|
|
| QUINCEANERA, Televisa|1987 | |
| | Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: QUINCEANERA, Televisa|1987 Саб Ное 08, 2008 10:41 pm | |
| Петнаесетгодишна е мексиканска теленовела, продуцирана од Телевиса во 1987 година каде деби во светот на теленовелите имаа денес мегапопуларните Талија и Адела Нориега. Серијата е напишана од веќе покојниот кубански актер Рене Муњоз, а продуцирана од маестралната Карла Естрада. Насловната нумера "Quinceañera" ја исполнува бендот Timbiriche во кој учествувала и Талија. Серијата доживеа и римејк верзија во 2000 година од Телевиса - "Primer amor... a mil por hora". Карла Естрада за прв пат зборува за теми како што се дрога, насилство и грабежи. Петнаесетгодишна стана најдобра теленовела во 1987 година, а пред таа година истата награда ја понесе Колевка на волците. ПЕТНАЕСЕТГОДИШНА - QUINCEANERAЗемја на потекло: МексикоГодина: 1987Епизоди: 183 (30 минути) Марикруз (Адела Нориега) и Беатриз (Талија) се соученички и најдобри другарки, и покрај фактот што Марикруз е сиромашна, а Беатриз потекнува од богато и моќно семејство. Тие се 14 - годишни и чекорат кон 15 година од животот која носи многу зрелост, премин од девојче кон веќе израсната девојка и жена. Со својата убавина, милата Марикруз ги привлекува момчињата околу себе, а меѓу многуте додворувачи се и Панчо, механичар со чиста душа и Мемо, уличен криминалец и член на гангстерите. Марикруз се вљубува во Панчо, но нејзината мајка не ја подржува таа врска затоа што не сака сиромашен дечко за нејзината ќерка. Таа сака да направи голема и луксузна забава за нејзината ќерка Марикруз по повод 15. роденден, а воедно сонува еден ден нејзината ќерка да ја омажи за богат и згоден дечко како што е Серхио, братучедот на Беатриз. Но, Мемо не се откажува од љубовта кон Марикруз, решава да ја раздели од Панчо. Затоа ја дрогира и ја тера да верува дека ја силувал. Мислејќи дека го предала саканиот и од срам, Марикруз раскинува со Панчо. Од друга страна, Беатриз се вљубува во братот на нејзината другарка Марикруз - Герардо. Но, како што ја воспитува ќерката, така и синот Герардо е воспитан од мајка му дека треба да бара богата девојка како што е Беатриз. Беатриз останува бремена од Герардо. Така, Беатриз и Марикруз сфаќаат дека нивните посакувани 15 години и преминот во зрелоста и не е така лесен и едноставен како што мислеа. разликата е најголема во љубовните проблеми кои ги носи тој период... Улоги: Tалија, Адела Нориега, Ернесто Лагуардија, Себастијан Лигарде, Наилеа Норвинд, Рене Муњоз, Рафаел Рохас, Бланка Санчез | |
| | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Нед Ное 09, 2008 1:05 am | |
| | |
| | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Нед Ное 09, 2008 1:09 am | |
| | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Нед Ное 09, 2008 1:18 am | |
| Зашто ЈАС прв пат слушам дека Талија и Адела биле главни улоги заедно во иста серија? знаев дека Адела глуми тука, али Талија? БРАВо, браво и ова е уште една класика на Талија и на Карла Естрада, знам дека се има репризирано серијава лани во Мексико интересна содржина, али сега да јка гледам - НИКАКО! стара е | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Нед Ное 09, 2008 5:01 pm | |
| Uste edna top serija so Thalis. | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Нед Ное 16, 2008 5:38 pm | |
| Bi sakala da ja gledam serijava. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Саб Мар 07, 2009 3:46 pm | |
| Да, видов дека ја има, чудно... Се мислев ја нема, али ја имало како тема. Отсега ќе проверувам. Иначе нешто дополнив во самиот синопсис и темата. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Вто Јун 16, 2009 12:26 pm | |
| AAA OKS KE BARAM SEGA JAS TUKA PO NET DAJ BOZE NES DA IMA |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Вто Јун 16, 2009 1:44 pm | |
| Како може да ја пуштат серијава кај нас кога е стара колку и дедо Ное? Боже Пишувајте на кирилица | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 Вто Јун 16, 2009 4:11 pm | |
| јас само изразив желба дека сакам да ја пуштат кај нас а не реков дека ке ја пуштат |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: QUINCEANERA, Televisa|1987 | |
| |
| | | | QUINCEANERA, Televisa|1987 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|