Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLA OTRA, Televisa|2002 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 LA OTRA, Televisa|2002

Go down 
+4
gaby
Chris
LucasScott
Beauty
8 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 3:36 am

LA OTRA, Televisa|2002 Laotra7fr

Другата е романтична теленовела која и покрај малиот рејтинг во Мексико, сепак е избрана за најдобра мексиканска теленовела во 2003 година на престижните TVyNovelas Premios каде доби награди и за најдобар главен актер (Хуан Солер), најдобра главна актерка (Јадира Кариљо) и најдобра сценографија. Насловната песна "La Otra" ја изведуваат Benny Ibarra и Edith Márquez, продуцент на серијата е веќе покојниот Ернесто Алонсо, а приказната е напишана од Лилиана Абуд. Со помал успех, серијата беше исто така прикажувана и во дел од балканските земји.


ДРУГАТА - LA OTRA
Земја на потекло: Мексико
Година: 2002
Епизоди: 90


Карлота Гиљен живее во Керетаро со мајка и Бернарда и сестра и Еухенија. Карлота студира музика, а Еухенија сметководство. Бернарда повеќе ја сака и фаворизира Еухенија, а Карлота ја смета за бескорисна и не очекува ништо од неа. И двете сестри живеат под строги наложени правила и начела од нивната амбициозна мајка и претставуваат затворенички во сопствениот дом. Бернарда е наизглед почитувана и примерна жена, но таа всушност била љубовница на Леополдо, богат човек од Гвадалахара. Карлота е ќерка на Бернарда и полусестра на Рамон, единствениот легален и законски признат син на дон Леополдо. Роман открива дека неговиот татко го поделил наследството на него и на ќерките на Бернарда, па затоа подготвува одмазда и не дозволува под никакви услови тоа да се случи. Бернарда знае дека кога ќе се омажат нејзините ќерки, таа ќе мора да им го даде нивниот дел од наследството од покојниот дон Леополдо и затоа чувствува голем страв да не ја загуби контролата на парите. Поради таа апсурдна причина, таа е против секој маж кој ќе им се доближи на нејзините ќерки и не дозволува никако да се омажат.
Карлота го запознава младиот доктор Алваро Ибањез и двајцата се вљубуваат. Алваро е од Мексико Сити и има помлад брат, Адријан кој е посвоен брат во семејството Ибањез. Иако родителите на Алваро секогаш воделе подеднаква грижа за двајцата синови, сепак злобниот Адријан чувствува голема омраза и гнев кон Алваро. Алваро и Карлота се среќни заедно, планираат венчавка, но се во постојан страв да не ги открие злобната Бернарда. Сепак Бернарда ги открива, се спротиставува, но со тек на време им дозволува да се венчаат криејќи ја нејзината задна намера зад таа дозвола.
Од друга страна, несреќна судбина ја прати и другата ќерка на вдовицата Бернарда Гиљен. Роман ја заведува и забременува Еухениа, сестрата на Карлота. Откако за тоа дознава Бернарда, ја испраќа Еухенија со слугинката Томаса во едно мало гратче да се породи. Таму Еухенија го запознава Сантос и се мажи за него. Но Еухенија се разболува, а Бернарда ја лаже дека Роман е нејзиниот полубрат со што предизвикува ќерката да умре побрзо. Откако ќе го роди детето, Еухенија умира обвинувајќи ја мајка и за нејзината несреќа, но пред тоа бебето му го дава на Сантос кој вистински научи да ја сака и почитува. Телото на Еухенија и е дадено на Бернарда и лошата Бернарда го лаже Алваро дека таа што умрела е всушност Карлота со цел да ги раздели двајцата вљубени. Бернарда му вели на Алваро дека телото на Карлота наводно не може да се препознае затоа што изгорело во некоја несреќа. Бернарда ја лаже и Карлота дека Алваро ја напуштил, со што и втората ќерка ја онесреќува. Карлота е целосно разочарана од раните кои и ги нанесе животот, оставајќи ја без саканиот и без сестрата, па затоа се обидува и да се самоубие. Поради измама, Алваро мисли дека Карлота е онаа ќерка на Бернарда која умрела и целосно потиштен и депресивен решава да замине да живее со родителите на нивната хациенда во селското место Моралес. Таму ја запознава Корделија Португал, која физички е идентична со Карлота и затоа Корделија, злоупотребувајќи ја таа сличност, решава да го завземе местото на Другата во срцето на Алваро. Злобната Корделија ги сака парите на семејството Ибањез и по секоја цена решава да се омажи со Алваро...

Улоги: Јадира Кариљо, Хуан Солер, Серхио Сендел, Жаклин Андере, Мануел Охеда, Хорхе Варгас, Хулио Брачо, Алехандро Авила, Азела Робинсон


Последната промена е направена од Beauty на Сре Фед 04, 2009 4:23 am. Мислењето е променето 3 пати.
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 3:41 am

Бравос за темава Дани,la Otra е ена од моите топ 10 омилени теленовели било кога.Јадира Кариљо е маестрална во глумата на близначките Карлота и Корделија.Серијата е исполнета во секој сегмент,изобилува со преубава локации,со одлични глумци,генијално сценарио и преубава музика,посебно онаа на Бени Ибара и Едит Маркез LA OTRA, Televisa|2002 722953 LA OTRA, Televisa|2002 722953 LA OTRA, Televisa|2002 722953 LA OTRA, Televisa|2002 722953 Цела теленовела ја проголтав некаде за месец дена и страшно ми фалеше кога заврши.Ова е теленовела која ретко се гледа.Би ја вброил во редот на теленовели како Љубовни врски,Прегрни ме цврсто,Есмералда,Росалинда...Преубаво дело на покојниот Ернесто Алонсо LA OTRA, Televisa|2002 433111
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 35
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 2:49 pm

Колку интересна приказна еј, првпат читам за оваа серија и баш сакам да ја изгледам,а и 90 епизоди не се многу LA OTRA, Televisa|2002 996773 можеби и некој ден ке ја симнам LA OTRA, Televisa|2002 263671, а за Јадира мислам и не треба коментари, според мене една од најубавите Латиноамерикански глумици!
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 3:56 pm

Јадира е преубава,дефинитивно една од најубавите актерки и најталентирана,воедно LA OTRA, Televisa|2002 722953
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 9:34 pm

Е вака сега, најпрвин да кажам дека добропознатата за нас уредничка и новинарка во А1 за серии уште пред 4-5 години најави дека мексиканската серија ДРУГАТА наскоро ќе ја следиме на фреквенцијата на А1, но ништо од тоа, а тогаш не знаев за оваа серија, скоро дознав
Одлична содржина, класика мексиканска, а сигурно би бил уште поголем впечатокот да ја изгледав, сега добив желба наскоро, летово цела да си ја симнам
Иначе очекував позитивни коментари од Lucascot зашто претпоставив дека ја има само он гледано на форумов
Имам неверојатна желба да гледам една од триве теленовели на Ернесто Алонсо - Другата, Лавиринти на страста или Препреки на љубовта (каде пак глуми Јадира)
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 9:51 pm

Јас ги имам гледано Laberinotos de pasiones,Antorcha encendida,La otra и Amarte es mi pecado од Дон Ернесто и сите четири серии се просто речено генијални.Штета што кај нас никоја ТВ куќа не се заинтересира за некоја од неговите теленовели.Голем промашај.
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 9:56 pm

Требаше порано да се откупуваат тие серии, сега многу тешко, не оти мислат телевизииве дали се добри, гледаат стари се и затоа не откупуваат
Место на времето да се откупуваат серии од типот на Перла, Повторно вљубени требаше вакви серии да одат
А им беше во план на А1 - ДРУГАТА, пишав горе дека пишуваше во едно од списанијата на А1 порано дека наскоро мексиканската серија од Телевиса - Другата ќе сме ја гледале на А1
Вратете се на почетокот Go down
gaby
Успешен Член
Успешен Член
gaby


Female Број на мислења : 861
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-30

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 10:54 pm

Se slozuvam za Jadira samo nekako telenovelite so nea kako da ne zaobikolija nas.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 35
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Фед 04, 2009 11:54 pm

Кај нас нема ни една теленовела прикажана со неа во главна улога, ја видовме само со споредна улога во Руби, ако не грешам LA OTRA, Televisa|2002 272815
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Posh Girl
Топ постер
Топ постер
Posh Girl


Female Zodiac : Sagittarius Број на мислења : 3132
Birthday : 1990-12-08
Age : 33
Registration date : 2008-08-19

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Фед 08, 2009 10:20 pm

Chris напиша:
Кај нас нема ни една теленовела прикажана со неа во главна улога, ја видовме само со споредна улога во Руби, ако не грешам LA OTRA, Televisa|2002 272815

Da, jas voopsto do pred nekoe vreme ne ni znaev deka imala glumeno vo glavna uloga nekade.
Вратете се на почетокот Go down
solange
Топ постер
Топ постер
solange


Male Број на мислења : 4033
Registration date : 2008-08-19

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Фед 08, 2009 10:35 pm

I jas...
Grdicka e LA OTRA, Televisa|2002 871427
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Фед 08, 2009 11:39 pm

Мене не ми е грда, баш е префинета како глумица
Вратете се на почетокот Go down
angeli
Член
Член
angeli


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 216
Birthday : 1995-08-07
Age : 29
Registration date : 2008-12-21

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Фед 08, 2009 11:58 pm

Супер е серијава мислам дека негде слушнав за неа LA OTRA, Televisa|2002 983662
Вратете се на почетокот Go down
Posh Girl
Топ постер
Топ постер
Posh Girl


Female Zodiac : Sagittarius Број на мислења : 3132
Birthday : 1990-12-08
Age : 33
Registration date : 2008-08-19

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСаб Фед 14, 2009 3:11 pm

I mene ne mi e grda.
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Јун 28, 2009 2:05 pm

Дани, шо бидна со серијава? Почна да ја гледаш или ја батали? Пиши коментар ако гледаш.
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeНед Јун 28, 2009 3:01 pm

Ја симнав првата епизода и ја изгледав. Ај што ме измачи симнувањето, нема врска.
Серијата е интересна, не знам зашто али мене по некои длеови или глумци ме потсетува на Маќеа и Потра, особено делот со кафанчето во градот итн.
А Бернарда и роднината со не ашто живее, мислам Фабијана се викаше (Ана Солис од Љубовни врски) ме потсетуваат на Алба и Кармела од Маќеа LA OTRA, Televisa|2002 327923 Јадира Кариљо поубава е како Кордфелија, како Карлота не ми се допаѓа. Сестра и е исто симпатична и добра, али Жаклин Андере LA OTRA, Televisa|2002 722953 Можеби негативките ги толкува пренагласено, али стварно е одлична, немам зборови. Само не ми е јасна таа опсесија она да си го зачува наследството, а ќерките да не се омажат со што би го добиле наследството, која е логикава тука на една мајка? LA OTRA, Televisa|2002 77841 Јадира и Солер ќе бидат интересен пар.
Серхио Сендел, повтопрно истата улога како секогаш, сериозен, преварант, главен негативец LA OTRA, Televisa|2002 59433
Дали можеби Корделија и Адријан (Серхио Сендел) ќе бидат главните негативци, воедно и љубовници, така би требало?
Интересна приказна во секој случај, би било преубаво да се давала кај нас, знам дека во Хрватска, Србија се има давано без некој значаен успех.
За симнување, засега не знам, нема да ја симнувам, ми одзема време многу, али не се знае, може после одмори ќе одлучам да проба,м и со повеќе епизоди.
Али серија како серија е доста пристојна со содржина, но сепак оваа атмосфера и дејство ни се веќе и те како видени
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 3:19 am

Деновиве ја набавив скратената верзија и не можев да одолеам, и повторно седнав да ја гледам серијата. Предемалку без трепет изгледав час и половина од првиот диск на La Otra (вкупно се 6).
Прво морам да изразам огромен респект на тоа како визуелно е работено ДВД менито. LA OTRA, Televisa|2002 586438 Генијално, секоја чест. Сликата е преквалитетна, саундот исто така (со исклучок на едниот ист инструментал кој го даваат кога се во сцена Карлота и Алваро). Исто така самиот диск има и англиски превод што е бонус.
Значи, кој ја нема гледано серијава, под итно да си ја набави. LA OTRA, Televisa|2002 547482
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 1:18 pm

LucasScott напиша:
Деновиве ја набавив скратената верзија и не можев да одолеам, и повторно седнав да ја гледам серијата. Предемалку без трепет изгледав час и половина од првиот диск на La Otra (вкупно се 6).
Прво морам да изразам огромен респект на тоа како визуелно е работено ДВД менито. LA OTRA, Televisa|2002 586438 Генијално, секоја чест. Сликата е преквалитетна, саундот исто така (со исклучок на едниот ист инструментал кој го даваат кога се во сцена Карлота и Алваро). Исто така самиот диск има и англиски превод што е бонус.
Значи, кој ја нема гледано серијава, под итно да си ја набави. LA OTRA, Televisa|2002 547482

Како ли да ти ги украдам сите серии LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632

Може да се договориме некој ден да ми ги изрежеш сите LA OTRA, Televisa|2002 24632
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 35
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 3:09 pm

LA OTRA, Televisa|2002 942774 Влези му преку прозор LA OTRA, Televisa|2002 24632
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 3:35 pm

LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632
Инаку јас ја гледав првата епизода како што имам напишано и да ви кажам дека се разбрав што зборуваа, мексиканскиот изгледа е најлесен за разбирање. Има класична и интересна содржина серијава, но искрено не би ја симнувала повеќе.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 35
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 6:36 pm

Јас ги разбирам сите "видови" на шпанскиот, најтешко ми одеше аргентинскиот ама со Sos Mi Vida, Casi Angeles и Lalola го усовршив
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeЧет Дек 03, 2009 12:51 am

Beauty напиша:
LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632
Инаку јас ја гледав првата епизода како што имам напишано и да ви кажам дека се разбрав што зборуваа, мексиканскиот изгледа е најлесен за разбирање. Има класична и интересна содржина серијава, но искрено не би ја симнувала повеќе.

Значи не можам да сватам, ама никако, како некој луѓе пресудуваат серија по само една изгледана епизода???
Еве конкретно La Otra е серија чие дејствие започнува тек по 20 епизода, значи се се менува, не може да биде исто како првата епизода, бидејки тоа е само вовед.
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeЧет Дек 03, 2009 1:10 am

Па добро, кажав само за 1 епизода дека интересно ми делуваше почетокот на приказната. Прва и (засега) единствена епизода симната од теленовела, па затоа и сум дала коментар.
Не реков дека е досадна, добра, лоша и слично, туку реков дека поради немање можност да симнувам толкави серии, затоа и нема да продолжам да ја симнувам. Ова беше еден мој дамнешен обид да видам како изгледа симната епизода
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 35
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeЧет Дек 03, 2009 1:12 am

Па баш од ова најде првпат да симнеш LA OTRA, Televisa|2002 13862

веројатно е исто како невиноста да ја изгубиш со истрошен старец LA OTRA, Televisa|2002 136792
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitimeЧет Дек 03, 2009 1:15 am

Споредбава? LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 Немам коментар, се крстам од ден на ден со форумскиве изјави LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632 LA OTRA, Televisa|2002 24632
Па зашто го симнав ова за проба? Затоа што бев сигурна дека мексиканска ќе симнам за да го разберам јазикот најдобро, потоа одамна ме влечеше оваа серија како една класика, а ме заинтригира и додека ја преведував.
Воедно тука глумат Солер, Жаклон Андере, Јадира Кариљо, за мене сосем ОК глумци, сосем солидни глумци.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





LA OTRA, Televisa|2002 Empty
ПишувањеПредмет: Re: LA OTRA, Televisa|2002   LA OTRA, Televisa|2002 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
LA OTRA, Televisa|2002
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» AMAR OTRA VEZ, Televisa|2003
» CLASE 406, Televisa|2002
» LAS VIAS DEL AMOR, Televisa|2002/03
» ENTRE EL AMOR Y EL ODIO, Televisa|2002
» LA OTRA * 089/089

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Мексико-
Отиди до: