Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Вто Дек 29, 2009 2:14 am
Еве споилер кој сака да знае што ќе се случи со Бену
Spoiler:
Бену ќе се мажи за Керем и во почетокот ќе им биде убаво, Бену ќе биде трудна но 8 дена пред да се породи ќе и умре бебето и ќе почне да пие и да се кара со Керем ќе оди во болница за да се лечи но ќе избега ќе се испијани и ќе се обидат да ја силоваат, после пак ќе се врати во болница но ќе го ранат Керем и ќе излезе за да биде до него но ќе дознае дека Керем спиел со Еда и ќе се разведат и ќе сака да замине за Америка кај мајка и, но во авионот ќе се качи и Керем, ќе се смират и двајцата ќе заминат за Америка.
anaivanovic Нов Член
Број на мислења : 79 Registration date : 2009-11-27
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Вто Дек 29, 2009 10:53 am
dijanape напиша:
Еве споилер кој сака да знае што ќе се случи со Бену
Spoiler:
Бену ќе се мажи за Керем и во почетокот ќе им биде убаво, Бену ќе биде трудна но 8 дена пред да се породи ќе и умре бебето и ќе почне да пие и да се кара со Керем ќе оди во болница за да се лечи но ќе избега ќе се испијани и ќе се обидат да ја силоваат, после пак ќе се врати во болница но ќе го ранат Керем и ќе излезе за да биде до него но ќе дознае дека Керем спиел со Еда и ќе се разведат и ќе сака да замине за Америка кај мајка и, но во авионот ќе се качи и Керем, ќе се смират и двајцата ќе заминат за Америка.
Ајдеее па за никаде ке биде ова ја ке го гледам па
Бену
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Не сум слушнала, не сум ни гледала што како е. Али сигурно има некои нови ликови, па затоа и нови гласови.
Има еден нов глас, ама ова не е, ова грешка им е во синхронизацијата, и машкото и женското зборуваат, нешто у фазонот на филмот „Алвин и верверичките“ https://www.youtube.com/watch?v=Rw7lK5nGdUY
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
Последната промена е направена од Pitt на Пет Aвг 20, 2010 1:23 pm. Мислењето е променето 1 пати
dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 31, 2009 4:12 am
Тоа со гласовите денес заприметив е реклама од Т-мобиле се појавува балон што туши и во тој момент гласовите од глумците се како да вдишале хелиум и смешно зборуваат.
elena flordun Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 18 Birthday : 1985-05-05 Age : 38 Location : СО КЕРЕМ ВО ТУРЦИЈА Registration date : 2009-12-22
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 31, 2009 4:30 am
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 31, 2009 4:06 pm
Шехерезад ми донесе сопруг и син
Дека и бремена жена може да изгледа преубаво и секси ќе се уверите ако ја видите во живо Берѓузар Корел, актерката која ја толкува улогата на Шехерезад во „1001 ноќ“, турската ТВ-серија, која прикова стотици илјади жители на Македонија пред екраните. Берѓузар (на македонски нејзиното име значи „Споменка“) се подготвува да стане мајка. Со својот сопруг Халит Ергенч (Онур, безмилосниот мачо-маж од „1001 ноќ“) со радост го очекуваат мигот во новата 2010 година кога ќе го гушнат својот син. Ако, се разбира, бебето не побрза и не им донесе некакво изненадување. Но, се уште не решиле кое име ќе му го дадат. Прво размислувале за Мерџан, но потоа се премислиле.
- Можеби ќе му дадеме класично турско име - Али, Ахмед, Мехмед, а може и Хазар - објаснува Берѓузар.
И покрај напреднатата бременост (7,5 месеци), Берѓузар ништо не загубила од убавината по која ја знаат милиони гледачи не само во Турција, туку и во балканските држави, како талентираната архитектка Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, која му го грабна срцето на Онур. Само малку е поправена, но стомакот ја прави толку прекрасна, што посакуваш одново и одново да ја гледаш, особено нејзините очи кои тешко се забораваат. Берѓузар е родена во 1982 година. Татко и е, исто така, актер и ја поткрепува нејзината желба да стане актерка. Како малечка се занимавала со балет. Со успех ги завршува театарските студии на истанбулскиот универзитет „Мимар Синан“ и има успешни улоги во неколку многу популарни турски серии, како што се „Долината на волците“ и „Маслиново гранче“. Но, ѕвездениот миг во нејзиниот живот доаѓа кога Кудрет Сабанџ, еден од најдобрите режисери на телевизиски серии во Турција, и ја дава улогата на Шехерезад, улога што ја издига на пиедесталот на најбараните актерки од младата генерација. Веднаш по крајот на снимањето на „1001“ ноќ, која во Турција се емитуваше речиси три години, Берѓузар, веќе бремена во 3-от месец, ја „грабна“ главната улога во филмската комедија „Љубовта не вели доаѓам“, во која партнер и беше Толга Сајшман, убавецот од серијата „Елведа Румели“ („Збогум Румелија“), која во целост се снимаше во Македонија. Како и „1001 ноќ“, така и првиот игран филм на Берѓузар и донесе рекорден рејтинг - само на премиерата над 66.000 луѓе го гледаа филмот и со тоа беше надминат рејтингот на фудбалскиот меч Бешикташ - Манчестер јунајтед, кој се играше вечерта кога беше премиерата на филмот. - Оваа филмска комедија беше предизвик за мене. Многу долго време гледачите ме знаеја како Шехерезад од „1001 ноќ“, па посакав да излезам од таа рамка, да покажам дека можам да играм комична улога и се радувам што се успеав, вели Берѓузар. Веројатно тоа беше и вашата виза за идните настапи на екраните. Мислам на тоа дека игравте веќе бремена, но тоа воопшто не Ви се познаваше. - Да, може и така да се каже, но јас сум актерка и би сакала да играм секакви улоги, доволно е само да ми понудат добри сценарија. Шехерезад и „1001 ноќ“ се зад Вас, но сега приковуваат пред екраните милиони гледачи во Македонија. Која беше најтешката сцена за Вас? - Сцената на свадбата во којашто сум „бремена“ ја снимавме во живо, требаше да симулирам болки и да добијам крвавење. Јас почнав да се превивам од болки, макар што немав никакво искуство со такви случаи. Тогаш режисерот само заповеда: „дајте ја крвта“... Фала богу, се мина како што треба, таа сцена доби највисок рејтинг. л Милиони гледачи и во земјата и во странство Ве познаваат како Шехерезада. Што ви донесе таа улога, а што зеде од Вас? - Луѓето долго време ме прифаќаа како Шехерезада. Тоа е голема одговорност, која има свои недостатоци. На пример, во времето кога ја снимавме серијата, требаше да бидам многу внимателна. Луѓето создадоа една слика за мене и многу е тешко да ја одржиш во реалниот живот. л „1001 ноќ е првата телевизиска серија, која ги насочи и очите на странските гледачи кон Турција. На што според Вас се должи тој интерес? - На актуелни теми во коишто се разработуваат за турското општество традиционалните меѓусебни односи и обичаи, коишто го прикажуваат општеството како целост; потоа добри сценаристи и режисери, добри актери од различни генерации. Се создава и едно доближување меѓу различните генерации. И, не на последното место, успехот се должи и на богатите спонзори.
Сега Берѓузар, во најголем дел ги минува деновите во нивниот дом, во кој има и двајца верни пријатели, кучето Оглум и мачката Лили, чита книги, неколку сценарија, заедно со мајка си честопати ги обиколуваат детските штандови во продавниците каде што купува облека и играчки за бебето. Со Халит сакаат понекогаш да вечераат надвор, во нивните омилени ресторани во Истанбул. Двајцата сами ја осмислиле детската соба за бебето. - Копнеам за мигот кога ќе го земам мојот син в прегратки и сметам дека да бидеш мајка е најубавото чувство за секоја жена. Среќна сум што тоа го доживувам вистински, не како на екран. А Халит дури како повеќе да се радува од мене - вели Берѓузар.
И книгата профитираше од серијата
Бумот кој го предизвика серијата „1001 ноќ“ во Т урција предизвика и бум за книгата, и покрај тоа што таа има само индиректна врска со серијата. До почетокот на серијата продававме само по околу 100 примероци месечно. Но, откако приказната на Шехерезада и Онур излезе на ТВ-екраните, пуштивме четири нови изданија на приказните од 1001 ноќ, вели претставник на турската издавачка куќа „Елипс“.
Телевизиска револуција
Продукцијата на телевизиски серии стана еден од најпрофитабилните сектори во Турција, која не беше погодена од светската економска криза. Во 2008 година, 18 турски серии, меѓу кои и „1001 ноќ“ беа продадени во 22 држави и обезбедија приход од 3 милијарди долари за продуцентите. Исто така, на актерите им донесоа популарност, договори и печалби за кои не можеле ниту да мечтаат.
На училиште биле добри пријатели со Халит, се потсетува Берѓузар. Но, тогаш ни на крај памет не и паѓало дека еден ден ќе му стане сопруга... Халит, според турската традиција, отишол со слатки и со цвеќе во домот на Берѓузар за да ја побара официјално нејзината рака од мајка и Хулја Дарџан. И свршувачката била според традициите - Халит и подарил дијамантски прстен. Свршениците планирале да се венчаат во текот на летото во 2010 година. Но, судбината пак им подготви изненадување - Берѓузар забременува и тие набргу се земаат. Свадбата ја направија во почетокот на август во елитниот хотел „Ле Отоман“ на брегот на Босфорот. Пред околу 350 гости, Берѓузар и Халит си се ветија еден на друг. Шехерезада беше во долг бел фустан со вел на главата. Изгледаше уште поубава отколку во серијата, а Онур беше во темен смокинг. На прашањето „Дали го земате Халит Ергенч за свој сопруг“, Берѓузар одговори со толку силно „да“ што ја слушнаа и гостите кои беа во дворот на хотелот. Младенците првиот танц го изиграа со звуците на популарниот турски шлагер „Каква би била среќата без тебе...“. Во првата изјава новата брачна двојка рече: „Ќе ви прозвучи банално, но ние навистина сме многу среќни“. Халит првпат на свадбата официјално објави дека Берѓузар е бремена и дека тоа е најубавиот свадбен подарок што му го дала сопругата...
Како и сите луѓе, и Берѓузар се подготвува за Новата година. Ќе ја дочекаат со сопругот Халит со пријатели и роднини. Таа подготви и подарок за кој не сакаше да зборува за да не го „урочи“. Убавата „архитектка“ слушнала само убави работи за Македонија. - Од Толга Сајшман, мојот партнер во „Љубовта не вели доаѓам“ дознав многу убави работи за Македонија - дека била многу убава земја, со многу пријатни и добронамерни луѓе. Особено се радувам што на македонските гледачи им се допадна нашата серија. Им посакувам многу здравје, успеси и среќа во текот на новата 2010 година - вели Берѓузар.
Гостин Гостин
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 31, 2009 4:38 pm
Лееј се изнасмеав со рекламава на t mobile баш на серијава како збора со хелиум
еве ви уште една серија со Керем, недај боже и кај нас да ја даваат
elena flordun Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 18 Birthday : 1985-05-05 Age : 38 Location : СО КЕРЕМ ВО ТУРЦИЈА Registration date : 2009-12-22
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 31, 2009 6:01 pm
СУПЕР Е СЕРИЈАВА ДАЈ БОЖЕ ДА ЈА ДАВЕТ И КАЈ НАС!!!!!!!!!!!!!!
_________________
Adolfo Успешен Член
Број на мислења : 830 Registration date : 2008-08-14
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Нед Јан 03, 2010 2:29 am
Vo tretiot klip neli e toa istata kuka od Gumus??
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Нед Јан 03, 2010 2:32 am
Изгледа таа е Чим тргна работава, претчувствувам дека и други турски ќе видиме на нашиве програми.
Adolfo Успешен Член
Број на мислења : 830 Registration date : 2008-08-14
До каде оди народов , на мајка ми за Нова година од една пријателка и стигна порака:
„Да бидеш сакана како Шехерезад, да ти оди бизнисот како Онур, да имаш пријателка како Бену и да ти трае бракот како Надидан и Бурхан. Среќна нова година“
пораката била доста популарна низ мобилните таа вечер
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12