|
|
| CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Саб Апр 18, 2009 1:27 pm | |
| Каталина и Себастијан е романтична мексиканска теленовела, снимена од продукцијата на Ацтека. Според многу критичари серијата е добра само во почетокот кога наликува на романтична комедија, а потоа се трансформира во една од најдосадните теленовели. Музиката во серијата ја интерпретираат Рики Мартин и Ана Габриел. КАТАЛИНА И СЕБАСТИЈАН - CATALINA Y SEBASTIANГодина на прикажување: 1999Епизоди: 120Семејството Негрет се наоѓа на дното на својата финансиска пропаст поради тоа што дон Густаво Негрет ги изгубил сите семејни пари. Неговата сопруга не може да се помири со тоа и со фактот дека и е нарушен угледот во општествените кругови, па затоа ја тера својата најстара ќерка Каталина да се омажи за згоден и богат дечко како што е Себастијан. Каталина не го сака Себастијан, затоа што има дечко Едуардо, но откако ќе дознае дека Едуардо ја изневерил затоа што е веќе сиромашна, очајно решава да ја исполни желбата на родителите и да се омажи за богатиот ранчер Себастијан. Каталина се мажи со Себастијан кој се заљубува во неа. Семејството Негрет ќе дојде на имотот на Себастијан и ќе се изненадат кога ќе дознаат дека тој не е сопственик на тоа пространство, туку обичен работник. Меѓутоа таа лага ја има смислено самиот Себастијан со цел да види дали Каталина се мажи со него од љубов или поради парите. Себастијан дознава за вистинските намери на Негрет и решава да и се одмазди на Каталина така што нема да и дава развод и ќе ја натера да живее во сиромашна колиба на имотот како негова жена, жена на обичен работник. Со тек на време, Каталина се вљубува во својот сопруг и дознава за неговата измама дека е сиромашен, но веќе е доцна за остварување на нивната љубов, затоа што Себастијан е тој што сега сака развод, иако е лудо вљубен во неговата Каталина. Каталина се обидува да му ја докаже својата љубов и верност, но меѓу брачниот пар застанува Адела која е вљубена во Себастијан и сака да го раздели од сопругата. Работите дополнително ги комлицира Кармело, кој се смета за син на дон Лупе, таткото на Себастијан. Затоа Кармело сака да го задржи целото семејно богатство, ранчот и парите, па Себастијан ќе мора да се бори за да го поврати тоа што е негово. Но Кармело е спремен да му го врати ранчот под еден услов: ако Себастијан му ја препушти Каталина. Дали Себастијан ќе и се одмазди на Каталина така што ќе ја препушти во рацете на злобниот Кармело или љубовта која ја чувствува кон неа е посилна од таква одлука? Улоги: Силвија Наваро, Серхио Басањез, Серхио Клајнер, Клаудиа Ислас, Алберто Мајагоитиа, Хорхе Луис Пила, Мариа Ребека, Кристијан Каталди, Фидел Карида
| |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Саб Апр 18, 2009 6:51 pm | |
| Pak ovie se partneri?? Dali ovie dvajca imaat snimeno serija vo koja ne se partneri? Ama n veke! | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Саб Апр 18, 2009 7:23 pm | |
| Па Кога ќе бидеш моја, Наследничка и... оваа. Само во овие три се партнери како што знам. Иначе серијава воопшто не ме влече, мислам дека во Србија се има давано | |
| | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Нед Апр 19, 2009 1:56 am | |
| | |
| | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Нед Апр 19, 2009 4:17 am | |
| Овие двајца изгледа се неразделни. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Нед Апр 19, 2009 2:21 pm | |
| Силвија е одлична глумица, може имаше лоша уклога во Кога ќе бидеш моја, али во Сомнеж и Монтекристо е одлична, одлично глуми. А Серхио Басањез не го сакам ни јас, во ниедна серија не ми е добар, а најодвратен ми беше во Марисол | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 35 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Сре Мај 26, 2010 12:08 am | |
| На кабловска уклучи ја некоја босанска програма и серијава игра на неа | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 Сре Мај 26, 2010 12:19 am | |
| Ау одвратно, најгадните глумци секаде заедно... Колку ми е смешно кога ќе ја видам Силвија во Телевиса, делува така недораснато за тоа место... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 | |
| |
| | | | CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|