|
|
| GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 Сре Окт 08, 2008 9:16 pm | |
| Љубовна одмазда е единствената шпанска теленовела прикажана во нашата земја и тоа на Македонската телевизија. Серијата е од продукцијата на ТВЕ и е римејк на венецуелската серија Дамата на розата и популарната Во туѓа кожа со Кораима Торес . Љубовна одмазда – Geminis, venganza de amor Земја на потекло: Шпанија Година: 2002-2003 Епизоди: 162Даниел Ферер е млад бизнисмен кој со години е затрупан во море на лаги, каење и чувство на вина, покрај жена која не ја сака, но кон која чувствува одговорност. Во таа депресивна ситуација, ја запознава Клара, весела, импулсивна и страствена девојка. Таа е сиромашна девојка, која заработува како кловн на детски забави на кои ги анимира децата. За Даниел, Клара е целосно различна од сите девојки кои ги запознал во својот живот и поради тоа се вљубува во неа. Иако сиромашната девојка мисли дека бизнисменот е арогантен и со камено срце, наскоро се уверува во спротивното, и сфаќа дека зад таа слика на крут маж, стои всушност човек кој страда, нежен и стабилен од кој се воодушевува и целосно го разбира. Клара безрезервно му се предава, не претпоставувајќи дека тој е женет со Елена. Елена, иако не го сака својот сопруг, не сака ни да го загуби. Елена е убедена дека Даниел е виновен за смртта на нејзините татко и брат, па затоа постојано го обвинува за тоа, му префрла и неговиот живот станува пекол. Огорчена од животот, бесна и злобна, Елена прави се за да го задржи својот сопруг крај себе, дури Даниел ја голта и приказната за наводната бременост на Елена. Октавио е љубовникот на Елена и пријател на Даниел, бескруполозен и неморален маж кој само сака да ужива во парите на Елена, а таа сака само да му се одмаздува на Даниел. Октавио се занимава со нечесни зделки, трговија на дрога и оружје, иако Даниел не ни може да претпостави какви задни работи и намери има неговиот колега. Октавио и поставува и стапица на Клара, која целосно и го менува животот на младата и наивна девојка. Нејзиниот свет се руши кога ќе биде осудена на 5 години затвор поради трговија со дрога, дело кое таа не го сторила. Од затворот Клара успева да излезе преку една несреќа, поради која сите мислат дека е мртва и ја проглсуваат за мртва. Даниел не може да ја преболи смртта на саканата жена за која поверува дека е дел од наркомафијата, но Клара има сосем поинакво гледање сега за Даниел. Таа успева да се врати во животот на Даниел со нов идентитет, а единствената алатка за да се одбрани од непријателите е да постане иста како нив, злобна, бескруполозна и одмаздољубива. Клара верува дека Даниел е виновен затоа што таа завршила во затвор и го изгубила детето, па затоа ја започнува својата љубовна одмазда... Улоги: Ана Турпин, Мануел Сан Мартин, Исабел Серано, Рафаел Рохас, Мариа Хозе Алфонсо, Елиза Гарсон, Мариа Кости, Пепе Мартин
Последната промена е направена од Beauty на Вто Јан 27, 2009 2:27 am. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 Сре Окт 08, 2008 9:27 pm | |
| Серијава е римејк на Cambio de piel(Coraima Tores,прикажана во Скопје 2000 г.) која пак е римејк на Dama de rosa,арно ама јас имав можност да ги погледнам двете венецуелски серии,кои беа подеднакво одлични,али овде во шпанскава се беше дупка,од глума до реализација | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 Сре Окт 08, 2008 9:42 pm | |
| Да ти кажам дека и мене кога ја читав и преведував содржината, ми заличи многу на ВО ТУЃА КОЖА.....................али има и одредени разлики... плус оваа Љубовна одмазда според мене наликува и на аргентинската АНТОНЕЛА, зашто таа у почетокот работи како кловн........ а понатака со дрогата, затворот, сменетиот идентитет е се исто како Во туѓа кожа........ не ја гледав серијава, немав време, првата епизода само ја видов и не ме привлече....а мене не ми беше фаворит ни Во туѓа кожа, искрено | |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 Пет Окт 10, 2008 6:41 pm | |
| Ne sum ja gledala serijava. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 | |
| |
| | | | GEMINIS, VENGANZA DE AMOR, TVE|2002/03 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|