.

Според Чемерикиќ, системот
е поставен, се работи на дистрибуција на приемничките кутии, а до
крајот на годината ќе бидат покриени 95 проценти од домаќинствата.

Чемерикиќ
истакна дека малото задоцнување не треба практично да биде некаков
проблем. Со гаранцијата од 5 милиони евра која „Телеком Словенија“ ја
достави до Агенцијата за електронски комуникации на 4 јуни годинава се
обврзале за една година да обезбедат покривање од минимум 80 проценти
од домаќинствата, во референнтиот пакет на услугата да обезбедат
минимум 30 програми за цена од 423 денари.

Тест-периодот ќе
трае две недели и над 500 корисници ќе ја добијат услугата бесплатно, а
иницијалниот датум за комерцијалниот старт, според раководството,
најверојатно, ќе биде во исто време со спојувањето и ребрендирањето на
„Он-нет“, „Космофон“ и „Германос“, чиј заеднички сопственик е „Телеком
Словенија“.

Од словенечкиот оператор најавуваат дека ќе нудат
програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени
странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за
седум дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека
со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Најголема новина е
локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските канали се
титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во државата, онака
како што е пропишано во домашните закони. Почнати се активности за
превод и на албански јазик.

Транзицискиот период за премин од
аналогна во дигитална телевизија за земјите-членки на ЕУ е 2012 година,
а за Македонија 2015 година. Основната предност на дигиталната дејност
е емитување поголем број ТВ-канали со иста искористеност на
фреквенцијата. Дигиталниот систем обезбедува висококвалитетна слика и
напреден повеќенаменски тон. За прием на дигиталната телевизија
населението мора да поседува конверторска опрема или современ
ТВ-приемник со вграден тјунер.

*****

А да прашам нешто, јас имам обичен 4:3 телевизор купен пред некои три години. Дали ова ќе може да се пушти само на ЛЦД телевизорите, или ќе може и за обичните купени во поново време?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeПон Сеп 07, 2009 9:54 pm

Ќе се одземе ли лиценцата на Космофон за дигиталната телевизија?




Агенцијата за електронски комуникации наредната недела ќе одлучи дали ќе му ја одземе лиценцата на Космофон, откако компанијата ги проби роковите и потфрли со комерцијалниот старт на проектот дигитална телевизија.

Директорот на агенцијата за А1 вели причините за доцнењето ќе се испитуваат.

„Наредната недела ќе се знае крајниот ефект. Агенцијата ќе ги разгледа сите доставени нивни мислења во врска со причините за ненавремено отпочнување на услугата за дигитална телевизија, и потоа ќе донесеме наш став, дали би се одзела дозволата или не. Но сепак кажува дека ќе биде согласно законот за електронски комуникации и условите коишто се во тендерската документација“, вели Перо Ивановски, директор на Агенција за електронски комуникации

Телеком Словенија преку Космофон во петокот требаше да почне да емитува дигитална ТВ програма, но наместо тоа раководството објави само дека ќе пушти тест сигнал за 500 домаќинства. Ова е грубо прекршување на прописите според кои компанијата ја доби дозволата за работа. Тоа го покажуваат и фактите.

Телеком Словенија во одобрението на агенцијата за електронски комуникации се обврзал дека ќе почне да емитува дигитална телевизија во рок од 90 дена од добивањето на лиценцата и дека ќе покрие 428 илјади домаќинства. Наместо тоа компанијата ги проби роковите, најави дека влегува во тест период, а за доцнењето се правдаше со кризата.

Дека од старт е водена погрешно целата процедура покажува и иницијативата што пред Уставен суд ја води Центарот за развој на медиуми повикувајќи се на не надлежност на Агенцијата за електронски комуникации.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeПон Сеп 07, 2009 10:12 pm

@Маестро: можам само да кажам дека мојата агресија кон оваа компанија е прилично оправдана.
Chris напиша:
Не би рекол дека Он.нет никако, користам веќе долго време интернет од кај нив и сум ПРЕзадоволен, се разбира не би го сменил за ништо, трансфер кој ми ги задоволува потребите, цена нормална и брзина ненормална (во позитивна смисла) BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 996773
Моето искуство е далеку понегативно. Јас имав многу маки со нивниот посран WADSL цели две години, кој буквално секој ден паѓаше барем за 30тина минути. Брзината беше катастрофа, а услугите уште покатастрофални. Кога се јавував во нивниот инфо центар за да пријавам нешто, или не ми се јавуваа (веројатно знаејќи кој е на другата страна од телефонот и што ги очекува ако се јават - а не е дека сум некултурен, туку они се некултурни и затоа си добиваат ИСТ однос од мене!), или едноставно ми уклучуваа секретарка за да истата ми каже дека „немало“ одговорни лица во моментов.

Значи, да сумирам:
- катастрофална брзина
- ме третираа како тринаесетто прасе, мислеа дека немам право да се жалам на ништо
- трансфер од максимум 10 гига
- откако ставив конекција, освен нивните празни фалења, ништо добро не видовме, што и не ме чуди...во светот новите корисници обично се почитуваат многу повеќе од старите, им се нудат разноразни нови работи со цел да се задржат што повеќе, а за Он.нет тие правила не важеа, како што веќе реков, за нив сите сме само обични, досадни луѓе кои постојано се жалат.

Што се однесува до T-Home, откако ставив Call&Surf во март не сум имал никакви проблеми. Еден филм од 4 гига може да се симне за најмалку 2 часа, а кога имаш проблеми со нетот секогаш има некој кој ќе ти одговори на прашањата и ќе ти каже како да си го решиш проблемот, или евентуално ќе ПРИЗНААТ дека кај нив е проблемот и ќе ти осигураат оти истиот ќе биде решен во наредните 30 минути, што навистина и ќе се случи.

И уште едно нешто поради кое Он.нет не чинат - опремата ја превземаат од Телеком. Значи ако некој кој користи нивни услуги каже дека T-Home = T-shit, не е реален...
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeПон Сеп 07, 2009 10:32 pm

И кај мене на почетокот имаше проблеми со тоа паѓање на конекција што беше и разбирливо првпат се појави кај нас таков бежичен нет, ама дојдоа кога ги викнав, отидоа на кров горе само ја поместија антената, и тој ден (да чукнам во дрво) не можам да се пожалам стварно, не знам како е да ти падне конецкија

а трансферот сега за сега ми е 30, ке си става и 100 наскоро
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСаб Сеп 19, 2009 6:36 pm

Еве пак, спротивно на цимолењата на А1, што вели Канал 5:


Канал 5 бесплатно ќе се емитува преку дигитален сигнал


BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Logo_k5

Канал 5 се приклучува на проектот дигитална телевизија. Единствениот оператор
Телеком Словенија кој ја доби лиценцата за пренесување на дигитален
сигнал веќе потпиша договор со речиси сите национални телевизии за
нивно бесплатно пренесување.


Иако операторот пушти пробен сигнал за 500 домаќинства, рокот за
комерцијален старт на цела територија е продолжен. Телеком Словенија не
успеал на време да ја добие потребната опрема од неговите странски
добавувачи. Во Агенцијата за електронски комуникации им даваат
продолжен рок оти се увериле дека операторот е при крај со
имплементација на проектот.

Очекувањата се дека есенва 95% од домаќинствата ќе гледаат
дигитална слика и звук како и странски програми преведени на македонски
јазик.
„Им нудиме на гледачите супериорна слика и звук“ изјави на 04.09.2009 Предраг Чемеригиќ директор на ОН. Нет

Бесплатни ќе бидат уредите за прием на дигиталниот ТВ- сигнал,
месечната претплата за странските телевизии ќе биде околу 500 денари.

Со проектот дигитална телевизија Телеком Словенија инвестираше 26
милиони евра, а Македонија стана една од првите европски земји кои го
започнуваат процесот на дигитализација на ТВ етерот. Транзицискиот
период за премин од аналогна во дигитална телевизија за земјите членки
на ЕУ е 2012 а за Македонија 2015 година.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСаб Сеп 19, 2009 6:52 pm

некој ја има оваа дигиталнава телевизија,дека пишува пуштен сигналот за 500 домаќинства??
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Окт 04, 2009 7:00 pm

http://www.siol.net/televizija/programski_paketi.aspx?tid=celotna
овие изгледа канали ќе бидат +и нашите(незнам баш дали истите)
Вратете се на почетокот Go down
g.soleva
Нов Член
Нов Член
g.soleva


Број на мислења : 7
Registration date : 2009-10-26

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Окт 28, 2009 4:30 am

Единствено МАХ ТВ во моментов е дигитална.Не месајте дигитална и ХД, во моментов нема такба понуда на македонскиот пазар.Телеком Словенија очигледно има проблем зашто не го испочитува рокот за почеток на диг.тв. а ми се чини дека нема наскоро да почнат.ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ ОД 2012. Во моментов борбата е каде ќе завршат мултиплексерите.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Окт 28, 2009 2:11 pm

Ајдее 2012 BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 945213
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Окт 28, 2009 2:44 pm

дигитална може да се гледа,т.е да се тестираат програмите ако имате на вашиот телевизор за дигитална телевизија али негде по форумиве слушнав немало слика само тон и фаќало и радио антена 5 BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 996773
Али мене многу ми е гале си ставам MaxTV
а на MaxTV треба HD телевизии да има до крајов на годинава така пишуваше на нивнат веб страна па ај да видиме
и исто најавија радио дека ќе има и игри кој ќе бидат бесплатни за играње па ај да видиме дали ќе го исполнат ветувањето или тоа све е пуста желба
g.soleva напиша:
Единствено МАХ ТВ во моментов е дигитална.Не месајте
дигитална и ХД, во моментов нема такба понуда на македонскиот
пазар.Телеком Словенија очигледно има проблем зашто не го испочитува
рокот за почеток на диг.тв. а ми се чини дека нема наскоро да
почнат.ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ ОД 2012. Во моментов борбата е каде ќе завршат
мултиплексерите.
MaxTV не е дигитална телевизија она е тука негде на граница до дигитална
MaxTV e IPTV
Читај ова
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeПет Окт 30, 2009 1:11 am

Во услугата видеотека на Макс ТВ се додадени едни од најпопуларните филмови од минатата година а воедно и добитници и номинирани за Оскар:

Changeling, Revolutionary Road, Frost/Nixon.

Цената на филм е 80ден без ддв.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 04, 2009 1:15 pm

баш вчера ги побарав каналите што ги ставиле тест и да ви кажам истите
како MaxTV нема никаква разлика немаше слика само тон и пишуваше HD
дека не подржува а каналиве се
animalplanet,tv100,fox life,fox crime,cnn,vh1,mtv adria,eurosport,bumerang,cartoonnetwork
и имаше 4 тест канали незнам тие што беа
мојот телевизор е овој ако и тоа ве интересеира има и DTV
BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Samsung-t200hd1
Вратете се на почетокот Go down
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 12:43 am

Најверојатно Он.Нет ќе се ребрендира во среда, изгледа нареднава недела ќе стартува и официјално дигиталната телевизија! BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 272416
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 1:50 am

ќе се ребрендира како?
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 1:56 am

Па мислам дека Он.Нет, Он.Тел и Космофон ќе се соединат во една
компанија, а боја на компанијата ќе биде црвената (кога ќе одите на
www.on.net.mk има реклама со црвени балони што би требало да се
однесува на новата фирма BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 871427).
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 2:00 am

аа затоа вчера додека гледав филм на Сител се појавија црвени балони и пишуваше уште 5 дена
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 2:31 am

Глупа им е програмата, МАКС тв според мене има попривлечни канали.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 2:42 am

Јас сакам сега да пробам Тотал ТВ BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 942774 40+50+100 канали
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 2:51 am

Chris напиша:
Јас сакам сега да пробам Тотал ТВ BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 942774 40+50+100 канали

Ја има некаде листата на програми за Македонија?
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeНед Ное 08, 2009 3:08 am

Не знам еве види овде

http://www.totaltv.tv/cms/view.php?id=1000

малку е наменето за затуцани села каде што кабел не поминува па се плашам да не има селски програми BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 493672
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 4:00 am

Ајде да видиме дали и денес ќе бидне нешто! BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 996773
Ако не го завршат проект овој период, ќе им ја одземат лиценцата.

Баш ме интересира како ќе изгледаат новите Он.Нет и Космофон. BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 272416
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 1:44 pm

http://boomtv.mk/
тапа програми а рекоа ќе имало некој програми што не сме ги гледале
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 3:36 pm

Колку им е добра странава, добар изглед има
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 3:49 pm

Па ова се апсолутно истите програми како на кабловскиве, плус што има една две детски, една документарна плус, а нема голем дел од македонските (А2, Скај Нет, K 15 и локалните).
Не ми се допаѓа понудава воопшто - предноста е што и документарниве и филмскиве ќе бидат со македонски титл?
Добро е тоа што нема кабли повеќе со ова, и нормално дека повеќе ти се исплати пакетов со догоор BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 24632 Ова е тоа со балоните на Сител?


Последната промена е направена од Beauty на Сре Ное 11, 2009 4:00 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 3:56 pm

Да тоа се, многу глупи балони, не се добро изработени
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Sponsored content





BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија   BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија - Page 4 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 9Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Оф Топик-
Отиди до: