|
|
| VELO DE NOVIA, Televisa|2003 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Пет Дек 05, 2008 7:43 pm | |
| Невестински превез е мексиканска романтична теленовела со Едуардо Сантамарина и Сузана Гонзалес, кои беа партнери и во серијата, но и во приватниот живот. Серијата е дело на Хуан Осорио Ортиз, кој и за оваа серија подготви режија на едно чудно и апсурдно сценарио за љубовта, животот и смртта. Невестински превез – Velo de novia, de corazon a corazon Земја на потекло: Мексико Година: 2003 Епизоди: 135Андреа Паз е преубава млада жена, со многу волја за животот, но за жал има срцева маана. Живее со својата завидлива сестра и својот татко Филемон, кој го крие минатото за вистинската мајка на Андреа. Андреа работи како дизајнерка и моментално го дизајнира венчалниот фустан за амбициозната и посесивна Ракела Виласењор, која треба да се мажи за богатиот Хосе Мануел дел Аламо. Но, по се изгледа таа венчаница нема да ја носи Ракела, затоа што Хосе Мануел е вљубен во Анхелес, сестрата на Ракела. Милата и невина Анхелес го сака Хосе Мануел, но се плаши затоа што таа љубов е забранета. Сосема случајно Анхелес загинува во сообраќајна несреќа, а истовремено Андреа добива инфаркт и е на работ на смртта. Во болницата, за да го спасат животот на Андреа, лекарите го пресадуваат срцето на Анхелес во Андреа. По смртта на саканата, Хосе Мануел е несреќен и огорчен, се до моментот кога ќе ја запознае Андреа, не знаејќи дека таа е личноста која го има срцето на Анхелес. Андреа и Хосе Мануел ќе мора со сите сили да се борат за својата љубов, најмногу против злобната Ракела (која не може да го препушти Хосе Мануел на друга), таткото на Ракела-Асаел (кој ја мрази жената која го зела срцето на неговата мртва ќерка) и против доња Рикарда (мајката на Хосе Мануел, која не ја сака сиромашната Андреа за снаа). Првиот дел за невестинскиот превез на Андреа не завршува убаво. На самата венчавка на Андреа и Хосе Мануел, доаѓа Рикарда и го убива сопствениот син, наместо Андреа. По смртта на Хосе Мануел, несреќната и разочарана Андреа одлучува да се пресели во Мексико Сити со својата мајка која ја пронајде по толку години, својата полусестра и пријателката Вида. Таму започнува да студира медицина и се вработува како медицинска сестра во болница. Ракела, нејзината голема непријателка исто така се сели во Мексико Сити кај својата злобна тетка Енрикета дел Морал и братучедот Артуро. Таму Ракела се запознава со Хорхе Роблето, кој е идентичен на Хосе Мануел, се вљубува во него и двајцата стануваат пар. Еден ден, откако се враќа од работа, Хорхе ја запознава Андреа и се вљубува вистински во неа, а Андреа не може да поверува дека Хорхе е двојник на нејзината најголема љубов. Во Андреа се вљубува и Артуро, но срцето на Андреа постепено сфаќа дека му припаѓа на Хорхе, иако самата си вети дека никогаш нема повторно да сака како што сакала. Ракела дознава дека Андреа повторно е на прагот да и го земе свршеникот, па затоа се здружува со својот братучед Артуро за да ги разделат вљубените Хорхе и Андреа. Андреа повторно ќе поминува низ пекол на лаги, интриги и препреки, поставени од Ракела, Артуро и таткото на Ракела, но нејзината љубов кон Хорхе е посилна од се. Артуро цело време и се наметнува и ја прогонува Андреа се до моментот кога во самоодбрана ќе биде убиен од Андреа, која ќе го попречи да ја силува...Тогаш Андреа е уапсена и пратена во затвор, каде завршува и нејзината непријателка Ракела. Доња Енрикета ќе се бори да ја осудат Андреа, но Андреа до самиот крај ќе има целосна љубов и подршка од Хорхе, мајка и, Вида и пријателите за да на крајот конечно го стави невестинскиот превез пред олтар и биде среќна. Улоги: Сузана Гонзалес, Едуардо Сантамарина, Синтија Клитбо, Елизабет Алварез, Лилиа Арагон, Серхио Аркета, Рајмондо Капетиљо, Ниурка | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Пет Дек 05, 2008 8:26 pm | |
| Исто така еден од поголемите циркуси на Осорио, серија во која преовладуваа убиства, судења во затвор, леле триста работи имаше, па кога ќе ми текне на епизодите кога Андреа ќе ја осудат во затвор , али кога ќе се сетам на тие серии порано кои што ги гледав т.н циркуси, единствена светла точка кај Осорио е што прави ЗАРАЗНИ ЦИРКУСИ серии и затоа имаат голема гледаност | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Пет Дек 05, 2008 8:31 pm | |
| ете, конечно вистинскиот збор, боби, и за мене овие циркузи на Осорио се заразни, не знам зашто, али јас ги гледам и ми се допаѓаат јас од серијава ја гледав смао 1 епизода и после се вклучив дури откако Хозе мануел беше убиен, значи во вториот дел од серијата и го изгледав тој дел цел И овде значи како во сите на осорио, има 2 дела, не занм дали сте приметиле Многу ми беше тогаш чудно што умре главниот машки лик и тоа сопствената мајка го уби, што дотогаш и немав видено во ниедна серија, така да отсега и ништо не ме чуди ако има во сериите на Осорио одличен пар беа Сузана и Едуардо во секој случај, одлиучна негативка беше Ракела, како и да е, ИНТЕРЕСНА серија и во никој случај лоша според мене | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Пет Дек 05, 2008 8:39 pm | |
| Јас гледав од 1 па се до 135 со мали прекини, инаку нели се емитуваше и на Канал 5?! | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Пет Дек 05, 2008 8:47 pm | |
| Да, се емитуваше и на канал 5 откако одеше на локалните од 19 јас не знам зашто канал 5 даваа 3-4 серии кои веќе оделе на локалните, не сфаќам | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Саб Дек 06, 2008 4:47 pm | |
| Serijava ja gledav . Na lokalna mi se cini. Na snimanjeto na serijava Eduardo I Susana ja pocnaa vrskata. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Саб Дек 06, 2008 4:48 pm | |
| A ти се свиѓаше сериојава? зашто мислам дека и тебе како и на мене најомилен режисер ни е Осорио | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Саб Дек 06, 2008 4:52 pm | |
| Da, mi se svidgase samo ne mi se dopadna mnogu toa so smrtta na Hose Manuel i pojavuvanjeto na Horhe. Da, mnogu pocnav da go cenam Osorio otkako ja gledav TEEP no sepak omilen mi e Salvador. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Чет Јун 25, 2009 10:37 pm | |
| серијава ја имаше на канал5 н а баш убава беше серијава мн ми се допаѓаше а баш саав андре да не умре беше премногу убава |
| | | STAR Член
Број на мислења : 243 Registration date : 2009-08-13
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 Чет Aвг 13, 2009 4:46 am | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: VELO DE NOVIA, Televisa|2003 | |
| |
| | | | VELO DE NOVIA, Televisa|2003 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|