Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Чет Мај 28, 2009 9:27 pm
Денес официјално започнав да ја гледам Љубовни врски на ДВД Ахххх, спомени Ова е дефинитивно најубавата теленовела која некогаш сум ја гледал. Нема зборови кои ја опишуваат маестралната глума на Лусеро како тројката. Ах, толку спомени, толку убав период ми се врати во глава, едно 10 години уназад. Првата сцена започнува во Сан Николас, како М. Гвадалеупе пее во црковниот хор, а Ана и Артемио ја гледаат. Ана мисли дека Артемио е заљубен во неа и бара начин да го откачи, а он усвари трча по Марија Г. Првата сцена со Марија Паула е маестрална Едуардо и Нанси ја чекаат на вечера, а персоналот ја озборува колку она е префинета и отмена, и колку барања имала од нив, колку не ја поднесувале и се замислувала како кралица, кога ете ја она, сцената ја покажуваат како чекори прво во нозете па нагоре, со преубава песна и ете ја Марија Паула, преубава Марија Фернанда И призна на Фелиса дека е заљубена во Херардо но се среами да му каже Гвадалупе сонува сон како се гледа во огледало кое има три исти лица, а Ана и вели дека не треба да им обрнува внимание на соништата. Потоа оди кај Чоле и и ја признава целата вистина како ја нашла кај реката. Тита му даде отказ на детективот кој веќе 20 години неуспешно ја бара третата близначка. Доаѓа Марија Паула од Сан Антонио и и носи подарок на Фернанда, и намерно го турнува на подот за Фер да клекне и да го бара по собата Марија Паула е прав ѕвер Покасно ќе гледам втора епизода
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Пет Мај 29, 2009 12:12 am
Колку сликовито ја опиша епизодава со смајлињава исто како да сум гледал, посебно делот кај што кажуваш дека Марија Паула е прав ѕвер
Ја имаш на DVD ? ја купи или?
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Пет Мај 29, 2009 12:49 am
Не, си ја симнав, сите 100 епизоди, а ја имам и скратената верзија, но не вреди, се во 240 минути е ставено.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Пет Мај 29, 2009 12:53 am
Ааа тоа глупости, баш таму ги нема интересните детали
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Саб Мај 30, 2009 2:17 pm
Колку вкупно нормални епизоди од по 45 минути има серијава? Тогаш како биле снимани? Се мислам дека кај нас прво одеа долги епизоди, за после да одат од по 30 минути. Марија Пола е за мене најинтересниот лик воопшто досега. Се сеќавам кога и го тиурна подарокот и го поттурна за Фернанда да го бара и се смееше цинично. Потегот со веѓата нејзе и е најинтересен, иако и МГ и Мф прават нешто со веѓите, сепак на Пола е највпечатливо. Оваа серија е најубава затоа што е снимена пред толку години и затоа што не личи на тогашните Телевисини кога невина девојка доаѓа во богата куќа и се заљубува во богаташот, овде се е реално, преубава серија, најубава досега. Мене на времето ме нервираше Ана како лик, Чоле е доста интерсен лик. Иначе се сеќавам, во 7 епизода МГ доаѓа со Ана во градот и го удира Николас на автобуската кога тој сака да и ги земе куферите и така се запознаваат. Од сите три близначики, најмногу ги сакалм Пола и Фернанда, а Гвадалупе на времето не ја сакав многу - иначе на едиснтвен начин е дадена и љубовта, нема лигавења и глупости.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Саб Мај 30, 2009 7:58 pm
Серијата има вкупно 100 едночасовни епизоди, а кај нас се даваа 150 получасовни, т.е од 2 епизоди правеле 3.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: LAZOS DE AMOR, Televisa|1996 Саб Мај 30, 2009 9:21 pm
Jа изгледав и втората епизода. Повторно ме освојува серијава. Ана го откопа кесето со старите исечоци од бавчата, во кој се спомнува потрагата по МГ. Танцовиот клуб во кој играат МГ и Џино е поканет на карневалот во Лас Каскадас (местото каде што се случила несреќата пред многу години), па кога и кажа на Ана , оваа строго и забрани да оди на карневалот. Херардо и се понуди на доња Мерцедес да ја бара нејзината внука, откако оваа му даде отказ на детективот. Џино и призна на МГ дека е заљубен во неа, но таа му кажа дека го гледа само како пријател. МП освен што е фантастично одигран лик, напишан е од генијален ум. Девојката е права шизофреничарка, која обожува да го поседува она што ја опкружува. Не сака Герардо да биде со МФ затоа што се плаши дека ќе ја загуби љубовта на сестра си. Исто така кога чичко и и кажа дека ќе ја побара Нанси за жена, таа ја испрати неговата љубовница во ресторанот за да им ја уништи вечерта. Генијално олицетворение на болно зло. Марија Паула, најдобрата соуп негативка евер!!!
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Денес ја одгледав 20-тата епизода. Серијава плени со свежина, различна тематика и многу љубов. Како да е снимана вчера а сепак е класика Марија Паула ја уби Нанси, за да не се омажи за чичко и. Милагрос дозна дека Марија Г. е посвоена од Ана, и Ана мораше да и ја признае сета вистина. Лусеро е маестрална како актерка, а тоа си го докажувам сам на себе со секоја нова сцена со неа. Последно што ме воодушеви е кога Марија Фернанда, по погребот на Нанси се чуствуваше бескорисно бидејки не можеше да биде со чичко и Едуардо. Беспрекорно и холивудски одглумено од единствената Лусеро. Анхелика Вале (Лети) е пресмеша и овде. Сиротата не може да продаде ниеден продукт за убавина, ја зема еден ден Марија Г. и таа продаде во секоја куќа Ана се вработи кај Сузана Ферера како кројачка. Валенте дојде до брезлатната на Марија Гвадалупе, онаа која ја украдоа од пансионот. Продолжувам да гледам. Lazos de amor
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Е сега до ден денес за мене е дискутабилно дали Пола ја Нанси, можеби не и даваше да помине на катот и ја тресеше, али не ја бутна, немаше таква намера кога дојде таму (ако не се лажам, во Сан Антонио се случи несреќата). А дали Пола го уби Армандо или Освалдо го уби стариот? Ако е така, тогаш Пола единствено го уби чичко и на крај Фернанда е најдобрата наивница било кога видено, толку ја обожавав таа добродушна личност. Преубав спој на три лика, на три различни сестри близчаки, од кои Гвадалупе беше онаа права хероина. Едноставно, најубава мексиканска серија во секоја смисла.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Јас не знам зашто не и текне на некоја телевизија да емитува некогаш настан како Премиос Хувентуд минатата година го гледав во живо и се чувствував поубаво и од кога ги гледам наградите на MTV
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Најсмешно, а воедно и најстрашно беше една ноќ Марија Пола кога се преправи дека е Гвадалупе излезена од река и ја плашеше баба и во ноќта. Таа глумица беше осудена да биде плашена од некои луди луѓе додека спие, тука од внука и, а во Љубов и Омраза од Марсијал, нели ноќе и влегуваше и тој да ја плаши. Интересна сцена исто кога Гвадалупе ќе пее на фестивалот, всушност така и ќе ја откријат. Најсмешна беше онаа пријателката на Мерцедес, Аурора која ќе гледа телевизија со маж и и кога ќе ја види Гвадалупе, ќе рече МАРИЈА ГУАДАЛУПЕ, и ќе и падне чашата Колку језива сцена, и сега м елазат морници додека пишувам, а во исто време и во куќата Мерцедес ќе ја види Гвадалупе, а истовремено и Пола ќе ја види на телевизија
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Jас знам дека сум досаден ама ова е дефинитивно најубавата теленовела некогаш снимена и се вбројува во 5- те најсакани ТВ програми кои сум ги следел во животот, заедно со Патот за Авонли, Беверли Хилс , Ен од Грин Гејблс и Пријатели. Јассум до 25- та епизода, секој ден си гледам по една и комплетно уживам, гледам без трепет. Инаку сега Марија Г. оди на часови по танц и таму запозна еден продуцент од Телевиса кој сака да ја направи славна. Николас иако ја сака Гвадалупе не може да ја избегне шармантната Вирхинија, која подоцна тешко ќе се разболи. Ух, Љубовни врски...
Te confundes si nos ves Porque Dios hiso a las tres Como a una misma Y apesar de iguales parecer En el fondo dentro de la piel Somos distintas Nuestros caminos comenzaron juntos Quien sabe donde pararan Que rumbo cada quien tendra
LAZOS DE AMOR atando nuestros sentimientos De tres hermanas que nacieron casi al mismo tiempo Nuestra ilusion de que el encienda nuestros suenos Y nada puede desprender Los LAZOS DE AMOR que en la sangre las tres Llevamos dentro..
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Песната И ми се свиѓа делот три сестри родени во исто време Не си единствен, Јовица, ова е првата серија од Телевиса, првата топла серија со опасна негативка, за мене исто во топ 5 серии, и воедно најмногу репризирана на нашите локални. За мене некако единствена промашеност гледам во насловот, можело друг наслов, пооригинален за оваа серија, Љубовни врски е некако преопшт Омилени сестри сум кажала - Пола и Фернанда, кој би рекол дека Лусеро ја одигра Фернанда? Најшокантен крај досега, не знаете колку сум останала зачудена кога пишуваше КРАЈ НА СЕРИЈАТА кога ја гледав првиот пат, никој не претпоставуваше дека тоа ќе биде крајната епизода. Дали и вие го имавте истиот впечаток?
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Jас знам првиот пат кога се даваше на локална, значи 97/98 г. ја гледав на МТМ и тоа не од почеток, негде после 100- та епизода ја фатив. Знам дека истовремено се даваше на тогашна ТВ Скопје, арно ама ние во Ѓорче тогаш со антени многу слабо ја фаќавме таа фрекфенција и за викенди, знам саботи идеа сите неделни репризи на ТВ Скопје и одев кај баба ми и дедо ми и тамо си ги гледав. Се сеќавам како вчера, фамилијарно ги гледавме последните епизоди, беше мај месец негде, 98 година, и сите бевме шокирани од крајот. Во понеделникот во школо тоа беше главна тема, цело Димо збореше само која сестра преживеала. Ах, времиња По тоа се убив од јавување во МТМ и ги напињав да ја репризираат и стално ми викаа дека наскоро ќе ја вратат. Ја репризираа дури следното лето, 99- та година и јас со братучетка ми (исто фан на серијата) славевме и скокавме по дома Памтам и каков беше распоредот на МТМ тоа време.
18:00 Љубовни врски 18:30 Заливот Акапулко 19:00 Малиот град Инферно