Вчера го купив албумот и можам да кажам
ОВА Е НЕШТО НАЈИЗВОНРЕДНО
Нема да кажам само браво за Каролина, туку за целиот тим кој работел на албумот, од музичари до продуценти до Авалон.
Албумот звучи светски и е надвор од тие стереотипи во македонската поп музика на кои навикнавме. Фала Боже авторите не се оние стандардните македонски автори кои прават иста музика.

Нема да ги коментирам Крај, За година две и Не се враќаш зашто ни се добро познати, мегахитови на Каролина и преквалитетни песни. За мене Крај и За година две ми се поомилени од Не се враќаш.
Сите останати песни се на исто ниво како претходниве три. Мислам дека и музиката и текстовите и аранжманите се толку внимателно бирани што се приметува уште при првото слушање.
Дефинитивно најомилени од останатите песни ми се Да можев да те погледнам, Бои и Сите тие дни.
Да можев да те погледнам, најтешка балада досега која ја имам чуено од Каролина и песна со најголема емоција, не знам дали ќе има девојка која ќе остане рамнодушна на песнава. БРАВО!
Бои дефинитивно мислам дека ќе биде најголемиот поп хит од албумов. Текстот е интересен и по музиката може да кажам дека е нешто како Ноќ од третиот албум, песна за пеење и играње.
Сите тие дни, можам да кажам продолжение на Ајде да летаме но со некој помек звук. Посебно оваа песна ќе ја привлече публиката која ја сакаше Ајде да летаме. Најголемо изненадување од Каролина на албумот ми е оваа песна.
Ме љубиш ли и ти, во некој добар релаксирачки ритам и стилски ми одговара на Сите тие дни па затоа и се една до друга.
Не чувствувам страв и Сама предобри поп песни кои се печени за радиски хитови.
Капка под небото од прво слушање не ја ставив во листата на најомилени од албумот, но со неколку слушања ми станува уште поубава. Очигледно на Каролина и оставила најголем впечаток штом и албумот го крстила по песната. Ако правам споредба, малку потсетува на Во заборав од претходниот поп албум. Дури и по двете се насловени албумите Каролина Гочева - Page 15 Pos23


Браво,уште еден од ретките вистински добри албуми во македонската музика