| BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија | |
|
+11iva_macedonia Ana-Marija Rebellious angel g.soleva Bobi Losteech Beauty Игор dijanape Chris Burrows 15 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 1:57 am | |
| Наесен - дигитална телевизија
Сите домаќинства бесплатно ќе добијат уред за прием на дигиталниот ТВ-сигнал, домашните телевизии ќе се емитуваат без надоместок, а месечната претплата за странските телевизии ќе биде околу 500 денари Телеком Словенија од септември на македонскиот пазар почнува со услугата дигитална телевизија. Словенечката компанија ја доби лиценцата за пренос на услугата дигитална телевизија од претседателот на Агенцијата за електронски комуникации Петар Ивановски. Според директорот Предраг Чемерикиќ, покрај 301.000 евра, колку што платиле за лиценцата со времетраење од 10 години, Телеком Словенија во наредните три месеци ќе инвестира повеќе од 30 милиони евра. За стартот на дигиталната телевизија во најголем дел ќе се користи инфраструктурата на мобилниот оператор „Космофон“, чиј сопственик од неодамна е словенечкиот оператор. Телеком Словенија е подготвен да ги финансира сите приемнички уреди за користење на услугата за целото население во Македонија. Во зависност од бројот на домаќинствата заинтересирани за услугата, максималната инвестиција на словенечкиот инвеститор би била околу 90 милиони евра. - Должни сме да ги пренесуваме сите македонски национални терестријални (земски) телевизии. Од економски причини, за да ги покриеме инвестициските трошоци, ќе се пренесуваат и квалитетни странски содржини, преведени на македонски со одобрение од Советот за радиодифузија - рече Чемерикиќ и додаде дека месечната претплата за странските програми ќе биде 423 денари плус данокот на додадена вредност, а домашните нешифрирани канали ќе се гледаат како и досега бесплатно.Според Чемерикиќ, Телеком Словенија ќе нуди недискриминаторски услуги за сите постојни учесници во радиодифузниот пазар. - Нема да градиме телевизиска куќа за пренос на програма, туку мрежа за пренос на постојните медиуми, кои имаат национална лиценца во Македонија - нагласи Чемерикиќ.Претседателот на АЕК, Петар Ивановски, истакна дека со доделувањето на лиценцата почнува дигитализацијата во македонската радиодифузија, а граѓаните ќе имаат можност да ги следат телевизиските програми со многу подобар квалитет. - Од Телеком Словенија се очекува да го реализира тоа што го понуди, а ние ќе го следиме нејзиното работење и ќе обезбедиме навремена и квалитетна поддршка - рече Ивановски. Коментирајќи ги најавите од Центарот за развој на медиумите за оспорување на тендерот, Ивановски рече дека АЕК легално ја спровела постапката за избор на понудувач за дигитална телевизија во Македонија. - Согласно Правилникот и Законот АЕК распиша платформа врз основа на која ќе се пренесуваат телевизиски канали, а таа платформа може да ја сметате исто како кабелска, односно само радио платформа. Во согласност со Планот за распределба на радиофреквенции, фреквенциите 470862 покрај за радиодифузна дејност се доделени и за ваков вид пренос на услуги, односно за дигитална телевизија - објасни Ивановски. Транзицискиот период за премин од аналогна во дигитална телевизија за земјите членки на ЕУ е 2012 година, а за Македонија 2015 година. Основната предност на дигиталната дејност е емитување поголем број ТВ-канали со иста искористеност на фреквенцијата. Дигиталниот систем обезбедува висококвалитетна слика и напреден повеќенаменски тон. За прием на дигиталната телевизија населението мора да поседува конверторска опрема или современ ТВ-приемник со вграден тјунер. Македонија има одобрение за 9 мултиплекс радиофреквенциски канали за пренос на дигитални телевизиски сервиси. Државата засега ќе искористи само три. Од нив, според програмата за дигитализација на земската телевизија, еден мултиплекс канал ќе добие јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“, а другите ќе се распределат на конкурс. ИзворСега малку појаснување од тој што се разбира - што и како. Дали ова значи дека ќе имаме HD канали?
Последната промена е направена од Burrows на Сре Ное 11, 2009 9:33 pm. Мислењето е променето 2 пати. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 2:05 am | |
| па ваљда, јас за ова слушам од пред некое време ама не се разбирам до толку за да знам дали ке имаме HD канали, али дај боже | |
|
| |
dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 2:39 am | |
| Јас мислам дека не е исто дигитална ТВ и HD канали, но ќе прашам и ќе напишам на пост. | |
|
| |
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 11:19 am | |
| Дигиталната телевизија не е исто што и HD канали, но го отвора патот кон тоа. Многу ми е мило што и кај нас започнува дигиталната ера. Нека го воведат ова и може и ќе се префрлам од бедотијава наречена аналогна кабелска телевизија. | |
|
| |
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 12:11 pm | |
| - igorpp напиша:
- Дигиталната телевизија не е исто што и HD канали, но го отвора патот кон тоа.
Многу ми е мило што и кај нас започнува дигиталната ера. Нека го воведат ова и може и ќе се префрлам од бедотијава наречена аналогна кабелска телевизија. Еве што рекоа од менаџментот на Алфа пред една година: Техничката опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата). Ова значи дека Алфа ќе емитува преку сигнал со драстично подобар квалитет од сигналите на останатите македонски телевизии, што ќе придонесе за еден исклучително квалитетен краен изглед на програмата.
Со оглед на тоа што според европската регулатива, дигитализиацијата на преносот на телевизискиот сигнал ќе биде задолжителна почнувајќи од 2012 година, во почеток супериорниот квалитет на програмата на Алфа телевизија гледачите нема да можат во целост да го забележат. Значи до 2012 година еден дел од квалитетот ќе се губи во самата конверзија на записот од дигитално во аналогно, при самото влегување во сегашните предаватели. Дотогаш, гледачите ќе ја гледаат дигиталната програма на Алфа ТВ со еден редуциран квалитет, односно дури за четири години ќе можат да гледаат и со полна резолуција сe она што го работи Алфа.Значи Алфа би требало да премине во HD прва? | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| |
| |
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 1:12 pm | |
| Се надевам дека Алфа ќе прерасне во уште подобра телевизија. Засега им оди одлично. Техника страшно добра!
Кај мене Алфа е кристална. Исто и Скајнет, А1, Сител... | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 2:48 pm | |
| Чекајте, од што зависи сега дали ќе имам или не дигитална телевизија? Вика Сите домаќинства бесплатно ќе добијат уред за прием на дигиталниот ТВ-сигнал, домашните телевизии ќе се емитуваат без надоместок, а месечната претплата за странските телевизии ќе биде околу 500 денари Не сфаќам баш | |
|
| |
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 3:27 pm | |
| Па веројатно ако се претплатиш на Телеком Словенија. :) Како инаку. | |
|
| |
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 3:30 pm | |
| Мислам дека нема врска на кој оператор си, велат дека сите домаќинства ќе добијат ваков бесплатен уред. | |
|
| |
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 8:27 pm | |
| - maestro напиша:
- Мислам дека нема врска на кој оператор си, велат дека сите домаќинства ќе добијат ваков бесплатен уред.
Ова важи за тие што се само на Max TV колку што сфаќам?? | |
|
| |
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 8:35 pm | |
| - Losteech напиша:
- maestro напиша:
- Мислам дека нема врска на кој оператор си, велат дека сите домаќинства ќе добијат ваков бесплатен уред.
Ова важи за тие што се само на Max TV колку што сфаќам?? Сите домаќинства, уште еднаш. Телеком Словенија е подготвена да ги сноси трошоците за да овие уреди бесплатно ги добијат сите заинтересирани домаќинства за оваа услуга во Македонија, како што можам да разберам внимателно читајќи го текстот. А, најмалку би им давале они бесплатни уреди на корисниците на Max TV, па конкуренти им се. Ние треба само да плаќаме по 500 денари ако сакаме да гледаме 30-тина квалитетни и дигитални странски канали. Ако не, ќе си имаме 8 Македонски дигитални телевизии. | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Пон Јун 08, 2009 11:05 pm | |
| Баш сега разгледував нешто, не ми е јасна финтата, велат дека Макс ТВ не е дигитална телевизија а всушност има слика како на дигитална ТВ не ми е јасно тогаш што е предноста во дигиталната телевизија кога велите дека HD е сосема друго, тоа е нешто што го подржуваат поедини телевизии...
Сакам мал одговор или мало објаснување, и дали е исто да имам Макс ТВ и Словенија телеком на пр. дигитално | |
|
| |
dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:42 am | |
| Токму така HDTV е навистина нешто сосема друго, ама како што напиша igorpp, го отвора патот кон тоа. Прво една телевизија за да емитува HD треба да биде дигитална, а не како досега аналогни. Значи треба да имаме дома ресивер што ќе ги прима дигиталните сигнали, со резолуција на станардна дефиниција 720 x 575 пиксели или 4:3 однос на ивиците на екранот. За да имаме HDTV треба операторот да пушта сигнал со висока резолуција, а ние треба да имаме ресивер со HD и да примаме слика со резолуција 1920 x 1080 пиксели или 16:9 однос на ивиците на екранот. Значи секоја дигитална телевизија не е со висока дефиниција т.е. HDTV. Инаку MaxTV е дигитална телевизија, ама без HD. Aко беше HD на голема врата ќе беше најавувано. Тие направија многу добри реклами само за дигитална телевизија, ами уште да беше HD.
Последната промена е направена од dijanape на Сре Јун 10, 2009 1:49 am. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:46 am | |
| види види математичар сме имале | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:46 am | |
| Да, ама мене не ми е јасно каков е случајов за Макс ТВ, таму сликата јес да е дигитална, ама дали телевизијата е дигитална не знам | |
|
| |
dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:51 am | |
| Во исто време изгледа пишувавме, го преправив постот погоре и ти имам таму одговорено. | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:53 am | |
| - dijanape напиша:
Инаку MaxTV е дигитална телевизија, ама без HD. Aко беше HD на голема врата ќе беше најавувано. Тие направија многу добри реклами само за дигитална телевизија, ами уште да беше HD. Аха, па океј сепак е дигитална телевизија, а тоа за HD може во секое време, во Хрватска на пример тамошното Макс ТВ има HD. Сепак нашево е се‘ уште ново, ќе има повеќе опции и повеќе пакети со текот на месеците. Јас сум презадоволен од услугата, му препорачувам на сите. | |
|
| |
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:53 am | |
| Мене не ми е јасно кого Телеком Словенија го зезаат..нас или себе? Да им дадеш бесплатни ресивери на толку многу фамилии, не ми изгледа баш изводливо!
Се сомневам дека овој дел е точен, ама ај, се надевам дека не сум во право. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:55 am | |
| Мене па ми викаат дека сликата е тапа на тоа | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 1:57 am | |
| - Chris напиша:
- Мене па ми викаат дека сликата е тапа на тоа
Не, кај мене е кристал сликата, што знам можеби е и до телевизорот, но имам видено и на други телевизори, сликата им е перфектна. На почетокот имаа мали проблеми но сега се‘ е регулирано. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 2:04 am | |
| Епа добро може сега средиле веќе помина некое време, затоа што едно време престанаа и да ги рекламираат... | |
|
| |
dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 2:07 am | |
| - Losteech напиша:
- Мене не ми е јасно кого Телеком Словенија го зезаат..нас или себе? Да им дадеш бесплатни ресивери на толку многу фамилии, не ми изгледа баш изводливо!
Се сомневам дека овој дел е точен, ама ај, се надевам дека не сум во право. А зошто да не. Па и MaxTV ги даваше бесплатно нивните ресивери, потпишуваш договор дека ќе си претплатник одредено време (незнам точно колку 1 год. или 2). Сега мислам дека се плаќа 1200 денари за приклучок. Овие податоци не ми се баш сигурни, ама од почетокот беше бесплатно. | |
|
| |
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 2:28 am | |
| - dijanape напиша:
- Losteech напиша:
- Мене не ми е јасно кого Телеком Словенија го зезаат..нас или себе? Да им дадеш бесплатни ресивери на толку многу фамилии, не ми изгледа баш изводливо!
Се сомневам дека овој дел е точен, ама ај, се надевам дека не сум во право. А зошто да не. Па и MaxTV ги даваше бесплатно нивните ресивери, потпишуваш договор дека ќе си претплатник одредено време (незнам точно колку 1 год. или 2). Сега мислам дека се плаќа 1200 денари за приклучок. Овие податоци не ми се баш сигурни, ама од почетокот беше бесплатно. Да, ама со плаќањето, ти им ги враќаш парите и не се во загуба..а во овој случај не е баш така :) | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија Сре Јун 10, 2009 2:31 am | |
| Се разбира дека им ги враќаш и тоа дупло затоа се толкави сметките, се е тоа тактички кај нашиве | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија | |
| |
|
| |
| BoomTV - Дигитална телевизија во Македонија | |
|