|
|
| ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Саб Aвг 22, 2009 9:12 pm | |
| Досегнувајќи ѕвезда е мексиканска теленовела која ни ја раскажува приказната за една повлечена девојка и нејзината занесеност по тин идолот. Главните улоги ги толкуваат Маријана Гарца и Едуардо Капетиљо, бившите членови на мексиканската поп група "Timbiriche", кои воедно ги пејат и двете насловни нумери на серијата. Исто така и Патрисија Мантерола и Рикардо Арјона од групата "Garibaldi" изведуваат дел од песните во серијата, а имаат и кратко појавување во неа. Поради големиот интерес кој го предизвика новелата во јавноста, беше снимен и филм ”Повеќе од досегнување на една ѕвезда” и продолжение на новелата "Досегнувајќи ѕвезда 2". Продуцент на серијата е продуцентот на бендовите Timbiriche и Garibaldi, а писателката е Рита Мачедо која истата година кога се прикажувала теленовелата извршила самоубиство. На мексиканските ТВиНовеле награди, серијата ја освои главната награда за таа година. ДОСЕГНУВАЈЌИ ЅВЕЗДА – ALCANZAR UNA ESTRELLA Период на прикажување: 14 мај 1990 – 20 декември 1990 Епизоди: 100Лорена Гејтан е повлечена и затворена грда девојка, целосно посветена на студиите која сонува дека еден ден дека ќе ја дофати и достигне својата тин ѕвезда и идол Едуардо Касабланка, познат пејач и глумец. Таа љубов која ја негува долго време е единствената причина за која мисли дека вреди да живее и да биде среќна. На една негова прес конференција каде ја промовира својата прва теленовела и својот нов музички албум, Лорена ја има првата можност да се запознае со него. Нејзината платонска љубов кон ѕвездата оди до таа граница што таа започнува да му пишува анонимни писма на Едуардо, додека пак нејзините другари и се потсмеваат на лошиот изглед. По некое време од коктел забавата каде го запозна идолот, Лорена и нејзината мајка одат на одмор каде случајно го среќаваат Едуардо кој таму снима сцени од неговата серија. Тогаш Лорена, водена од својата илузија и фантазија измислува дека е во љубовна врска со познатиот пејач и глумец. Тие муабети голем интерес предизвикуваат кај нејзините соученички кои исто така му се восхитуваат на пејачот но се зачудени како може една грдотија да има врска со него. Откако е откриена нејзината лага, Лорена паѓа во депресија, не и е мил животот, а во тоа не може да и помогнат ни нејзината мајка ни нејзината најдобра другарка. Од друга страна, Едуардо е воодушевен од анонимните писма кои ги добива и платонски се вљубува во личноста која му ги пратила, а по повторната средба со Лорена, тој ја бакнува, воден од импулсот кој не го разбира. Сфаќа дека се вљубува во неговата обожавателка и решава да започне врска со неа. Откако продуцентите на Едуардо ја запознаваат милата девојка, го откриваат нејзиниот глумачки талент и за кратко време ја прават мега ѕвезда. Откако ќе влезе во светот на шоу бизнисот, Лорена ги добива првите непријатели Дебора Дувал и Роке Ескамила, успешни актери кои се против влегувањето на девојката во светот на филмот и против врската со пејачот. Тежок ќе стане патот на Лорена да го достигне врвот, да стане вистинска ѕвезда на тој начин што најпрвин имала можност да ја достигне ѕвездата на нејзиниот живот. Улоги: Mariana Garza, Eduardo Capetillo, Angélica Ruvalcaba, Marcos Valdes, Andrea Legarreta, Enrique Lizalde, Alex Ibarra, Ricardo Arjona, Lorena Rojas
Последната промена е направена од Beauty на Саб Aвг 22, 2009 10:30 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Саб Aвг 22, 2009 9:24 pm | |
| Интересна содржина, никогаш не сум ја прочитал, за серијава знаев дека главнатабила грда и дека новелата била екстра успешна, а групата се прославила (како RBD). АЈ СИГУРНО НАСКОРО ЌЕ НАПРАВАТ РИМЕЈК | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Саб Aвг 22, 2009 10:19 pm | |
| Интересна содржина. И во тој период на 90те, освен тие класики, имало ете и вакви различни серии кои предизвикувале големо внимание и голем успех. Преведувајќи, дознавам за многу интересни информации, пример дека Патрисија мантерола била пејачка и член на музички бенд во кој била и познатата Паулина Рубио. Кажете ми само длаи е добро преведен насловот, за alcanzar може да се спомнат повеќе толкувања, може и достигнувајќи и сл. Инаку сигурно девојкава на крај станува убава. Инаку овде нема музичка група како РБД, таа група ја има во вториот дел од серијата. Мислам дека ако сега би погледнала нешто од оваа реализација, би ми изгчледало пресмешно | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Саб Aвг 22, 2009 11:42 pm | |
| За серијава имав одамна слушано, но ете никогаш не сум имал можност да се запознаам подобро со содржината. Изгледа привлечно и доста интересно, во тоа време сигурно била јак хит како што е сега РБД, и сигурно се одржувале концерти, а веројатно и музиката се слушала по дискотеките | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Саб Aвг 22, 2009 11:50 pm | |
| Во оваа серија не е групата како РБД, во вториот дел е. Овде исто сигурно има музика, ја пее Капетиљо | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Нед Aвг 23, 2009 12:18 am | |
| Знам дека ваква популарност како RBD имала само Timbiriche и никој друг, не сум слушнал за овие до сега, но да сум живеел во тоа време сигурно ке сум бил фан | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Нед Aвг 23, 2009 12:21 am | |
| | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 Пет Сеп 18, 2009 1:07 am | |
| Не сум слушнала за серијава меѓутоа овие постари серии некаде пред 2000 или уште од порано ми изгледаат многу поинтересни од сегашни од кои повеќето се римејк на некоја друга серија. Оваа серија сугурно била многу популарна на времето,а доколку ја дадат некаде сега претпоставувам дека ќе биде популарна пред се затоа што не е римејк | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 | |
| |
| | | | ALCANZAR UNA ESTRELLA, Televisa|1990 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|