|
|
| SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 | |
|
+4Posh Girl Bobi LucasScott Beauty 8 posters | |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Сре Сеп 10, 2008 10:18 pm | |
| Скриени страсти е мексиканска теленовела од 1996 година, римејк на радионовелата Две жени и еден маж. Серијата има 100 епизоди, а во неа главните улоги им припаѓаат на познатиот пејач Карлос Понче и Јоланда Андраде. И покрај тоа што дејството беше извртено, и некогаш апсурдно, успешно успеа да добие поголем рејтинг од конкуренцијата во тој период, а доста гледана беше и кај нас, и покрај тоа што се прикажуваше на локалните ТВ станици. Најавната песна Без љубов ја пее Аранца, кој подоцна ја испеа и насловната нумера во популарната теленовела Погледот на жената. Скриени страсти - Sentimientos ajenosЗемја на потекло: МексикоГодина: 1996Епизоди: 100Ова е приказна за младата и богата сликарка Софија де ла Хуерта која живее нормален живот со својот татко и злобната и завидлива сестра Леонор. Убавата и добродушна Софија ќе се вљуби во Ренато, дечко кој има трауми од детството поради убиството на неговата мајка од неговиот љубоморен татко. Софија и Ренато ќе се венчаат и ќе добијат дете, но меѓу нивната љубов и неизмерна среќа ќе застане Леонор, која лудо се вљубува во сопругот на сопствената сестра. Леонор ќе гази се пред себе за да го уништи нивниот брак, ќе поставува безброј замки за Ренато да се посомнева во љубовта на Софија, а со таквите сплетки ќе го испрати и нивниот татко Хозе Марија во гроб. Леонор ќе го запозне младиот и страствен Умберто, кој ќе и стане љубовник, но и соучесник бо сплетките против Софија. И по некое време, Леонор ќе успее да ја разбуди страшната љубомора кај Ренато, кој ќе се посомнева дека Умберто и е љубовник на Софија, па затоа и безмилосно, сурово и со навреди ќе ја избрка Софија од домот. Збунета, тажна и разочарана, Софија ќе започне да се бори за да си го поврати синот и среќата која и беше одземена од непријателката во која никогаш и не се посомневала. Леонор останува да се грижи за Ренато и неговиот син, добивајќи ја неговата страст и доверба, а Софија запознава нова љубов, која и помага да го преброди страшниот развод. И покрај тоа што на крај се откриваат сите сплетки на злобната Леонор, сепак за Софија не е лесно да му прости на Ренато и да му се врати..Во нејзиниот живот веќе постои друг човек...Улоги: Јоланда Андраде, Шантал Андере, Карлос Понче, Марио Цимаро, Сузана Гонзалес, Кармелита Гонзалес, Арон Хернан, Ана Берта Лепе
Последната промена е направена од Beauty на Нед Ное 16, 2008 4:31 pm. Мислењето е променето 2 пати. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Сре Сеп 10, 2008 11:12 pm | |
| Една од првите теленовели прикажани кај нас,ама би ја гледал пак,имаше интересна приказна,Јоланда Андраде просто блескаше во улогата на Софија де ла Хуерта | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Сре Сеп 10, 2008 11:22 pm | |
| Не сум ја гледал серијава | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Сре Сеп 10, 2008 11:39 pm | |
| Извонредна приказна, права драма, која воопшто не наликува на денешните мексикански со милион случки што имаат, изгубени деца, наследства и слично овде се знаеше, една приказна, една негативка....одлична серија!!!!! во тоа време многу ми наликуваше на Љубовни врски, можеби затоа што се даваше и во тоа време Немаше уопште спектакуларни откривања на вистини или умирачки на негативците се си беше онака смирено, полека, баш реално беше се | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Пет Сеп 12, 2008 11:58 pm | |
| Ja gledav serijata i vo toa vreme epten mi se svigase. Leonor ke ja izbrka Sofija. Se sekavam. Ne znam sto bi mislela za serijata ako ja gledam pak. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Сеп 13, 2008 3:01 am | |
| и пак серијава ќе ми биде најубава.ДРАМА права таа Леонор колку сум ја мразела на времето, многу ми беше жал за Софија само не знам на крај со кого остана Софија? со Ренато или со тој другиот? послдната сценабеше тие тројца, Софија , Ренато и новата љубов на Софија и Ренато ја праша И , за кого се одлучи,Софија? и оваа демек Да наздравиме, Ренато тоа не го сфатив | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Сеп 13, 2008 1:50 pm | |
| Leonor bese mnogu zlobna. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 1:29 am | |
| Една од најубавите теленовели според мене, колку сум сакала Софија и Ренато да останат заедно на крај, али не го сфатив крајот Тогаш бев уште мала, оваа теленовела беше меѓу првите и доста повозбудлива од тогашните теленовели, па затоа толку се нервирав додека ја гледав, стварно одлична серија со малку ликови и прецизна приказна | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 1:37 am | |
| Серијава ми стои бледо во глава како и горе приложените слики, а и сликата на телевизијата каде што ја даваа не беше сјајна така да не ја гледав ама онака во спомен ми стои како добра теленовела мајка ми ја гледаше! | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 1:49 am | |
| | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 1:55 am | |
| Што стана со таа телевизија? се преименува или ја голтна земјата? | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 1:57 am | |
| | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 2:00 am | |
| Ауу првпат слушам за ова, значи кај Алфа е сега оваа серија | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 2:01 am | |
| Не верувам, не знам...тешко да Алфа имаат такви серии кај нив, изгледа се е фрлено со распаѓањето на претхофната телевизија, фирма А ова се можеби и најинтересните серии од Телевиса, колку само убави серии од Телевиса имало, меѓу последните убави од Телевиса според мене се Свет на ѕверките, Љубовта е игра, после нив - - - - - ПОТОП! | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 2:20 am | |
| Стварно, порано ептен оригинални серии правеле кој ги купуваше МТВ1 ке останат во историјата | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 2:22 am | |
| Па нја МТВ беа најгледаните, али имаше преубави теленовели и на локалните, едноставнои првите серии беа најинтересни и не влечеа, сега е веќе се видено, но јас сепак очекувам нови тематики и нови теленовели кои повторно ќе ме освојат како порано | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Вто Јан 20, 2009 2:27 am | |
| Точно така, ова со римејк-манијата ке биде само еден бледо заборавен период и повторно ке дојдат нови содржини | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Јан 24, 2009 8:54 pm | |
| Kolku mi nedostasuva vremeto koga na MTV se prikazuvaa najubavite telenoveli. Aha spomeni. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Јан 24, 2009 11:31 pm | |
| Па добро на МТВ беа прикажувани најгледаните, затоа што МТВ беше тогаш најгледана, али тоа не значи дека на МТВ беа и најдобрите Во почетокот одлични теленовели одеа на локалните телевизии (Скриени страсти, Вдовицата на Бланко, Раузан, Пакита Гаљего, Заливот Акапулко, Инферно, Во туѓа кожа) Сега би сакала нашите локални место дфа купуваат венецуелски срања, да земаат колумбиски серии, не знам дали има сега серии само од РТИ, али може од Каракол, РЦН - па сигурно се малце поразлични и доста поинтересни од Венецуела и Мексико | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Јан 31, 2009 6:25 pm | |
| Која беше таа Во Туѓа Кожа | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Саб Јан 31, 2009 10:40 pm | |
| Во туѓа кожа беше серија со Кораима Торес,одеше на ТВ 96,пристојна серија,доста ја гледаа во тоа време,на почетокот на 2000-та | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Нед Фед 01, 2009 8:08 pm | |
| Jas taa serija Vo tuga koza ne ja imam gledano. So Coraima imam gledano samo 3 serii. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Чет Апр 02, 2009 12:32 pm | |
| Случајно на NyD наидов на одличен квалитет на SA (450 мб од епизода) и без размислување одлучив да ја симнам.Секојдневно повторно уживам во неповторливата глума на Чантал Андере и Јоланда Андраде.Оваа теленовела е класика!Сцените се уникатни и маестрално одглумени.Серијава просто ја обожавам.Телевиса денес може да учи како се прават теленовели од оние кои ги правеле во 90-тите. Well done, Mr. Castro | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Нед Мај 24, 2009 7:52 pm | |
| Денеска ја догледав последната епизода од серијава и морам да признаам дека одново ме одушеви. Денес Телевиса треба да земе пример за тоа што се добри и квалитетни серии од оние кои ги правела во 90- тите.Приказната на сите ни е добро позната, првите 15- тина епизоди се многу интерсени и задржуваат целосно внимание, понатаму малку се затупува дејствието, но сето тоа е направено со толкава смисла што дури и небитните сцени се интересни (како тоа што Глобо го прави денес). Серијата изобилува се преубава музика и ентериер на студијата, да не беа оние смешни костуми немаше ни да има разлика дека серијата е снимена во 90- тите. Првата средба на Ренато и Софија во галеријата Ленор е типична соуп негативка која обожуваш да ја гледаш. Крајот кога умира е доста оригинален. Сусана Гонзалес како Норма исто така е одлична. И на крајот Софија го избира Ренато, а не сликарот Мигел Анхел. Баш внимателно ја следв сцената и кога Мигел и вели :" Софија, тебе ти треба маж, избери помеѓу мене и Ренато" таа му вели "Ренато веќе се откажа од мене, не ми се јавил од смртта на Леонор",- а во гласот се осеќа каење и желба да е со него. Потоа кога доаѓа Ренато, Мигел ќе им пријде и ќе наздрави за тоа дека Софија треба да донесе битна одлука вечерва, а таа ја подигнува чашата и му наздравува на Ренато, што значи дека го одбрала него. Генијална новела . Сега веќе одкако ја изгледав идам да гледам нова Телевисина класика, Acapulco cuerpo y alma. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 Нед Мај 24, 2009 9:38 pm | |
| Ау, Скриените страсти И јас се сеќавам на крајот кога ќе наздрават, мислам на изложба некоја ќе биде тоа, али сепак не е баш 100% сигурно дека му се враќа на Ренато. Иначе знам дека тоа што најмногу ја повреди Софија во серијата беше недовербата од Ренато, непотребната љубомора и се сеќавам дека која ја избрка од куќата, ја нарече ороспија. Од тогаш го научив тој збор Серијата беше преубава и на времето многу ме потсетуваше на Љубовни врски, баш заради сестрите, мирната топла семејна атмосфера во почетокот, куќната помошничка, пансионот, премногу случајности и сличности. Софија и Ренато се меѓу најубавите парови на сите времиња, и во текот на целата серија навивав з анив, и не знаете колку бев вознемирена кога тој во пансионот (Марио Цимаро го глумеше, мислам Рамиро се викаше, соучесникот на Ракел) ја бакна Софија, тоа беше кај нас епизода во петок и не можев да чекам до понеделник да видам што ќе се случи Јовица, ќе може д аме потсетиш што се случи откако Ренато ја избрка Софија од куќата и како она се најде во пансионот, ја најдоа една вечер, нели? Исто се сеќавам дека имаше некои крадци во пансионот, али не знам зашто беа, од Ракел беа мислам, али ќе ме потсетиш за што дојдоа? И знам дека убија некого, нели? И што е најбитно во овие стари серии го нема тој одвратен мексички хумор од кој ми се повраќа, едноставно во текот на целата серија бев вознемирена и постојано навивав за Софија и Ренато, и се плашев од Леонор, која ме потсетуваше на Марија Пола. Сакам спомени, предизвикуваат носталгија и некоја пријатна убавина. Иначе, Јовица, нели Љубовни врски ќе ја гледаше, а сега излезе Акапулко? Па Сортилехио доаѓа наскоро, не ти треба Акапулко, мое мислење | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 | |
| |
| | | | SENTIMIENTOS AJENOS, Televisa|1996 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|