Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeAMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999

Go down 
3 posters
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitimeПон Фед 23, 2009 12:44 am

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 84584471

Неверна љубов е романтична мексиканска теленовела каде главните улоги ги толкуваат едни од најпознатите и најзгодните латино актери, Кристијан Мејер и Барбара Мори (Руби). Ова е приказна која ја прикажува љубовта од различни аспекти и од различни гледишта на нејзино доживување од луѓето, а сето тоа го прави на многу реален начин по што и се разликува од другите мексикански сапуници. Насловната песна "Alevosia" ја исполнува Luis Eduardo Aute.
Серијата кај нас започна со прикажување на локалните телевизии, но беше прекината.


НЕВЕРНА ЉУБОВ - AMORES...QUERER CON ALEVOSIA
Земја на потекло: Мексико
Година: 2001
Епизоди: 119


Каролина Моралес е млада и убава девојка која припаѓа на средна, обична класа и живее во Мексико со своите родители и двете сестри и има дечко Марио. На факултет, таа при еден случаен инцидент се запознава со згодниот Пабло Ерерос, кој е во врска со амбициозната и посесивна Кармела. Првата средба на Каролина и Пабло започнува со кавга и удари од страна на Каролина, но во очите на двајцата се гледа жар на голема привлечност што навестува голема љубов родена од прв поглед. Семејството на Пабло е доста богато, но како и секое семејство и тие имаат многу проблеми. Гиљермо, неговиот татко е сопственик на новинска куќа и има проблеми со продажба на неговите списанија, па затоа решава да вработи млад надежен кадар и со тоа да ја задоволи и поттикне младата публика да ги купува и чита списанијата. Гиљермо ја запознава Каролина и ја вработува во неговата компанија, па така Каролина по втор пат се среќава со Пабло и повторно започнува нивната караница.
Родителите на Каролина и Пабло се во средната доба од животот и нивните бракови имаат доста кризи и судири п0оради годините. Сузана, мајката на Пабло се вљубува во Иван, најдобриот пријател на нејзиниот син Пабло. А пак Гиљермо мора да бара засолниште во одредени решенија со кои би го спасил бракот кој пропаѓа. Сузана и Гиљермо откриват големи тајни кои имаат и свои псоледици.
Од друга страна, таткото на Каролина - Артуро има афера со неговата полусестра, а Каролина дознава за таа романса меѓу нејзиниот татко и нејзината тетка Анхела. Каролина е вљубена сепак во нејзиното момче Марио и заедно планираат заеднички живот откако Марио ќе дипломира. Но плановите на оваа љубовна двојка паѓат во вода кога Марио е убиен на улица, па од тогаш таткото Артуро ја советува ќерката да не се вљубува за да не страда. Затоа Каролина се посветува целосно на работата во новинската куќа Ерерос. Со текот на работата, таа го запознава подобро Пабло и решава да го негува тоа пријателство за почеток. Постепено сфаќаат дека нивното пријателство преоѓа во љубовна врска, но непоправливиот заводник овој пат ја заведува и нејзината злобна тетка Анхела. Против евентуална врска на Каролина и Пабло е Кармела, неговата девојка. Таа за да го задржи саканиот крај себе, решава да му подметне дете кое всушност не е на него.
Каролина решава да се откаже од љубовта која ја чувствува за Пабло, не поради неговите флертови и романси, туку пред се затоа што Пабло сега е приморан да се ожени за Кармела и да се грижи за детето кое мисли дека е негово... Испреплетени различни приказни, приказни каде секој ќе се бори со проблемите за да го изнајде патот до среќата...


Улоги: Барбара Мори, Кристијан Мејер, Хуан Мануел Бернал, Палома Вурлих, Габриела де ла Гарца, Мигел Анхел Фериз, Патрисија Бернал, Даниел Мартинез
Вратете се на почетокот Go down
solange
Топ постер
Топ постер
solange


Male Број на мислења : 4033
Registration date : 2008-08-19

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: Re: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitimeПон Фед 23, 2009 1:50 am

Barbie i Christian... AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 722953
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: Re: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitimeПон Фед 23, 2009 1:54 am

За мене има уште поубав пар од барбара и Кристијан, а тоа се Кристијан и Габи Еспино, заедно играче во серијата ЛУНА
Иначе знам дека идеше оваа серија кај нас, али не ја ни погледнував
Баба ми тогаш ја гледаше и ми викаше дека не е за мене оваа серија, демек ги нема тие глупости кои јас ги сакам
Вратете се на почетокот Go down
gaby
Успешен Член
Успешен Член
gaby


Female Број на мислења : 861
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-30

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: Re: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitimeПон Фед 23, 2009 12:41 pm

Одлична беше оваа серија впрочем како и сите други напишани од Бернардо Ромеро. Овде за првпат ја видов Барбара Мори и оттогаш многу си ја засакав. Штета што не ја доприкажаа до крај, многу беше реално претставена приказната во која се третираа најразлични проблеми од секојдневниот живот.
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: Re: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitimeПон Фед 23, 2009 6:22 pm

A која друга серија е од таканаречениот Бернардо Ромеро, јас за него прв пат слушам
Јас нешто видов од серирјава и ептен ми изгледаше релано се, па затоа и не ја гледав AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 462314 Тогаш па ептен се палев по Телевиса
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 Empty
ПишувањеПредмет: Re: AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999   AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
AMORES... QUERER CON ALEVOSIA, Azteca|1999
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» VUELVEME A QUERER, TV Azteca|2009
» EL CANDIDATO, TV Azteca|1999
» MAREA BRAVA, TV Azteca|1999
» CATALINA Y SEBASTIAN, TV Azteca|1999

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Мексико-
Отиди до: