|
|
| CHISPITA, Televisa|1982 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: CHISPITA, Televisa|1982 Саб Мар 07, 2009 2:34 pm | |
| Чиспита е мексиканска теленовела од 1982 година која главно обработува приказна во која децата ја имаат доминантната улога. Серијава е римејк на серијата " Андреа Селесте" каде главната улога ја толкуваше Андреа дел Бока (Антонела), а во 1996 година Телевиса направи уште еден римејк на серијата кој овој пат се викаше "Луз Кларита". Насловната нумера "Chispita" ја исполнува Timbiriche. Главните улоги ги толкуваат Ангелика Арагон, Енрике Лизалде и Лусеро, која дебитира во светот на теленовелите со улогата на Чиспита. ЧИСПИТА - CHISPITAЗемја на потекло: МексикоГодина: 1982 Приказната зборува за едно девојче сираче кое ќе помине низ многу возбудливи авантури и длабоки страдања за да на крајот ја пронајде својата мајка на сосем неочекувано место. Марија Луиса и нејзиниот сопруг доживуваат сообраќајна несреќа, тој умира, а најлошото за Марија Луиса е што го губи сеќавањето и не може да се сети на ништо, па дури ни на името. Марија Луиса не се сеќава дури ни дека има ќерка. Затоа што формално малата Изабел останува сираче, отец Еухенио ја носи во сиропиталиште каде живее и расте добивајќи го прекарот Чиспита. Таму Чиспита ја запознава негувателката Луција, која е вусшност Марија Луиса, нејзината вистинска мајка, но и двете не се свесни за таа коинциденција. Мајката и ќерката живеат заедно во сиропиталиштето на свештеникот Еухенио, а не се свесни за врската која ги поврзува... По неколку години, богатиот и почитуван вдовец дон Алехандро ја засакува 13-годишната Чиспита и решава да ја посвои и ја носи во неговата куќа каде живее со синовите Хуан Карлос и Лили. Во новиот дом, Чиспита ја запознава и слугинката Глорија во која препознава пријателка. Чиспита се спријателува и со Хуан Карлос, но не и со другиот син Лили и со тетка Ирене кои сакаат да ја исфрлат Чиспита од домот обвинувајќи ја дека е натрапничка која им ги одзема парите и грижата на дон Алехандро. Малата Чиспита сфаќа дека сето ова се случува затоа што е сираче на кое многу и недостасува мајчинската љубов, а посебна љубов токму препознала во учителката Луција и затоа постојано се враќа во сиропиталиштето за да биде со неа. Тогаш се појавува и Берта, сестрата на Марија Луиса која стапува во контакт со нејзината внука Чиспита и решаваат заедно да ја побараат Марија Луиса, за која мислат дека не е мртва. Само љубовта кон мајката е она која ќе ја натера Чиспита да го издржи трнливиот пат за да го оствари својот животен сон и ја запознае својата вистинска мајка. Улоги: Лусеро, Анхелика Арагон, Енрике Лизалде, Леонарадо Даниел, Роксана Чавез, Наилеа Норвинд, Летисија Калдерон, Артуро Пениче, Роберто Соса | |
| | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Саб Мар 07, 2009 3:07 pm | |
| Ja znam pesnata od Timbiriche | |
| | | gaby Успешен Член
Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Саб Мар 07, 2009 5:05 pm | |
| Ја имам гледано серијава, многу е убава, емотивна,топла баш јас каква што сакам. Ова за мене е вистинската Телевиса а не сегашниве новели со триста глупости во нив. Лусеро на 13 години одлична е,уште од тогаш се видело дека е многу талентирана. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 12:20 am | |
| Ова нешто морам да го гледам, Лусеро и класика= | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 1:24 am | |
| Интересантно многу е слатка како мала | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 2:46 am | |
| Многу е слатка навистина, колку само си ја сакам Лусеро Марија Пола и Марија Фернанда никогаш нема да ги заборавам,, Гвадалупе и не ми беше многу по мерак, али овие две беа најдобри ликови. И што е најинтересно и за восхит е тоа што ете на 12, 13 години Лусеро си добила улога каква што и доликува, па така и со тек на годините , а не сега Алисон Лозано на 15 години добила улога на хероина која ќе пати по љубов и секс | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 3:25 am | |
| Сигурно била легендарна серијава, и ова и Quinceanera би сакал да ги изгледам, но веќе се во историјата т.е во архивата, не шанси некогаш да се преживее освен ако Телериса не се осуди да направат римејк | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 3:32 am | |
| Имаат направено римејк во 1996 , али може уште еднаш, којзнае на што ќе личи, некое лигаво девојче и уште полигава мајка - не, фала, не сакам деца во Телевисините серии | |
| | | angeli Член
Zodiac : Број на мислења : 216 Birthday : 1995-08-07 Age : 29 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Нед Мар 08, 2009 1:23 pm | |
| - Beauty напиша:
- Имаат направено римејк во 1996 , али може уште еднаш, којзнае на што ќе личи, некое лигаво девојче и уште полигава мајка - не, фала, не сакам деца во Телевисините серии
| |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пон Мар 09, 2009 1:44 am | |
| Девојче ти ретко да имаш лично твој став изгледа, опцијата Цитирај ти е омилена карактеристиката која највеќе ме нервира кај членовите од форумот Ангели е токму оваа, ако еден напише пост кој ке држи, тогаш тој сигурно ке биде уште пет пати онака чисто исцитиран, гледај да не го правиш тоа за твое добро е, не дека не смее... | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| | | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пон Мар 09, 2009 1:52 am | |
| I jas imam zabelezano deka sekogas citira a inaku i jas ne pisuvam kojznae kolku dolgi postovi,ili pak retko,Dani ubedlivo najmnogu pisuva | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пон Мар 09, 2009 1:57 am | |
| Абе не мора да пишуваш реферати, секој си има свој стил на искажување, тоа што некој ке го каже обемно друг може да го стокми во пет збора... сакам да кажам дека важно е секој да си биде свој, што ке биде ако сите почнат да го обожаваат батонот за цитат на тој начин, само ке треба да се избере омилен претходен пост и ајт... | |
| | | gaby Успешен Член
Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пет Мар 13, 2009 4:45 pm | |
| Некој ќе ги препознае глумциве? | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пет Мар 13, 2009 4:47 pm | |
| На сликиве ги гледам Наилеа Нарвинд (Дебора од Прегрни ме цврсто), после онаа Белтранеха од Малиот град Инферно, глумеше и како Лупе во Невина. А оваа Ангелика Арагон глум,еше во Погледот на жената? Сепак најубавка ми е Лусеро, ѕвезда од мала | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 Пет Мар 13, 2009 6:55 pm | |
| Знае ли некој каде ја има серијава за симнување? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: CHISPITA, Televisa|1982 | |
| |
| | | | CHISPITA, Televisa|1982 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|