Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88

Go down 
2 posters
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 Empty
ПишувањеПредмет: ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88   ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 I_icon_minitimeСаб Мај 23, 2009 11:55 pm

ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 E03cfdc5447fc44d9d43d0c

Дивата Роза е популарна мексиканска теленовела, која со огромен успех се има прикажувано во Мексико, Латинска Америка, Бугарија, Србија, Русија, САД, Кина рушејќи ги сите рекорди на гледаност на телевизиите во времето на нејзиното прикажување во ударен термин. Серијата е римејк на кубанската радио новела "Ракел" и на бразилската новела "Бунтовнатра роза". Во главните улоги ги гледаме кралицата на теленовелите Вероника Кастро и Гиљермо Капетиљо, а главната негативка ја толкува Лаура Запата за чии улоги сите добиле престижни награди.
Насловната нумера ја изведува самата Вероника Кастро, а по завршувањето на оваа серија на каналот на Телевиса започнала "El extraño retorno de Diana Salazar".


ДИВАТА РОЗА - ROSA SALVAJE
Година на снимање и прикажување: 1987-1988
Епизоди: 100


Роза живее во беден сиромашен кварт со својата кума Томаса која ја одгледала уште како малечка затоа што вистинските родители ја напуштиле Роза. Роза е темпераментна млада девојка, која му возвраќа на секој што ќе ја навреди, која се тепа и која ги игра сите игри кои ги играат момчињата како што е фудбалот и воопшто не се срами од своето диво неженствено однесување. Еден ден додека игра со другарите, Роза влегува во богатата куќа на семејството Линарес за да украде сливи и тогаш ќе биде здогледана од Дулсина Линарес, злобна, богата, амбициозна и манипулативна вдовица која веднаш се заканува дека ќе ја пријави скитничката во полиција. Во одбрана на дивата девојка застанува братот на Дулсина, Рикардо. Тој решава да не ја пријават Роза во полиција, но затоа и поставува неколку услови. Во таа почетна игра, младата девојка се вљубува во милионерот, кој пак од своја страна е во постојани конфликти со своите сестри - Дулсина и Кандида кои го тераат да се ожени со богата девојка од аристократско семејство. За да им се спротистави, Рикардо решава да си поигра со сестрите и да се ожени со првата девојка што ќе ја сретне, а тоа е Роса, не сфаќајќи дека постепено ќе се вљуби во неа. Но сестрите Линарес решаваат да сторат се за да не дозволат таа врска да успее и ќе сторат се за за замине дивата некултурна девојка од таква префинета благородничка куќа. Затоа сестрите Линарес започнуваат со сплетки и задни игри за да ги разделат Роза и Рикардо, кои вистински се вљубуваат еден во друг. Дулсина и Кандида сакаат нивниот брат да се ожени со богатата Леонела Виљареал. Дулсина секогаш ја командала волјата на својата мирна сестра. Но постепено Кандида престанува да ја навредува и понижува Роза и и се спротиставува на сестра и Дулсина, така да Дулсина наоѓа подршка само од Леонела и од својата слугинка во намерите против невината девојка Роза. Кандида станува уште една жртва на својата сестра Дулсина која става отров во сокот на сестра и, но за среќа, не ја убива. Кога гледаат дека не можат да ја уништат љубовта на Рикардо и Роза, Дулсина и Леонела решаваат да одат до крајност и и кажуваат на Роза дека Рикардо се оженил со неа за да им се спротистави и да ги вознемири сестрите. Разочарана и очајна, Роза ја напушта богатата вила, го напушта саканиот и со тек на времето ја запознава својата вистинска мајка, која е богата и позната жена. Решава да и прости на мајка и затоа што ја оставила и заедно со нејзина помош, се претворува во богата преубава вистинска жена која сега чека бебе од Рикардо.
Но, кулминацијата се достигнува кога семејството Линарес е пред бакнрот и Роза решава да ја купи нивната вила за да му ја врати на Рикардо кој неизмерно се уште го сака. Дулсина не може да се помири со тоа дека Роза е сега богата и ги држи во раце и затоа решава повторно со сите сили да ја уништи Роза и да спречи повторна средба со Рикардо, притоа целосно губејќи го умот со таа болна опсесија да се убие Роза.

Улоги: Вероника Кастро, Гиљермо Капетиљо, Лаура Запата, Лилијана Абуд, Клаудио Баес, Едит Гонзалес, Роберто Балестерос, Ада Караско, Хаиме Гарца
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88   ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88 I_icon_minitimeНед Мај 24, 2009 2:04 am

Неодамна ја гледав скратената верзија и солидна теленовела е, класика од типот на Росалинда, Есмералда & со. Мене оваа новела ми се допадна многу повеќе од Богатите плачат.И, да ќе заборавев, преубава е насловната нумера.
Вратете се на почетокот Go down
 
ROSA SALVAJE, Televisa|1987/88
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» QUINCEANERA, Televisa|1987
» CORAZON SALVAJE, Televisa|1993
» CORAZON SALVAJE, Televisa|2009/10
» MARRIED WITH CHILDREN|1987-1997
» ZORRO, LA ESPADA Y LA ROSA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Мексико-
Отиди до: