Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeВлатко Лозаноски - Page 2 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Влатко Лозаноски

Go down 
+12
Ana-Marija
Burrows
marijask
viktorija
gaby
Losteech
dijanape
solange
iva_macedonia
Chris
LucasScott
Beauty
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
dijanape
Топ постер
Топ постер
dijanape


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1184
Registration date : 2008-12-21

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 21, 2009 1:55 am

Ние самите го бараме во него Тоше затоа што има некоја црта што не потсеќа на Тошета а и гласот не потсеќа на него а Влатко е Влатко не може да се направи некој друг.
Влатко е супер и супер пее има и убави песни
Вратете се на почетокот Go down
marijask
Нов Член
Нов Член
marijask


Број на мислења : 44
Registration date : 2009-01-19

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 21, 2009 2:28 am

го мразам поради тоа што го емитира тоше. и се прави некоја голема фаца.
Вратете се на почетокот Go down
viktorija
Член
Член
viktorija


Female Zodiac : Aries Број на мислења : 291
Birthday : 1992-04-10
Age : 32
Location : Дома!
Registration date : 2009-07-17

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 21, 2009 2:55 am

Се согласувам со марија али јас не го мразам ... туку не го сакам ... тоа е далеку од мразење ....
Вратете се на почетокот Go down
iva_macedonia
Топ постер
Топ постер
iva_macedonia


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1193
Birthday : 1994-07-26
Age : 29
Location : Пробиштип
Registration date : 2009-03-11

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 21, 2009 5:20 pm

И јас не го мразам ама не ми е во омилените пејачи.Има стварно преубави песни но некако....не ми штима нешто
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 08, 2009 6:53 pm

Ако песната останува во меморија на слушателите, тогаш си завршил работа!

Влатко Лозаноски - Page 2 25FD865382767648A2E133EA6DE6D941
Макфестовскиот
победник лани и вицешампион на престижниот белоруски фестивал
Славјански базар 2009, надежниот Влатко Лозаноски, е еден од
најпопуларните млади пејачи во Македонија. Иако во јавноста е присутен
одвај една и пол година, има седум песни, кои публиката одлично ги
прифати, што претставува сериозна најава дека неговиот деби-албум, кој е во подготовка, ќе биде нешто навистина интересно.
Затоа
Влатко и ништо не му остава на случајот. Ова лето, под капата на
продукција Република, Лозаноски ќе има интензивни свирки низ земјава, а
секој слободен миг ќе го посвети на доработка на материјалот за
првенчето, кое светлината на денот би требало да ја здогледа во
септември...
Неодамна се врати од престижниот фестивал Славјански базар,
каде што го освои второто место. Какви впечатоци носиш од Белорусија?

Овој фестивал за мене претставува животно искуство, многу подобро
отколку се друго досега. Ова е несомнено еден од најголемите фестивали
во Европа, ако не и подалеку. Го финансираат три држави – Русија,
Украина и Белорусија. Затоа се изгледаше толку гламурозно и
беспрекорно. Мора да напоменам дека голема помош во Белорусија ми беше
и Марјан Катаровски, човекот што и ме однесе на фестивалот Славјански
базар. Најпосле, впечатоците се феноменални и уште ме држат.
Престојот во Белорусија траеше без малку две недели. Што се случуваше во тој период?

Влатко Лозаноски - Page 2 E557F64BE562434889115A21D5D36DCB
Фестивалот
имаше две полуфинални вечери, од кои на едната се пее на матрица, во
живо, а другата вечер те придружува оркестарот. Им претходат долги и
интензивни подготовки и проби. Јас во Белорусија настапив со песните
Блиску до мене и Сонце не ме грее. Претходно имаше и еден ревијален
дел, каде ја пеев Врати ме, а имаше и програма каде што учесниците ги
претставуваат своите земји. Тогаш секој беше облечен во костум, кој
имаше етноелементи од земјата од која доаѓа. Сите фаворити на
фестивалот заедно настапивме со фестивалската химна Здравствуј Витебск. Иако бев единствениот што не знае руски јазик, се снајдов во својот дел.

Во
ревијалниот дел на фестивалот настапи најголемата музичка ѕвезда на
Белорусија – Пјотр Елфимов, кој беше гостин на нашиот национален
Евросонг во февруари, а на големата евровизиска сцена ја претставуваше
Белорусија.

Имаше ли годинава на Славјански базар и претставници од други балкански држави?

Србија
ја претставуваше Ненад Ќераниќ, а Бугарија Владо Димов. Со Ненад и
Владо навистина се зближивме и се дружевме, а во друштво ни беше и
претставникот на Бразил, со кого ни се потрефи муабетот.

Деновиве, по враќањето од Белорусија, ги почна домашните клупски ангажмани. Што се те очекува ова лето?

Веднаш
по пристигнувањето во Македонија ме контактира Марина, пи-ар на
продукцијата Република, чиј сум ексклузивец, за да ми ги каже летните
обврски. Летово интензивно ќе настапувам, а во подготовка е и мојот
деби-албум, планиран да излезе во септември...

Што се ќе содржи твојот деби-албум?

Ќе
ги има досегашните седум песни и уште неколку нови, се заедно ќе има
над 13 композиции. И на преостанатите песни главниот збор го има Лазар
Цветовски. Некои песни се снимаат кај Лазар во Тетово, некои во
студиото на Врчак...

Пред да станеш дел од Република
имаше две неуспешни соработки со Драган Пешиќ и со Ерик Фокс. По се
изгледа те огреа сонцето со Републиканците...

Тие
соработки ги одбележаа почетоците на мојата кариера, кога не бев
доволно запознаен со случувањата на естрадната сцена. Затоа е неминовно
во таков период и да згреши човек. Но, не го сметам тоа за грешка.
Важно ми е дека сега супер ми оди со Републиканците, кои навистина се
топ. Генерациски сите сме тука некаде, што значи дека стремиме кон
истите цели и интереси.

На што те обврзува договорот со Република?

Влатко Лозаноски - Page 2 D35ACE65FC289C4EBE9FF7592589892E
Договорот
предвидува три години верност. Функционираме како екипа, меѓусебно се
поддржуваме и ако се оди според планот, амбициите се високи. Но, тоа е
веќе во Божји раце...

Ја спомнавме песната Сонце не ме грее. Таа несомнено претставува твоја лична карта...

Се
согласувам дека е навистина добра. И музиката и текстот се одлични, а и
јас се внесов во изведбата. И сега во Белорусија, иако не го разбираа
текстот, публиката и колегите изведувачи го потпевнуваа рефренот.
Дефинитивно, има нешто во таа песна...

Лани победи на
Макфест, а сега од Белорусија се враќаш со освоено второ место. Во
меѓувреме не успеа да триумфираш на националниот Евросонг, а на
фестивалот во Будва неочекувано не успеа да влезеш во финалето. Како ги
доживуваш тие своевидни порази?

Воопшто не ги доживувам
како порази, тоа му се случува на секој музичар. Најважно е песната да
допре до што повеќе луѓе. Ако песната останува во меморијата на
слушателите, тогаш си завршил работа...

Па, од што ќе се состоеше твојата кариера ако во првата година ги освоеше сите важни награди?

Ќе
немаше место за другите години, се ќе загубеше смисла. Од една страна,
наградите се важни оти поттикнуваат, а од друга не е интересно ако
освоиш се веднаш. Националниот Евросонг е добро искуство, а и во Будва
бев забележан, без оглед што очекував да влезам во финалето. Но, на
фестивалот во Будва се случуваат чудни работи и горе-долу и се познати
на јавноста. Таму имаше премногу ѕвезди, а српските изведувачи
доживеаја фијаско. Којзнае, можеби следната година ќе имам поголем
успех...

Ќе те видиме ли годинава на домашните фестивали - Охридски трубадури и Макфест?

Годинава ќе паузирам малку од домашните фестивали. Здравје Боже, в година...

Познато
е дека влегувањето во светот на шоу-бизнисот кај сите луѓе е со
различен мотив. Кај некои тоа се девојките, кај другите славата,
парите... Од кои побуди Влатко Лозаноски почна да пее?

Влатко Лозаноски - Page 2 714D12AB45B1C941BCC6923C94E60F62
Мојата
цел е да пеам и да создавам музика, бидејќи од кога знам за себе јас
или свирам или пеам. Почнав кога бев во народната музика, свирев
хармоника. Во Битола запишав средно музичко, а сега сум на академија во
Скопје.

На музичката академија си на теоретскиот дел. Како одат студиите?

Апсолвирав
и треба да дипломирам. Требаше уште лани, ама ми се случија обврските –
настапи, фестивали... Пак ќе кажам - мојата цел е да пеам и да создавам
музика, а таа да допре што повеќе луѓе.

Спаѓаш во редица на најпопуларните млади пејачи во Македонија. Како се справуваш со обожавателките?

Фала
му на оној што го измисли Фејсбук, бидејќи благодарение на тој феномен,
помалку ме бараат на мобилен. Затоа велам дека многу полесно
обожавателите ќе ме најдат на нет, отколку на телефон. Гледам да
одговорам на сите пораки што ми се испратени на Фејсбук. Некогаш
успевам во тоа, а некогаш, за жал, не успевам. Премногу доаѓаат и не
можам да се справам со сите. Сепак, се обидувам за сите да имам убав
збор, насмевка, бакнеж, прегратка, автограм... Ете, по настапот во
Белорусија и таму ме бараа да ме гушнат, да ме прегрнат, да земат
автограм од мене. Среќа носев летоци од тука, па можев на сите да им
излезам во пресрет.

Спомна дека си во исчекување на реализација на твоето студирање. Дали со тоа ќе ги оправдаш очекувањата на твоите родители?

Несомнено!
Моите родители се презадоволни од мене и најважно им е да сум здрав и
жив. Секогаш кога сум на пат, тие ме мислат и постојано сме во контакт.
Знаат дека музиката ми е се во животот и ме поддржуваат во работата.

Инсистираат на високо образование?

Да, бидејќи во тоа е иднината. Популарноста доаѓа и проаѓа, а нешто мора да се работи во животот.

Какви се твоите амбиции за во иднина? Каде се гледаш себеси?

Влатко Лозаноски - Page 2 378F330CA0C68B4BB52E2DD869EF12E8
Се
надевам дека мојата кариера ќе оди по нагорна линија. Секако, тука се
контактите од странство, за кои се надевам ќе ги искористам. Луѓето се
задоволни од мојот вокал, што ми е поттик и понатаму да го школувам
гласот. Од битни луѓе од музичкиот бизнис од Русија добив повик таму да
продолжам со школувањето, што е една од понатамошните опции. Во иднина
ќе има и странски дуети, но се уште е прерано да ги откривам деталите.

Публиката најмногу те познава по твоите прекрасни балади... Ќе бидат ли и другите песни на твојот деби-албум во тој правец?

За
таа дилема многу зборувавме и со Лазар Цветковски и со луѓето од
Република... Заради фестивалите на кои сакав да се докажам како
квалитетен вокалист, пеев балади, што значи дека остатокот од албумот
би требало да им припадне на побрзите песни. Не значи дека остатокот од
албумот ќе биде во сосема друг правец, но ќе биде прошаран – и брзи и
бавни теми. Работен наслов на албумот е Блиску до мене, а стилот
останува ист – поп-рок, како и досега...

Освен со ексклузивците на Република, со кој друг се дружиш од домашната сцена?

Републиканците
ги има многу, па воопшто не ни е здодевно. Затоа е и логично што сум
најмногу со нив. Тука е секако и Дарко Илиевски, со кого сме соседи, а
постојано сум и со Димитар Андоновски.

На кого посебно од твоите колеги му симнуваш капа?

На
ДНК! Дечките со многу љубов го работат тоа што го сакаат и навистина го
работат многу добро. Алал да им е! Многу се позитивни и верувам дека
допрва ги очекува уште поголем успех.

Споредбите со Тоше Проески ти пречат или се привилегија?

Влатко Лозаноски - Page 2 215979F845D1FB46B473A06A146F5647
Зборувањето
за Тоше Проески за мене е болна тема. Или уште подобро кажано, тоа ми е
слаба точка... Во почетокот не знаев ни сам, ми пречат ли споредбите
или ми годат. Од една страна ми е мило што ме споредуваат со една толку
голема ѕвезда, со еден вонсериски музичар, вокалист и врвен уметник и
над се, голем човек. А од друга страна, музички моите песни се
разликуваат од неговото творештво. Кога ќе излезе албумот во септември
ќе видат луѓето дека не е баш така како што мислат. Затоа директно ќе
одговорам – не ми пречат споредбите со Тоше.

Каде е во целата приказна љубовта? Се гледаш ли во некоја сериозна врска?

Девојки
има, не е да нема, но се уште не сум за сериозна врска. Постојано
патувам и настапувам и не можам целосно да обрнам внимание на некоја
посебна личност. Затоа, сега-засега, се дистанцирам од сериозна врска.

Што ти е битно за љубовта да успее?

Разбирањето, пред се. Посакувам девојката што ме сака да има разбирање за моите обврки, за спецификите на мојата професија.

Во
едно интервју со Тоше Проески од 2006 година, тој ми се довери дека му
е многу тешко да ја препознае вистинската љубов. Не знаеше дали некоја
девојка е со него заради него, или бидејќи тој е ѕвезда?!

Беше
сосема во право... Сите јавни личности се соочуваат со тој проблем. Не
знам зошто, но јавната професија претставува магнет за сите. Камерата
прави чудо, иако кога ќе се изгасат камерите ние сме сосема обични луѓе.

Влатко Лозаноски - Page 2 86D692DDF818834CA23E5B97E84C40DA
Имаш ли време кога не си со ангажманите да му се посветиш на некое хоби, да правиш нешто што те прави среќен?

Во
претходните интервјуа истакнував дека сакам да играм на плејстејшн, но
во последно време ни тоа го немам. Кога сум слободен сакам да појдам
дома во Кичево, да се видам со моите и со другарите. Дури и кога сум
некаде блиску до Кичево - Охрид, Струга, Прилеп, Битола..., сакам да
преспијам дома. Порано играв фудбал, следев што се случува на тоа поле
и бев зависен од обложувачниците.
Одвреме-навреме знам да изгледам некој филм, да сурфам по интернет и повторно да ја наоѓам музиката за приоритетна.

Кој во светските рамки за тебе претставува репер во музиката?

Ги
има многу, но еден од омилените ми е Роби Вилијамс. Тој е комплетна
личност – шоумен, голем музичар... Исто како и Џастин Тимберлејк.

Роби Вилијамс одамна нема ништо ново. Ти недостига ли?

Апсолутно! Секој фан секогаш бара нешто ново. Сите учиме од некого.

Ќе најдеш ли време летово да избегаш од сите ангажмани што ги имаш и десетина дена да се посветиш себеси?

Многу
тешко... Постојано настапувам – секој ден во неделата, освен
понеделник. А, и го довршувам албумот. Но, нека помине се како што
треба. Лесно е да се ужива во благодатите од работата.

Иван Беќковиќ,
Теа модерна
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 09, 2009 2:04 am

Цитат :
А од друга страна, музички моите песни се
разликуваат од неговото творештво
. Кога ќе излезе албумот во септември
ќе видат луѓето дека не е баш така како што мислат. Затоа директно ќе
одговорам – не ми пречат споредбите со Тоше.

што сака да каже со ова? немој пак да го замразам типчево Влатко Лозаноски - Page 2 996773
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 09, 2009 2:05 am

Chris напиша:
Цитат :
А од друга страна, музички моите песни се
разликуваат од неговото творештво
. Кога ќе излезе албумот во септември
ќе видат луѓето дека не е баш така како што мислат. Затоа директно ќе
одговорам – не ми пречат споредбите со Тоше.

што сака да каже со ова? немој пак да го замразам типчево Влатко Лозаноски - Page 2 996773

Сака да каже дека е глупава неговата споредба со Тоше, ама тоа не му сметало? Влатко Лозаноски - Page 2 409660
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 09, 2009 2:08 am

Влатко Лозаноски - Page 2 353532 whatever
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 2:19 am


Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 2:21 am

2:50 минути гледајте го видеото тогаш го даваат Влатко
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 3:03 am

Знам дека типов многу му удрило тоа у глава што го споредувале со Тоше и дека многу се променил на полошо
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 1:02 pm

Anamarija напиша:
Знам дека типов многу му удрило тоа у глава што го споредувале со Тоше и дека многу се променил на полошо
Нема врска ова Влатко Лозаноски - Page 2 945213 Влатко Лозаноски - Page 2 696398
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 8:43 pm

Ти па од кај знаеш дали има или нема врска?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Ное 03, 2009 5:30 pm

Нема да е крај на свет(нова песна и најава на неговиот деби албум):


Одлична песна, како и сите негови претходни! Мене Влатче ми е многу драг, и навистина заслужува да има убава кариера!

Вратете се на почетокот Go down
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeСаб Дек 12, 2009 3:51 pm

Мене ми остава впечаток на арогантна личност со самата негова појава.Нема да негирам дека пее лошо,иако понекогаш делува како пренагласена копија на Тоше.
Конкретно мислам на мекото ''Ш''.
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeСаб Дек 12, 2009 4:01 pm

Мене ми се допаѓаат неговите песни, сум кажала во неколку наврати, али оваа последнава и не ми е толку специфична и не ми остави некој силен впечаток за разлика од сите претходни.
Сонце не ме грее - дефинитивно најубава негоа песна, не за џабе ланската сезона македонските форуми ја изгласаа за најголем хит.
Вратете се на почетокот Go down
elena flordun
Нов Член
Нов Член
elena flordun


Zodiac : Taurus Број на мислења : 18
Birthday : 1985-05-05
Age : 39
Location : СО КЕРЕМ ВО ТУРЦИЈА
Registration date : 2009-12-22

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Дек 22, 2009 8:30 pm

најдобар е влатче од сите пеачи на естрадава најмногу го обозавам Влатко Лозаноски - Page 2 722953 Влатко Лозаноски - Page 2 722953 Влатко Лозаноски - Page 2 722953

_________________
Влатко Лозаноски - Page 2 Keremimza9lf0
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Дек 29, 2009 2:04 pm

Новата песна на Влатко што ја испеа вчера премиерно на плоштад...



П.С. Не кажа како се вика песната...а и се извинувам за тоа што можеби некој го иритира зборењето на клипот, али неможев да ги сопрам другарките да коментираат Влатко Лозаноски - Page 2 429846
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeНед Фед 07, 2010 7:19 pm




Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПон Фед 15, 2010 11:59 pm

Вратете се на почетокот Go down
Blair Waldroft
Успешен Член
Успешен Член
Blair Waldroft


Female Zodiac : Taurus Број на мислења : 836
Birthday : 1994-04-26
Age : 30
Location : In a Gossip world
Registration date : 2009-08-07

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeВто Фед 16, 2010 10:55 am

Moжам да кажам слободно дека на почетокот и не го сакав...затоа што ужасно ме потсетуваше на Тоше..а болката по него се уште ми беше свежа..Со сонце не ме грее го засакав..Предобар вокал..не може,а да не биде најдобар...Тој е поголемо освежување на нашава монотона естрада.Добро е што се држи до еден стил..кој му одговара перфектно..Го имам два-пати видено...Ама вториот пат беше поубаво-Кога ми дигна рака...Навистина дечкото си нема мана...xD
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeСаб Фед 20, 2010 1:30 am




Вратете се на почетокот Go down
igorao85
Успешен Член
Успешен Член
igorao85


Male Zodiac : Taurus Број на мислења : 616
Birthday : 1985-05-14
Age : 39
Registration date : 2010-02-28

Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitimeПон Јун 21, 2010 1:40 am

Морам да кажам дека и јас не почетокот не го сакав а сега не можам да си замислам ден без Сонце не ме грее, Очи што тајни кријат,Нема да е крај н свет, Летам кон тебе.Мислам дека е најдобриот вокал што го имаме а за имитирањето на Тоше ќе кажам само дали сте слушнале за Јоце Панов...?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Влатко Лозаноски - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Влатко Лозаноски   Влатко Лозаноски - Page 2 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Влатко Лозаноски
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Музика :: Македонска-
Отиди до: