Moја љубена е мексиканска романтична теленоевла со примеси на трилер и мистерија, продуцирана од Анхели Несма Медина во 2003 година. Насловната нумера "Niña Amada Mía" ја исполнува Алехандро Фернандез.
Серијата е римејк на венецуелските теленовели "Las Amazonas" и "Quirpa de tres Mujeres"
МОЈА ЉУБЕНА - NINA AMADA MIAГодина на прикажување во Мексико: 2003Епизоди: 109Клементе Сориано е моќен и бескруполозен човек, кој има се во животот: милионер е, има три преубави ќерки, лојални работници и е оженет со атрактивната млада секретарка Карина. Богатиот, цврст и тврдоглав земјопоседник останал вдовец додека неговите ќерки била доста мали, па затоа сега најголема желба му е тие богато да се омажат и да му подарат потомство. По смртта на нивната мајка, за Исабела, Дијана и Каролина се грижела домаќинката Паз. Единствена опасност за семејството, Паз гледа во Карина, која ја смета за опортунистка која ги сака само парите на дон Клементе. Без да обрнуваат внимание на сплетките на Карина и на желбите на татко им, трите млади девојки водат сосема независен и слободен живот.
Најстарата ќерка Исабела е гордоста на дон Клементе, таа е племенита и горда, виситински борец која неколебливо и решително се занимава со бизнисот на нејзиниот татко. Таа единствено не може да му ја прости женачката на татко и со Карина. Исабела е во врска со тренерот на коњи - Сезар, но еден ден таа го запознава Виктор Изагере, новиот ветеринар кој е дојден на имотот. Двајцата се вљубуваат без разлика на старостната разлика во годините и без разлика на нивната љубовна подлога која ја имаат зад себе. Исабела го остава Сезар пред олтар, а Виктор не е се уште разведен од неговата жена Консуело со која има две деца - Пили и Химена. Големи проблеми во врската на Исабела и Серхио ќе им создава Сезар кој не сака да се откаже од богатството на Исабела, како и Карина, која е опсесивно вљубена во Серхио и ќе прави сплетки за да го фати во замка. Серхио ќе падне на тие сплетки на Карина и откако ќе дознае за нееврството, Исабела се разочарува, но гордо го поднесува поразот иако душевно претрпува голема болка. Истовремено Исабела ќе дознае некои тајни кои ќе ја натераат да се посомнева во нејзиното вистинско потекло.
Дијана, средната ќерка на дон Клементе се вработува во архитектонска компанија, по завршувањето на средното училиште. Таму влегува во врска со дупло постариот шеф Октавио Уриарте, смртниот непријател на нејзиниот татко. Двајцата се вљубуваат, иако дон Клементе ќе се обиде да ја уништи нивната љубов. Поради тоа семејно ривалство меѓу Сориано и Уриарте, Дијана и Октавио се разделуваат и тој се жени со друга девојка.
Соријано и Уриарте се непријатели веќе 28 години. Семејството Уриарте го обвинуваат Клементе за убиство на Сервандо Уриарте за да го земе неговиот имот, а сето тоа се случило откако се родила Исабела. Единствена која знае што се случило пред толку години и која ќе влијае на вистината е дадилката Паз.
Каролина е најмладата ќерка на дон Клементе, која се враќа од студирање во странство и е спремна да ја задоволи желбата на татко и и да се омажи за богатиот Рафаел. Но, откако доаѓа на татковиот имот, таа се вљубува во Пабло, еден од работниците. Мислејќи дека заслужува подобро, дон Клементе измислува страшна лага дека тие се брат и сестра и ја тера Каролина да се омажи за Рафаел.
Со тоа дон Клементе станува негативецот во приказната, несвесно обидувајќи се да им наметне свои правила на сопствените ќерки. Но, тие ќе застанат против него и ќе одлучат да се борат за среќата за да бидат заедно со своите вистински љубови.
Улоги: Kaриме Лозано, Серхио Гојри, Ерик дел Кастиљо, Лудвика Палета, Мерцедес Молто, Роберто Палазуелос,
Јулијана Пениче, Исаура Еспиноза, Мајрин Вилануева, Хулио Манино