Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeVANESSA, Televisa|1982 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 VANESSA, Televisa|1982

Go down 
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

VANESSA, Televisa|1982 Empty
ПишувањеПредмет: VANESSA, Televisa|1982   VANESSA, Televisa|1982 I_icon_minitimeСре Јун 16, 2010 2:28 am

VANESSA, Televisa|1982 Vanessa33

Ванеса е мексиканска теленовела, продуцирана во далечната 1982 година од Valentín Pimstein, продуцентот на класиките на Талија и Вероника Кастро. Во главната улога настапува Лусија Мендез чии партнери во серијата се Хектор Бониља и Рохелио Гера.
Приказната зборува за една девојка која сака да работи во светот на модата, а серијата остана запаметена по финалето во кое главната јунакиња Ванеса умира.
Насловната нумера "Vanesa" ја изведува Bebu Silvetti.


ВАНЕСА - VANESA
Епизоди: 120


Ванеса Рејес е млада убава и сиромашна девојка која живее со нејзиниот татко Хосе де Хесус и нејзиниот брат Хуан кои работат како железничари, па така нивната куќичка се наоѓа покрај местото каде поминуваат возовите. Со цел да помогне во семејната егзистенција, Ванеса се вработува во фабриката за текстил на дона Сесил Сан Мишел, моќна и успешна жена во светот на бизнисот која живее во огромна вила заедно со нејзините внуци Пјер и Лусијано. Пјер и Лусијано се братучеди кои по смртта на нивните родители биле одгледани од нивната баба Сесил. Двајцата се во постојани конфликти поради неможноста да најдат никаков компромис околу работите, што се должи на нивните спротивни карактери. Пред општествените кругови, Пјер е оној добриот, вреден, добро образован, пристоен и културен, додека пак Лусијано е прав пјебој, оној кој се смета за незрел и неодговорен и кој се предал на лесен убав живот. Но реалноста е сосем друга - Пјер е болно амбициозен и посесивен, а Лусијано е добар и емотивен. Пјер е љубоморен на братучед му затоа што бабата го преферира повеќе Лусијано и сака да вложи во него и да го направи одговорен, а тоа на Пјер му пречи бидејќи не сака наследството да го дели со Лусијано.
Во фабриката, Ванеса се запознава со Пјер и се вљубува во него, заслепена од неговите добри зборови и благородното однесување. Пјер си поигрува со чувствата на милата девојка и покрај тоа што таа искрено го сака и целосно му се предава. Ванеса станува блиска пријателка и со Лусијано кој се вљубува во неа. Ванеса дознава дека е бремена, но целосно се разочарува кога Пјер ќе ја напушти не признавајќи и го детето. Пјер ја брка од фабриката, а Лусијано се обидува со сите сили да ја најде и да ја подржи девојката во која се вљуил.
Од друга страна злобниот Пјер прави опасен план со бескруполозниот доктор Сервин и менаџерот на фабриката Вагнер за да и го земат наследството на дона Сесил. Докторот му дава лекови на Пјер кои предизвикуваат лажни симптоми за болно срце, па така Пјер и ги дава тие лекови на баба му и ја убедува дека е болна и дека ќе умре. Лусијано во меѓувреме ја наоѓа Ванеса која има проблем и со брат и кој е болен, па така Лусијано им помага и ги носи на лекар каде му е дијагностициран дијабетес на братот на Ванеса. На истиот лекар, Лусијано ја носи и баба му Сесил каде се востановува дека дона Сесил е комплетно здрава. Од тој момент, Лусијано започнува да се сомнева во намерите на Пјер иако нема за ништо докази. Лусијано решава воедно да и помогне на Ванеса и да му го даде презимето на син и така што ќе се ожени со неа. Ванеса го прифаќа предлогот, се мажи со Лусијано и така доаѓа во богатата вила каде дона Сесил топло и раскошно ги пречекуваат и неа и нејзиното детенце. Интригите и сплетките на Пјер продолжуваат. Тој е решен со сите можни сили да ги раздели Ванеса и Лусијано и да го добие наследството од баба му, па така кова лажни заговори против Лусијано, обвинувајќи го дека е крадец и убиец. Ванеса го напушта Лусијано откако ќе го затекне како се бакнува со Луиса, девојка која е вљубена во Лусијано, а сето тоа е наместено од Пјер и слугинката елса која потпаѓа под лагите и шармот на Пјер па му стаува соучесничка. Понатака Лусијано сакајќи да им докаже на сите дека знае да работи, а воедно сакајќи да биде близу и до Ванеса, се вработува во железницата заедно со татко и на Ванеса, но доживува несреќа и останува паразизиран. Постепено открива за сите зла кои ги направил Пјер, за крадењето на пари во фабриката и за убиството за кое тој бил обвинет. Пјер дознава дека не е законски внук на дона Сесил и во комплетно бунило и разочараност, се расправа со сите во куќата и во дворот ја сретнува Ванеса и пука во неа. Ванеса умира во прегратките на Лусијано оставајќи ја ќеркичката во негови раце.
Лусијано останува со Луиса и со ќерката на Ванеса. Во последната сцена, Лусијано му кажува на девојчето дека никогаш нема да сака никого како што ја сакал мајка и Ванеса.


Улоги: Lucía Méndez, Héctor Bonilla, Rogelio Guerra, Isabella Corona, Angélica Aragón, Antonio Brillas, Alejandro Camacho, Pedro Juan Figueroa, Carlos Camara, Ana Silvia Garza, Emilio Gaete, Patricia Ancira
Вратете се на почетокот Go down
 
VANESSA, Televisa|1982
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» CHISPITA, Televisa|1982
» ESMERALDA, Televisa|1997
» SORTILEGIO, Televisa|2009
» LA OTRA, Televisa|2002
» ROSALINDA, Televisa|1999

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Мексико-
Отиди до: