|
|
| CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 1:06 am | |
| Диво срце е една од најпопуларните мексикански теленовели, снимена од Телевиса во 1993 година, а подоцна е прикажувана и репризирана во Америка, Перу, Кенија, Италија. Оваа серија е трета адаптација на приказната за дивото срце од Каридад Браво Адамс, воедно и трета мексиканска адаптација. Во оваа верзија дејството е преместено од Мартинке во Веракруз, со што француските презимиња на ликовите се заменети со шпански. Главните улоги ги толкуваат Едит Гонзалес и Едуардо Паломо, кој се прослави со улогата и имиџот на Хуан дел Диабло. За оваа серија е користен истиот историски консултант како и за Алондра. Серијата е добитник на многу награди меѓу кои шпанската ТP de Oro, италијанската Telegatto и мексиканската ТVyNovellas за најдобра теленовела. Насловната песна Corazon Salvaje ја исполнува познатиот Михарес. ДИВО СРЦЕ - CORAZON SALVAJEЗемја на потекло: МексикоГодина: 1993Епизоди: 80Хуан дел Диабло пораснал во една куќа на плажата Сан Педро злоупотребуван од неговиот очув затоа што бил син на неговата сопруга и богатиот Франциско Алказар. Франциско не знаел за постоењето за својот син, но кога дознава за тоа, умира паѓајќи од коњ, оставајќи писмо на неговата жена Софија во кое бара неговиот непризнат син Хуан дел Диабло да го носи неговото презиме и да му припадне нему богатството. Но злобната и себична Софија, сакајќи нејзиниот син Андрес да остане единствен наследник го сокрива тоа писмо. Исто така дон Франциско има легитимен син Андрес од бракот со доња Софија од кого пред смртта бара да се грижи за неговиот брат Хуан дел Диабло. По 15 години, Моника - една од ќерките на сиромашна грофица се подготвува да се омажи за Андрес. Нивната свадба е договорена од нивните родители, иако Моника никогаш не го запознала нејзиниот вереник. Но Андрес во Мексико Сити ја запознава нејзината сестра Аиме и се вљубува во неа. Двајцата се враќаат во Сан Педро и Андрес ја откажува свршувачката со Моника. Во меѓувреме Аиме започнува афера со Хуан дел Диабло, но е свесна дека неговата сиромаштија нема да и користи на нејзината амбиција, па затоа решава да се омажи со богатиот Андрес. Дивиот Хуан дел Диабло знае дека Андрес е неговиот полубрат, но Андрес не го знае тоа. Додека Хуан не е во земјата, Аиме се мажи со Андрес, а Моника сака по секоја цена да го сокрие тоа понижување кое и го приредија свршеникот и сестра и. Затоа станува калуѓерка под име Света Моника и решава својот живот да му го предаде на Бога. Откако ќе се врати во земјата, дивиот Хуан дознава за неверството на жената што ја сакал Аиме со неговиот полубрат и решава да се соочи со неа, па затоа Моника решава да ги земе картите во свои раце и да спречи потенцијална трагедија. Затоа Моника кажува дека она самата е виновна за тоа што не се омажила со Андрес затоа што имала романса со Хуан дел Диабло, па така сака да ја заштити сопствената сестра. Хуан дел Диабло е човек без презиме, школување, заводник и одметник кој сепак успева да го освои срцето на Моника која се вљубува во него и која сфаќа дека тоа диво срце крие уште едно златно срце и голема душа. Улоги: Едит Гонзалес, Едуардо паломо, Ана Колчеро, Ариел Лопез Падиља, Сезар Евора, Арсенио Кампос, Енрике Лизалде, Клаудиа Ислас | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 1:33 am | |
| А кој ти е овој глумец за кого многу пати спомна дека е мртов | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 1:37 am | |
| Епа еве го, Едуардо Паломо, главниот лик во серијава, Хуан ѓаволот. Мене некако содржинава и не ме пали којзнае што, да ви кажам, не ми е некако WOW | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 1:42 am | |
| Глумел овој во некоја серија што овде сме ја гледале или не? баш сега читав умрел на 41 година од срцев удар... греота | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 1:49 am | |
| Не глумел во серија кај нас што се има давано, а иначе мислам дека освен во оваа серија, глумел и во серијата Рамона, за други негови познати серии немам слушнато, а мислам и дека не ни постојат такви серии воопшто. Иначе ДИВО СРЦЕ се има давано само во Хрватска од екс ју земјиве | |
| | | gaby Успешен Член
Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Мар 07, 2009 4:54 pm | |
| Јас само пофалби за серијава имам прочитано. | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Сре Aвг 05, 2009 5:14 pm | |
| Деновиве си правам ретроспекција од серии кои не сум ги гледал или пак кои сум ги гледам многу одамна. Најпрвен ги симнав првите две епизоди од верзијата од 93' на серијата „Corazon Salvaje“, со најголема причина да ја видам содржината и за да можам да споредувам со новата верзија на Мехија. Приказната е одлична, класична, секако костимирана е, а и тоа ме чуди како ќе го направи Мехија, се надевам дека ќе биде слична на неговите серии како Abrazame Muy Fuеrte, а не како неговата најголема „посластица“ Fuego en la Sangre Едит Гонзалес и Ана Колчеро како двете сестри, во новава верзија тоа ќе биде само Арасели. Ана Колчеро дефинитивно повеќе ми се допадна како глуми, а и убавината пред се‘ . Најглуп само дел ми беше колку ептен брзо се издешава дејството, тој таткото на Хуан дел Диабло загина од удар на коњ и во рок од 2мин тој умре, го завршија погребот а тие ни солза ни пуштија (личеше ко аматерски направено) али океј. Барем овде ќе видеме како ќе се изнаплакаат кај Мехија Интересно заврши вторава епизода кога Андрес, свршеникот на Моника (Едит) и‘ кажува на својата мајка дека се заљубил во Аиме (Ана) Anyway, classic | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Нед Aвг 23, 2009 5:34 pm | |
| Класична новела,која по врвните критичари е најдобриот проект на ,,Televisa''. Иако починатиот актер,за мене како и за многу други важи за еден од најдобрите,сепак имам непријатно чувство додека гледам негови тв новели со оглед на тоа дека е починат. | |
| | | AnaKarenina Нов Член
Број на мислења : 38 Registration date : 2009-08-03
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Чет Окт 15, 2009 9:21 pm | |
| Прдизвикана од коментарите да не се прави нова верзија на оваа класична новела, се заинтересирав и ја изгледав на јутјуб. Да кажам дека се воодушевив и десет дена само мислев како да најдам време да ја гледам. Серијата е прекрасна,феноменална неповторлива.Совршена е! Овде значи нема нешто што не чини. Одлична продукција, режија, сценографија,костимографија, музика, кастинг,атмосфера. Ентрадата е прекрасна,инструментална е и додека ја слушаш буквално се наежуваш. Сите глумци се одлични во своите улоги. Енрике Лисалде ,првиот Хуан дел диабло сега е во улога на адвокатот Ноел Мансера, татковска фигура во животот на Хуан,негов ментор ,советник, смирувач на неговата дива нарав.Но Хуан не е дивјак, како што би се помислило.Тој е човек кој растел без љубов и очајнички му е потребна.Единствена што ќе го смири Хуан е Санта Моника.Разочарана од одбивањето на Андрес, Моника се одлучува да се омажи за Хуан, но не само да го оддалечи од сестра и ,туку после разговорот со Дон Ноел таа го гледа во поинакво светло. Првата верзија на Диво срце е снимена во 1966. Енрике Лизалде е Хуан,Хулиса-Моника,Жакелин Андере- Аиме и Ренато Енрике Алварез Феликс.Продуцент Ернесто Алонсо. Втората верзија е од 1977. Анхелика Марија е Моника,Сузана Досамантес Аиме, Хуан- Мартин Кортес и Ренато Фернандо Аљенде.Оваа верзија е во боја и Ернесто Алонсо повторно е продуцент. Доња Софија мајката на Андрес ја глуми феноменалната Клаудија Ислас. Исто така во подоцнежните епизоди се појавува и Цезар Евора(негова прва улога во Мексико). Прказната е интересна и те држи во неизвесност, одвај чекаш да видиш што ќе се случи во наредната епизода. Едуардо Паломо го приметував само во првите епизоди , после тоа го гледав само Хуан дел Диабло.Многу ретко во поседно време ми се случува да не го приметем глумецот , туку само ликот што го глуми.Тоа ми се случи со оваа серија. Едит и Едуардо тотално се претопени во Хуан и Моника. Кога ги гледаш те освојуваат со својата неверојатна хемија.Тотално навлегуваш во приказната и освоен си. Моника на почетокот се чувствува инфериорна во однос на сестра и, бидејќи Аиме е сензуална, кокета.Но таа ќе го освои Хуан со својата нежност,топлина и ќе му ја даде љубовта по која толку копнеел. Понатаму и Хуан и Андрес ќе се разочараат во Аиме заради нејзината фриволност,лаги ,претворност.И тука ќе почне омразата меѓу браќата. Се разбира дека на крај Андрес ќе ги увиди своите грешки и дека за неговата несреќа е виновна само Аиме. За приказната би можела уште да пишувам ама ви оставам вас да ја изгледате. Да се осврнам на сценографијата која е одлична и има некои делови кои се снимени во вистински куќи на пр. внатрешноста на хациендата Кампо Реал.Костимите се преубави и воопшто не се вулгарни.Музиката е од Хорхе Авендањо и е одлична-ентрадата,темата на Моника,темата на Хуан,темата на Аиме,темата на Хуан и Моника. И споредните улоги се приказна за себе. Почнувајки од Дон Ноел, Доња Софија, Фрај Доминго, Туерто, Гвадалупе Кахига(да навистина така се вика и е многу интересен лик -машко е). За мене Диво срце е навистина класика како Одвеано со виорот , Гордост и предрасуда, прекрасна љубовна приказна која се докажува поминувајќи ги најтешките исушенија. Се разбира дека тоа не значи дека не смее да има нова верзија, туку дека римејкот треба да го направи некој со сенс.Некој што ќе ја почитува приказната и основната идеја дека без Санта Моника неможе да има Хуан дел Диабло, дека тоа е класичната приказна на убавицата што го припитомила ѕверот. Моја најтопла препорака е да ја изгледате серијата, нема да ве разочара. И ако може да замолам да ја ставите ентрадата(инструменталната), бидејќи јас не се разбирам во тоа.Нагласувам инструментална ентрада бидејќи има и со песна од Мануел Михарес, која исто така е добра, но мене повеќе ми се допаѓа првата. | |
| | | AnaKarenina Нов Член
Број на мислења : 38 Registration date : 2009-08-03
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Нед Окт 18, 2009 12:50 am | |
| | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Нед Окт 18, 2009 1:09 am | |
| Првата ентрада е една од најубавите во било кои серии, посебно со прекрасната песна на Михарес. Песната на Шајен во најновава верзија, точно дека е убава, ама дефинитивно е несоодветна за костимирана теленовела. | |
| | | AnaKarenina Нов Член
Број на мислења : 38 Registration date : 2009-08-03
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Нед Окт 25, 2009 11:50 pm | |
| | |
| | | AnaKarenina Нов Член
Број на мислења : 38 Registration date : 2009-08-03
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Ное 07, 2009 11:36 am | |
| Ги тргнале видеата од Corazon salvaje 93 од Youtube. Ѓубриња едни. Да не мисли Мехија дека ако ја тргне верзијата од 93 ќе се зголеми рејтингот на циркусот. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 Саб Ное 07, 2009 2:27 pm | |
| Пак некој ке ја стави, нема да му успее него тоа | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 | |
| |
| | | | CORAZON SALVAJE, Televisa|1993 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|