Каролина Гочева и момчињата од „ОТ бенд“ - Ѓорѓе Гогов, Вукашин Браиќ и Никола Пауновиќ снимија контроверзен спот со разголени девојки за дуетската песна „Заборави“. Српските медиуми тврдат дека режисерот на спотот, Славољуб Живановиќ-Жили, успеал да склопи сексапил со вкус. Спотот треба да се појави во етерот деновиве, а сепак ќе има две верзии - цензурирана, која ќе се емитува во текот на денот, и нецензурирана, која, веројатно, ќе се емитува по полноќ.
Девојки со разголени гради се присутни речиси во целиот спот, кои сосема отворено флертуваат со момците од „ОТ бендот“ и речиси секој кадар алудира на секс. Ниту Каролина Гочева во спотот не изгледа невино, како што сме навикнале да ја гледаме. Облечена е во црн секси корсет и долна облека и велат дека пленува со својата појава. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.
„Со момците од ’ОТ бенд‘ се познавам веќе една година, така што одлично се вклопивме и се' течеше според планот. Спотот, навистина, ќе биде интересен“, уверливо изјавила Каролина.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Чет Окт 22, 2009 2:33 pm
ПРАШИНА ОКОЛУ КОНТРОВЕРЗНИОТ СПОТ ЗА "ЗАБОРАВИ"
Голите девојки ја налутија Каролина
Спотот за дуетската "Заборави", што неодамна го снимија Каролина и момците од ОТ бендот наводно многу ја налутил нашата пејачка. Каролина, како што пишуваат српските медиуми, кога го погледнала финалниот производ се налутила заради пренагласената голотија во видеозаписот и побарала сцените во кои се гледаат голите девојки да се исфрлат. Во дел од кадрите девојки со голи гради во долна облека која повеќе открива отколку што сокрива, се галат и извиткуваат околу Вукашин, Ѓорѓе и Никола. Тие се галат, флертуваат, пијат шампањско и речиси секој кадар алудира на секс. Токму ова, наводно, многу ја налутило Каролина, која и не знаела какви сцени се снимале бидејќи таа не учествувала во нив. Иако изненадена од спотот, нашата пејачка не сакала да признае дека кренала галама во Емоушн, куќата која стои зад проектот и нивните кариери. "Не барав да се забрани спотот! Кој ви го кажа тоа", рекла Каролина, додавајќи: "Сцените прв пат ги видов кога беше завршен спотот. Навистина бев малку изненадена, но тоа е шоу-бизнис. Спотот е контроверзен, но тоа и беше поентата". Записот е снимен со режисерот Славољуб Живановиќ - Зли, а екипата во апартман во белградскиот хотел "Москва" работела без прекин речиси дванаесет часа. Автори на песната се Мирко и Снежана Вукомановиќ.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Каролина Гочева Чет Окт 22, 2009 2:57 pm
Па што ако има голотија... и она е гола како што можам да видам
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Чет Окт 22, 2009 3:10 pm
Ама ова е апла голо, значи девојките се скрос голи горе, цензурираната верзија е со замаглени делови, а нецензурираната е онаа каде девојките се горе голи. Тоа не ми се допаѓа мене, немало потреба од тоа.
iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
Предмет: Re: Каролина Гочева Чет Окт 22, 2009 4:50 pm
Претерана е голотијата бар според мене а момците и Каролина брилијантни како секогаш
Bayron Член
Број на мислења : 449 Registration date : 2008-08-20
Предмет: Re: Каролина Гочева Саб Окт 24, 2009 2:51 am
видим већ сте поставили спот, мени је тај спот таааааааааако глупо цензурисан да немам речи, боље да га нису ни цензурисали.. мислим која је поента снимати голе рибе када се већ наги делови тела цензуришу провокативније би било да су их снимали у каквом секси вешу.. уосталом не знам шта им па и треба радити провокативан спот.. песма ми је ок до рефрена, почетни делови ми се једино свиђају, све у свему ништа посебно, толико фаме око те песме и спота уз ону ствар
ево спота у бољем квалитету:
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Каролина Гочева Саб Окт 24, 2009 3:03 am
Од толку многу луѓе што ја пејат песната не може да се дојде до збор сите си имаат само по една мала строфа, јас во вториот дел дури ја заборавив Каролина затоа што секој од дечкиве пее свој дел
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Не ни знам дали сите пејат, знам само дека Вукашин пее. Се согласувам со вас! Спотов би бил одличен без тие делови, каква е таа потреба од цензурирање на деловите, изгледа многу безвезе, непотребно.... можеле девојките во секси облека да бидат во спотот. Убаво изгледаат Каролина и ОТ Бенд, али девојките се непотребни - прв пат толку сум револтирана од спот на Каролина. Второ, за песната - исто се согласувам - првиот дел каде пее Каролина е најдобар, добар е и делот каде сам пее Вукашин, али се' другото не ми се допаѓа. Во глобала, песната како песна не е нешто wow како што ја претставуваа и мислам дека не би требало да се стави на албумот на Каролина со оглед дека три - четири песни таму ќе бидат од Скај (споредете таков и ваков стил)
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Како не знаеш дали пејат? па сите по ред пејат во спотот, прв е Џоле мислам, па Вукашин и на крај Паунович, добро им ги знам гласовите на сите тројца, и сите пејат
Гостин Гостин
Предмет: Re: Каролина Гочева Нед Окт 25, 2009 2:41 am
Највише на Сунчане Скале се слушаше гласот од Вукаши и Каролина другиве нигде ги немаше
Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
Мислам дека Сајко не настапи бидејки им беше кажано дека ќе пеат песна на ОТ бенд а таму беше испеана песната на Каролина И Вукашин,така да мислам дека другите не ни пеат само за позадина служат..по се изгледа дека е така,затоа настанаа и несогласувањата во ОТ бенд
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Не е точно. Сајко не настапи затоа што пред тоа ја напушти Емоушн продукција, а песната си беше снимена со Сајко за потоа да ја снимат со ОТ Бенд и таква да ја изведат на Сунчане скале. Каролина како и секогаш во интервјуата кажува - Јас не знам ништо за тоа.
Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
Во едно интервју на Свет,Сајко самиот го кажа тоа,не го јас тропам без причина,добро си кажа тој дека не сакала да настапи за да биде во позадина на Каролина и Вукашин,100%сум сигурна,нема јас така да го измислувам а не ни помислувам дека Свет би се осудил да напише таква измислица
Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
КАРОЛИНА ВО НОВА ЉУБОВНА ВРСКА Колку ме сака Анте? "Колку ме сака Анте", се прашува поп-ѕвездата Каролина Гочева (29) во квизовите кои често ги решава на популарната друштвена мрежа "Фејсбук". Од блиски пријатели на пејачката дознаваме дека Анте не е измислен лик, туку новиот дечко на Каролина, кој живее во Хрватска.
Откако пред неколку месеци ја раскина врската со скопскиот биснисмен Дино Балиќ, Каролина не остана сама долго време. Среќата си ја најде во прегратките на младиот хрватски биснисмен Анте од Загреб, и често патува во хрватската престолнина, велат пријатели блиски на поп-ѕвездата. - Каролина е среќна и задоволна од новата врска. За Анте знаат само неколку нејзини најблиски другарки, а таа е среќна што новата љубов не и е од Скопје, па не мора да ја дели со јавноста", велат пријатели на Каролина. Поп-ѕвездата не ја демантира врската со Хрватот ама не сака да зборува за новата љубов. - Ќе се држам до мојот став за приватниот живот да не зборувам ништо како и претходно. Мојот приватен живот е мој приватен живот, не сакам да го делам со јавноста", ни изјави Каролина. Таа заедно со нејзините колешки: Тамара, Кристина Арнаудова, Александра Пилева, Маја Гроздановска-Панчева, Маја Вукичевиќ, и Сузана Јовчева нема да настапи на концертот "Седум софистицирани дами", кој ќе се одржи во петок по втората полуфинална вечер на фестивалот "Макфест" во Штип. Од дирекцијата на фестивалот претходно ни изјавија дека во план како осма дама, за настап била и Каролина, но таа не го прифатила учеството поради обврските што ги има во Хрватска. Можеби "обврската" која што ја очекува Каролина во Хрватска е токму нејзиниот Анте. Љубовниот живот на популарната битолчанка секогаш бил интересен за јавноста. Медиумите редовно известуваа за нејзиното раскинување со Гроздан, кој сакајќи да ја врати, во 2003 година постави билборди низ Скопје на кои пишуваше "Каролина те сакам". Неколку месеци потоа, ѕвездата се вљуби во српскиот бизнисмен кој живее во Шведска, Михајло Ражнатовиќ, па повторно се смири со Гроздан. Со Дино Балиќ, Каролина се појавуваше на сите јавни настани во последниве три години , се до летово, кога ја прекинаа врската.
Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
Сеа прошитав у Свет за тој Анте.Демек имал партнери од Емирати кои имале нафтени полиња па нз шо и праел на Каролина,па 3 пати овој месец ја видела со свој џет на Скопскиот аеродром...и овие Свет ама преувеличуваат.Кој знае колку е вистина а и да е нека им е со среќа
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Спотот за песната "Заборави", која Каролина ја пее во дует со ОТ бендот од Белград, својата светска премиера ќе ја има на музичкиот сателитски канал МТV. Провокативниот спот за песната во кој покрај Каролина глумат неколку згодни манекенки од Белград, е во режија на познатиот белградски режисер Славољуб Живановиќ- Зли. Со овој спот, Каролина и "Авалон" ја започнаа соработката со "Емоушн" и нивната концертна агенција "Шоумастер" која ќе се грижи за кариерата и настапите на нашата музичка ѕвезда во Србија и на Балканот.
ЛЕГЕНДАТА НА ХРВАТСКАТА МУЗИКА СО 4 ЦЕДИЊА ЈА ЗАОКРУЖУВА КАРИЕРАТА Каролина дел од антологијата на Арсен Дедиќ
Легендата на хрватската музика Арсен Дедиќ ја заокружува својата кариера со четири антологиски цедиња со име "Добротворов дом" на кои се наоѓаат 93 песни. На едно од цедињата ќе се најде и песната Лејди Годива која нашата Каролина на барање на Арсен ја сними заедно со хрватската легенда во студиото на Никша Братош. Песната ќе се најде и на новиот албум на Каролина кој е во подготовка. Станува збор за 4 албуми со посебни тематски делови има: љубовни парчиња, народни песни, патриотски, а четвртиот албум симболично е наречен - разно. На Арсен му успеа на едно место да собере многу значајни музички имиња кои ги изведуваат неговите песни во малку поинакви изведби од оние на кои до сега сме навикнати. На овие музички парчиња ќе можете да ги чуете Бранимир Штулиќ, Габи Новак, Каролина... Цедето е во издание на Кроација рекордс.
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
Каролина е пеачката која што најмногу ја ценам на нашата музичка естрада. Медиумите ја претставуваа како ривал на Тоше,додека сеуште беше жив,па со самото тоа кај публика се појави одбивност кон неа. Прекрасен глас,прекрасно изгледа,и дефинитивно е класа над останатите македонски музички не би ги нарекол ѕвезди.
Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
ИНТЕРВЈУ: ЕКРАН + ВОЛШЕБНАТА КАРОЛИНА НА НАСЛОВНАТА НА БУГАРСКИОТ "МАКС"
Каролина Гочева беше дел од големото бугарско шоу "Пеј со мене". Стаса до финалето, но заврши како четврта што не беше пречка уредништвото на бугарското издание на списанието "Макс" да и посвети насловна страница во јунското издание и секако интервју. Неколку дена пред финалето на "Пеј со мене" Каролина решила да се разоткрие во смелата фотосесија затоа што решила токму преку ова списание да го започне претставувањерто пред бугарската публика. "Ја гледавме кај Славеј Трифунов, сега во "Пеј со мене", ја гледаме по весниците... Но таква не сме ја виделе никогаш", вели во воведот новинарот на "Макс" и продолжува "Таа зрачи со нездрави дози на секс а всушност секогаш бегала од имиџот на "фатална жена". За првпат од почетокот на "Пеј со мене" една странска звезда од учесниците - Каролина Гочева позира и говори во машко списание. Фотосесијата ја има направено Ангел Коцев, а интервјуто Мон Дијо. Посекси од било кога, Каролина вели: "Сфатив дека сум убава кога пораснав. Пред да наполнам 21 година не користев шминка, освен на сцената". Преговорите помеѓу нејзините менаџери и бугарското издание на "Макс" траеле скоро еден месец и заради тоа уште на почетокот Каролина предупредила: "Не можам да бидам скандалозна личност. Кога снимам, секогаш гледам да бидам на работ". "Макс" пак успева да ја открие, но и да ја претстави во вистинското светло како девојка и предизвикувачка жена, како вистинска дама која си ја знае цената.
ИНТЕРВЈУ
Еден од вашите албуми е наречен "Ми ја знаеш цената". Дали вие ја знаете вашата цена? - Мислам дека секој си ја знае цената, но од друга страна себе и треба да се смета за бесценет.
- Засега се пазите од имиџот на фатална жена. Зошто? - Затоа што не го носам во себе. Нема многу момчиња во мојот живот и не можам да бидам од оние што прават скандали. За мене е најважно да го чувствувам тоа што го правам.
- Мадона вели дека најубавото нешто што го носи славата се бесплатните алишта. Дали е тоа случај и со вас? - Да, тоа не е лага. Тоа е навистина едно од најубавите нешта на славата. Имам добивано алишта од одредени компании и како подарок од луѓе. Но, да не заборавиме дека подароците на Мадона се од Донатела Версачи, на пример. А јас треба да си купам од Донатела ако сакам да ги носам нејзините фустани. Тоа е голема разлика.
- Официјално, дали си сама во моментов? - Не. Официјално не сум. И неофицијално пак не сум. Си имам дечко којшто живее во Македонија.
- Опишете го. Не е јавна личност и немам намери да го вадам од неговата анонимност.
- Тогаш, можам ли јас да го опишам? - Да.
- Висок со гола глава и очила? - Не, немам врска со него...
- Прочитав доста нешта за вашата врска со Славеј Трифунов, каква е вашата верзија за вашата релација? - Вистина е дека сме пријатели. Таа афера се рашири многу бргу и туѓа ми е. Чудна, нема вистина во неа.
- Само пријатели! Мислите ли дека некој ќе ви верува? - Ако сакаат нека ми веруваат, јас ја зборувам вистината. Никогаш не сум криела ако имам врска со некого. Јас сум многу отворена кога станува збор за мојот приватен живот. Особено ако имам момче.
- Изгледате доста смирена. Дали некогаш сте имале проблеми со законот? - Не.
- И никогаш не ве казниле за пребрзо возење? - Во Македонија ме пуштаат. Но пред еден месец ме казнија во Софија со 100 лева затоа што наместо 50, колку што беше дозволено, јас возев 80.
- Е, значи си имате свои гревови. Интересно ми е како би си го замислиле животот ако не се родевте во Македонија? - Е, можеби немаше да се родам како човек туку како пеперутка или нешто друго.
- Многу ме интересира како се гледате по 10 години? - Би сакала да имам две деца, да бидам мажена и во брак веќе осум години.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Ова дефинитивно потсетува на старата Каролина, особено во интерпретацијата, па и самата песна потсетува на нејзиниот стил кој го презентирала во постарите проекти. Ми се допаѓа, со повеќе слушања, уште повеќе ќе ми се допадне.
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Мене од прво слушање ми беше просечна, еве на repeat ми е ставена и по второто, третото слушање, дефинитивно ми е совршена балада, го има шмекот на некои постари песни на Каролина, на оние песнине кои ги пееше на радиските фестивали во Србија, од друга страна и малку шмек на оние баладите на Владо Јаневски (Ко да вчера не ни било никогаш...), така да сето тоа во комбинација резултирало со совршена балада.