|
|
| LA MENTIRA, Televisa|1998 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: LA MENTIRA, Televisa|1998 Саб Мај 02, 2009 10:33 pm | |
| Лага е популарна мексиканска серија продуцирана од Carlos Sotomayor во 1998 година за ТВ куќата Телевиса. Оригиналната приказна е на Каридад Браво Адамс, а насловната нумера "Me Voy a Quitar de En Medio" ја исполнува Vicente Fernández. Оваа серија е римејк на сериите La mentira (1965) и El amor nunca muere (1982), а нова верзија е направена и од страна на Телемундо во 2008 година. Во серијата "El amor nunca muere", Едуардо Јањез го толкувал оикот кој во ЛАГА го толкува Серхио Басањез. Слична коинциденција со овие двајца актери има и со исти ликови кои соодветно биле глумени од Серхио и Едуардо во "Кога ќе бидеш моја" и "Опиени од љубов". Во оригиналната првична приказна, дејството се одвива во амазонските шуми во Бразил, но поради потребите на снимањето, дејството тука се довива во модерно Мексико. ЛАГА - LA MENTIRAГодина на прикажување во Мексико: 1998Епизоди: 100 Деметрио Азунсоло доаѓа од Европа кога дознава дека неговиот полубрат Рикардо Платас се самоубил поради вина на некоја жена која го оставила затоа што немал пари. Деметрио решава да ја најде таа жена и да и се одмазди за смртта на брат му, но единствена траги кои ги има е дека името на жената започнува на буквата В и дека брат му ја запознал на хациендата на семејството Фернандез Негрет. Започнува сопствена истрага, постепено ги сложува коцкичките и така доаѓа до семејството Фернандез Негрет, каде неговиот полубрат работел пред неколку години.. Деметрио се претставува како пријател на Хуан Фернандез Негрет и така доаѓа во куќата на тоа богато и моќно мексиканско семејство. Така дознава дека таму живеат две девојки Вероника и Вирхинија, посвоени ќерки на дон Теодоро и доња Сара Фернандез Негрет, кои имаат само едно биолошко дете - синот Хуан кој студира во Европа, како чиј пријател се претставува Деметрио. Вероника и Вирхинија се доста различни девојки; Вероника е динамична, но добра, а вистинскиот виновник за смртта на братот на Деметрио е всушност Вирхинија, зад чие ангелско лице се крие амбициозна, пакосна и препредена девојка која всушност го напуштила Рикардо откако дознала дека богатиот Хуан се враќа од Европа. Откако ќе се врати од Европа, Вирхинија се надева дека Хуан ќе се ожени со неа, но тој всушност е вљубен во Вероника. За да ја уништи Вероника и да и ги расипе плановите со Хуан, Вирхинија им кажува на Хуан и Деметрио дека Вероника си играла со срцето на Рикардо Платас и го напуштила, по што тој се самоубил. Деметрио ќе започне истрага за минатото на двете девојки и ќе се посомнева во зборовите на Вирхинија дека виновникот е Вероника, за која верува дека имала многу мажи во минатото кои ги оставала и затоа прави совршен план за одмазда. Ја заведува Вероника со цел таа да се вљуби во него, се жени со неа и ја носи на својата хациенда каде животот ќе и го направи пекол. Меѓутоа компликациите настануваат откако Деметрио ќе сфати дека е вљубен во жената за која верува дека е виновникот за смртта на неговиот брат и на која сака сигурно да и се одмазди. Деметрио попушта пред љубовните дилеми и се впушта во авантура со Вероника, доживувајќи страстни и незаборавни романтични моменти. Полека сфаќа дека Вероника не е и не може да биде цел на неговата одмазда, туку тоа е другата девојка на тоа семејство, која го наведе да поверува во една ужасна лага. Улоги: Kate del Castillo, Guy Ecker, Karla Álvarez, Sergio Basañez, Luis Gatica, Rosa María Bianchi, Salvador Pineda, Carlos Cámara, Silvia Mariscal, Eugenia Avendaño | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Нед Мај 03, 2009 12:57 am | |
| Содржинава ја знам по El Juramento, иста е... но секако можам да замислам колку подобра верзија е оваа него ли Телемундовата, звучи интересно а немам ништо гледано, имам слушано позитивни коментари. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Нед Мај 03, 2009 1:16 am | |
| И јас имам слушано преубави зборови за серијава, има одено на Балаканов, требаше и кај нас. Многу јасно дека е подобра од Телемундовиот римејк, серијава е баш клаиска, од 1998 година, една од најплодните години за Телевиса за најубави серии. Слушнав дека Кате и Гај биле доста слатки како пар, иако јас не можам да ги замсилам, и двајцата ми се ОК како актери, но не се убави. Серијава имала голем успех секаде каде се прикажувала | |
| | | La Hiena Баниран
Број на мислења : 50 Location : Prilep Registration date : 2009-06-22
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Сре Јун 24, 2009 3:00 am | |
| Telemundo bas nekako loso ja obraboti ovaa ubava telenovela!!!! Od moite vremijna!!! | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Пет Jул 03, 2009 12:28 am | |
| Се ставив на гледање на серијава пред некојси три дена и веќе изгледав 10 продолженија. Ова е толку вредно за гледање, што секој љубител на теленовели мора да ја погледне. Генијална актерска екипа, Кејт и Гај како Веро и Деметрио Асунсоло пука екранот од хемијата и флуидот помеѓу двајцата. Кејт како Вероника е атипична хероина, своеглава, умна, нема плачење, бунтовна, се облекува "кајнд а фрики", не се моли на девица, кажува што мисли, се опива како маж Јас не можам да ги сопрам воодушевувањата од серијава, ради која на кратко ги прекинав Љубовни врски и Da Cor do pecado, ама ова е нешто што не можеш да го оставиш. Вирхинија е несекојдневна негативка, со carita de angel и душа на демон. Јас бегам да гледам. 10 go 90 left La Mentira | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Пет Jул 03, 2009 12:34 am | |
| Јовица, зар толку ти се присвиѓа серијава? Види, и на потписи, на аватри си ја ставил Знам дека оваа серија е ремек дело, многумина го кажуваат тоа, мислам на ХРТ дека се давала пред околу 10 години и дека многу беа задоволни едни комшии тогаш од серијава. Али некако ме чуди, хемија меѓу Гај и Кејт Али искрено мислам дека не ме влечат стари серии да гледма, без разлика колку да се генијални | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Нед Aвг 23, 2009 2:19 pm | |
| Одлична тв новела,проследена со хемијата која владееше помеѓу протагонистите.Верната публика го потврди тоа,и благодарение на истата,овој пар беше прогласен за најдобар,па протагонистите добија можност да работат заедно на еден поинаков проект-web novela. | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 Пон Фед 08, 2010 6:52 pm | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: LA MENTIRA, Televisa|1998 | |
| |
| | | | LA MENTIRA, Televisa|1998 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|