Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:44 am
Натрапничка е теленовела продуцирана од Игнасио Сада Мадеро и премиерно прикажувана во 2001 година. Во главните улоги во серијата се појавија Габриела Спаниќ и Артуро Пениче. Насловната нумера во серијата ја исполни Емануел. Нашите гледачи новелата имаа можност да ја гледаат на кабловската телевизија Нова ТВ.
La Intrusa - Натрапничка Период на емитување: 2001 Број на епизоди: 135
Синопсис:
Вирхинија Мартинес е млада, убава и чесна жена, која работи како гувернантка во куќата на Родриго Хункера. Децата на тој маж се: Џуниор, Карлос Алберто, Виолета, Алдо и Мемо. Карлос Алберто ја навредува Вирхинија без да мисли ништо сериозно, а таа навистина се заљубува во него. Родриго Хункера го губи богатството а освен тоа открива и дека страда од смртоносна болест. Но тој знае дека неговите деца не се подготвени за моментот, во кој тој повеќе нема да биде со нив. Родриго, имајќи предвид за квалитите на Вирхинија се мажи со неа, бидејќи знае дека таа ќе се грижи за семејството. Саграрио, економистка, која го посветила животот на тоа семејство, го чува Родриго, со кој чува една голема тајна. Аларио Ролдан е стар пријател со Родриго и чувствува ривалство и омраза кон семејството Хункера – омраза, која Максимилиана, неговата сопруга се погрижила да расти. Максилиана е спремна да ги жртвува своите деца, за да ги постигне своите цели. Аларио е против тоа неговата ќерка Анабела да има врска со Карлос Алберто, но таа заради нејзиниот карактер, уште повеќе се плетка со него.
Данило Ролдан, најголемиот син на Максимилиана и Алирио е млад и циничен, многу добар лажго, кој уште откако ја запознава Вирхинија веднаш ја посакува. Дознавајќи за смртта на Родриго, децата уште повеќе ја мразат Вирхинија, а таа е врзана со нив заради ветувањето дадено на покојниот сопруг и се бори постојано да ги реши проблемите, и покрај тоа што тие станале нејзини најголеми напријатели: Џуниор, првородениот син, е лажго и криминалец кој постојано е вмешан во валкани зделки. Карлос Алберто, кој е на границата на љубовта и омразада, има чувства кон Вирхинија; Ракел е најлесномислената, Виолета е млада и побркана со психолошки проблеми, Алдо со проблемите од минатото и малиот Мемито, кој е најголемиот пријател на Вирхинија и најмногу ја сака од сите.
Вирхинија и Карлос Алберто се борат долго за љубовта, нај накрај да се справат со проблемите и се собираат, но таа умира при раѓањето на нивната ќерка. Всушност тогаш, дознава за смртта на сестра си, и во Мексико пристигнува близначката на Вирхинија – Ванеса. Данило и Анабела успеваат да ја убедат Ванеса дека Карлос Алберто го нарушил животот на нејзината сестра и сега таа е решена да му се одмазди на сите оние кои ја повредиле, а посебно на Карлос Алберто.
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:45 am
Никогаш не сум се информирал добро за оваа серија, дали е една од најнеуспешните на Габриела?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:47 am
Chris напиша:
Никогаш не сум се информирал добро за оваа серија, дали е една од најнеуспешните на Габриела?
Па немам добро разбрано, ама знам дека ако ја давале кај нас тогаш би ја гледал, нешто ме потсеќа на Злобница, таа приказна. А и дека се близначки уште толку би сакал тогаш да ја гледам. Патем шпицата ми е убава и песната
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:49 am
Оваа серија имав можност порано да ја погледнам на Нова ТВ. Серијата и по актерската екипа, насловот, содржината е претерано слична со Злобница, што ме наведе да помислам на времето дека ова е продолжение или римејк на Злобница. Ликовите се речиси исти од ЗЛобница, Спаниќ, Андере, Палета, пак се тие. Тој што ја гледал Злобница, оваа серија ќе му изгледа невидена лгупост и промашај без врска. Песната е интересна, али се друго страшно потсеќа на Злобница
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:49 am
Па и јас би ја гледал ама стара е нема да ја даваат
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:51 am
Крис, си ја гледал Злобница? Онда ова не ти треба ни под разно
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:54 am
Да и тоа како ја гледав, ја обожавав таа серија
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:57 am
Артуро Пениче, партнерот на Габи во серијава во Злобница го глумеше адвокатот кој ја вадеше од затвор, така да не сум видела толку слична атмосфера и глумци во две серии
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: LA INTRUSA, Televisa|2001 Нед Aвг 16, 2009 3:59 am
Хахаха како можеле бе
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21