Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
Предмет: SON AMORES, Pol-ka, Canal 13|2002/03 Вто Окт 27, 2009 2:29 am
Son Amores е аргентинска телекомедија, креирана од Адриан Суар, во продукција на Пол-ка, која се емитуваше на Канал 13 во текот на 2002 и 2003 година. Таа доживеа голем успех и беше лидер во гледаноста во прајм тајм терминот од 21 часот. Исто така, во 2002 година ја доби наградата Мартин Фиеро за најдобра телекомедија.
Земја на потекло: Аргентина Број на епизоди: 463 (две сезони) Период на прикажување: 28. јануари 2002 – 3. јануари 2004
Времињата се менуваат, а со нив и начинот на живот. Денешната фамилија не е иста како порано. Ова е приказна за еден поинаков начин на живот во фамилија. Исто така е и приказна за тоа дека ништо не е вечно и се може да се промени. Ова е приказна за Роберто Санчез,човек кој живее сам, и смета дека не е роден за да живее со некого. Тој е фудбалски судија кој е опседнат со нормите на животот, исто како што е опседнат со правилата во фудбалот. На почетокот на приказната текот на неговиот живот значително се менува. Неговата жена го напушта, и кога мисли дека е повторно сам, кај него доаѓаат неговите внуци Пабло и Мартин,синовите на сестрата на Санчез кои живеат во едно село во внатрешноста.Тие се вселуваат во куќата на својот вујко, со цел да си ја пробаат среќата и да постигнат успех во светот на фудбалот.По кратко време доаѓа и помалата сестра на двете момчиња Валерија, која повеќе не може да го поднесе животот на село. Да се навикне на ваков хаотичен начин на живот, за овој строг човек е вистински проблем, но со текот на времето успева да се справи со тоа.
Улоги: Miguel Angel Rodríguez, Mariano Martínez, Nicolás Cabre, Mario Pasik, Millie Stegmann, Marcela Kloosterboer, Florencia Bertotti, Claudia Fontán, Facundo Espinosa, Nicolás Vasquez, Carla Peterson и др.
*JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11