Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Вто Фед 03, 2009 2:27 am
За тоа новото не ни треба коментари да давам, сигурно ги има спотовите на youtube, иначе во најновиот СВЕТ има интервју со Каролина и нешто што најмногу ме зачудило е што целото интервју е тполку одлично, со одмерени изјави и концизни зборови употребени од Каролина, мислам чудно зашто сепак е таблоид СВЕТ и мора нешто додадено и преувеличено да има ОВДЕ ТОА ГО НЕМАШЕ Изгледа ниедна изјава на Каролина не дава повод за такво нешто
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: Каролина Гочева Вто Фед 03, 2009 3:11 am
Mnogu si ja cenam Karolina i poradi tia sto ne saka da bide po sekoja cena na TV i vo spisanijata,samo koga ima nesto novo na raboten plan
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
А кој рече дека се ривалки? калиопи има напишано 2 песни за Каролина, мегахитот Се лажам себе и рок баладата Само уште еден ден Дури и Калиопи беше поканета на хуманитарниот концерт пред една година што го организираше Авалон И не знам дали се сеќавате на една сензација пред некоја година на 12 Величествени кога Каролина ги доби сите можни награди, а Калиопи доби награда за Хит на таа година, што беше и апсурдно И Калиопи сосем правилно рече дека е апсурдно да она добие хит кога најалбумот, најспотот и пејачка на минатата година е Каролина, па затоа ја повика Каролина од публика и и ја врачи статуетката за Хит на годината Каролина на ова додаде: Ова го може само нашата Калиопи! и се гушнаа На ова, злите јазици извадија триста трачеви
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Саб Фед 07, 2009 2:38 am
Најновото интервју со Каролина Autor: Александар Наков
Каролина Гочева постојано предизвикува интерес во јавноста и тоа од неколку причини. Едната е тоа што го издаде својот албум “Македонско девојче“. Другата поради што албумот направи голем бум, третата неодамна се врати од зимувањето во Сент Мориц, четвртата нејзиното момче, петатта...За неа велат дека е најпопуларната и најитригатната пејачка која конечно научи да се носи со својата естрадна карма. Иако неодамна направи неколку успешни концерти и е во подготовка на нов поп албум душегрижниците и понатаму полемизираат за случувањата во животот на Каролина надвор од естрадната сцена.
Неодамна, со твоето момче дино се вративте од зимување. Бевте во Сент Мориц, како си поминавте? Да, бев во Сент Мориц, како и минатата година. Се разбира дека одморот на секого му годи, особено по таков напорен период каков што имав до крајот на минатата година. Се одморив, скијав, а качив и некое килце.
Бевте сами или повторно со друштво? Со драги пријатели.
Каков скијач си? Мислам дека сум доста добар скијач, така велат другите.
Се опуштивте ли, потрошивте ли малку повеќе пари, со оглед на тоа што добро заработи минатата година? Се опуштив, а потрошив толку колку што ми дозволуваат можностите. Сигурно не милион денари како што вие напишавте дека сум потрошила минатата година. Тоа е огромна сума за наши услови.
Дали ти годеше што беше рекордер по хонорарот за новогодишниот настап, од сите наши пејачи? Се разбира, но да знаете бројката што ја објавивте за мојот новогодишен хонорар, не беше сосема точна. И се разбира, нема да ви ја откријам вистинската сума. (се смее)
Не стигнавме да те прашаме како си помина на настапот? Одлично. Публиката во Црна Гора ми е една од омилените и секогаш уживам кога настапувам каде било во Црна Гора, затоа што одлично ме прифаќаат.
Интервјуто го правиме во Битола, моментално си тука кај твоите. Колку често ги посетуваш? Секој послободен период го користам да дојдам во Битола. Најмногу ме опушта домашна атмосфера и затоа најголемиот дел од времето го поминувам дома. Особено сум среќна кога сите се собираме на заеднички семеен ручек и морам да признам, како што поминуваат годините, се повеќе ми недостасуваат тие мали работи што го сочинуваат секојдневието, и затоа им придавам голема важност. Се разбира, сакам да излезам и со другарките. Ова е мојот роден град, и нормално е тука да ми е најубаво.
Како ги поминуваш деновиве, освен што навиваш за ракометната репрезентација и за твојот пријател Кире Лазаро? Деновите ги поминувам потполно релаксирано, не размислувам на ни една од работите што ми причинуваат стрес и нервоза. Се разбира, ги следам натпреварите на нашата репрезентација и се гордеам со мојот школски другар Кире Лазаров.
Со Кире се знаете од средно училиште, каков ученик беше тој? Со Кире заедно учевме во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ во Битола, во четврта 6. Беше одличен ученик. Со сите петки! (се смее)
Колку си задоволна од тоа како се продава твојот последен албум? Првиот тираж помина многу добро, тоа го покажаа и моите два успешни концерти во Скопје и Битола, очекувајте уште еден тираж а јас во меѓувреме ќе работам на нови песни.
Зошто се реши да правиш концерт во “Универзална сала“, а не во “Борис Трајковски“, на пример? Затоа што албумот “Македонско девојче“ има тивка, нежна музика и бара посебна акустика, што сала од типот на “Борис Трајковски“ не може да ја понуди. Мислам дека со овој концепт понудив нешто потполно ново во мојата кариера, а и во целокупната македонска музика. Публиката што беше во “Универзална“, можеше да го чуе и најтивкиот шум, секој тон и мислам дека уживаше исто колку и ние кои бевме на бина.
Ти си му кума на еден од твоите менаџери, но тие се и твои деловни соработници. Како досега да не сте се скарале за работа? Се разбира дека се караме како и сите луѓе кои работат заедно, но нашите кавги се позитивно конструктивни. (се смее)
Кога да очекуваме од тебе нов поп-албум? Размислувам интензивно на таа тема, а наскоро ќе се “фрлам“ на работа. Се уште не сум ги собрала сите песни, но имам веќе неколку многу добри и многу наскоро ќе почнам со снимање.
Дали ќе го правиш само на македонски, или ќе го препееш и на српски? Како и трите последни албуми, и овој албум ќе биде наменет и за поранешните ју-простори, па значи ќе биде и на српски и хрватски.
Ти беше единствената пејачка која се појави двапати на “Операција триумф“. Од која причина те поканија двапати? Точно, јас бев двапати на “Операција триумф“, првпат беше на првата Гала кога пеев со нашиот Александар, а вторпат некаде при крајот, кога пеев со Нина, Ана и Соња. Не знам која беше причината што ме поканија по вторпат. Веројатно беа задоволни од мојот прв настап.
Мислиш ли дека Александар Белов ќе стане ѕвезда? Би снимила ли дует со него? Мислам дека Александар е голем потенцијал. Тој е многу талентирано, убаво младо момче, но најважно од се е што е многу воспитан и скромен што беше и една од причините за сите толку да го засакаат.
Што мислиш за другите преставници? Со Нина имав можност да пеам и за неа можам да кажам само пофални зборови. Се разбира дека убави работи имам да кажам и за Аднан и Вукашин, кои исто така стигнаа до финале. Им посакувам да направат голема кариера, затоа што сметам дека заслужуваат.
Какво е твоето генерално мислење за овогодишниот избор на песна за “Евровизија“? Мислиш ли дека Белов повторно ќе биде фаворит на публиката? Не сум запознаена со деталите и изведувачите околу овогодишниот избор, но веќе слушнав дека го спомнуваат неговото име во некои прогнози.
Ретко те гледаме на македонските фестивали, ама често знаеш да се појавиш на некој од интернационалните, која е причината? Одамна не сум била на некој интернационален фестивал. Последен беше “Радискиот“ во Белград минатата година. Едноставно, не го гледам веќе моето место на некој од фестивалите, а забележувам дека слично размислуваат и некои од моите колеги, кои имаат повеќегодишно искуство.
Која од твоите колешки ти е најдобра пријателка, доколку воопшто постои таква? Не ја гледам естрадата како место каде што би можела да најдам искрен, долгогодишен пријател. Повеќето што тврделе дека се неразделни, сродни души и слично, по некое време си вртат грб и се озборуваат на секој чекор. Моите најдобри другарки не се личности од јавниот живот, и со нив речиси никогаш не разговарам за мојата работа.
А, со кои не се дружиш, немој да ми кажеш дека со ниту една не си скарана? Па токму поради ова што ти го кажав погоре и не сум скарана со никого. Се разбира, некои ми се драги, некои не толку, но со никого не сум се испокарала за да не можам да си кажам ни најобично - здраво.
Ги следиш ли трач муабетите од соседството? Мислиш ли дека Беквалац го изневери Дача со Новак? Чув нешто на таа тема, но се разбира дека не верувам. Можеби затоа што многу ја сакам Наташа Беквалац, па не сакам да верувам во тоа.
Каков е твојот став кон прељубата? Во никој случај не ја оправдувам. И мислам дека не би простила такво нешто, доколку ми се случи.
Како би реагирала доколку Дино се појави на некоја насловна страна со некоја позната “цица“? Не би реагирала никако. Една слика не значи ништо. Се разбира, позата е многу важна. (се смее)
Колку сте љубоморни еден на друг? Во нормални граници. Најголема казна за некој што ја работи мојава работа е до себе да има искомплексиран љубоморен партнер.
Твоето момче го бркале многу жени, а тебе многу мажи. Дали уште сте фатални еден за друг? Не знам зошто ме прашуваш вакво нешто, па јас никогаш не сум била фатална, така што ниту еден мој партнер не бил со мене затоа што сум фатална.
Каква си кога ќе се вљубиш? Среќна и исполнета.
Последниве години пејачките како да се натпреваруваат, изјавувајќи која колку пари дала за некое брендирано парче гардероба. Што мислиш за таквото експонирање? Не се сеќавам јас некогаш да сум кажала колку пари сум платила некое парче гардероба, ниту пак мислам дека тоа е нешто со кое треба да се фалам. Мене не ми се допаѓа таков вид на експонирање, како ни вашиот натпис од пред некој број дека сум добила на подарок од момчето бунда од нерц. Дечко ми навистина сака да ми подарува убави работи, но конкретно, бундата за која пишувавте, си ја купив сама, и не е од нерц! (се смее)
Кое е најскапото парче што го имаш ти во твојот ормар? Не знам зошто е толку тоа важно, а и само на нашиве простори го поставуваат тоа прашање. Не сум забележала некој да ја прашува Бијонсе кое е најскапото парче кое го има. Или можеби се лажам?! Имам работи кои се брендирани, но немам никаков комплекс од тоа да си купам и некое парче за 10 евра и со огромно задоволство да си го носам.
Сето тоа чини многу пари, како стоиш финансиски? Морам да кажам дека на нашиве простори од музика многу тешко се заработуваат пари, и навистина треба многу труд и работа за добра заработка. Јас сум цело време некаде на пат, така што сите оние кои мислат дека оваа работа е лесна, бидејќи само си “шеташ и си пееш“, нека знаат дека не е така. Инаку, финансиски стојам солидно. (се смее)
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Каролина Гочева Нед Фед 08, 2009 1:13 am
Големо е после ке го исчитам па ке коментирам
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: Каролина Гочева Нед Фед 08, 2009 1:31 am
Jas go provitav!
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Пон Мар 02, 2009 8:29 pm
КАРОЛИНА ГО ОТВОРИ КАРНЕВАЛОТ ПО МАРКОВИ КУЛИ Во Прилеп се забавував како тинејџерка
Евровизиската "Мојот свет" ,"Јовано Јованке", "Македонско девојче","Битола мој роден крај", беа дел од песните што поп sвездатаа Каролина Гочева ги испеа на концертот во центарот на Прилеп заврчеравечер. Каролина беше специјална гостинка на свеченото отворање на меѓународниот карневал "Прочка 2009". Прилепчани ја сакаат убавата и талентирана Каролина кои чекаа ред да се фотографираат и да добијат автограм од неа. Каролина откри дека има многу убави моменти и спомени поврзани со градот под Марковите Кули. -Барем два викенда во месецот како мала доаѓав во Прилеп со баба ми или со родителите. Имаме блиски роднини , а и сестра на мајка ми е мажена во Прилеп .На крајот на секоја училишна година братучед ми правеше журки и не викаше и нас братучетките од Битола. Се сеќавам дека многу убаво си поминувавме. Бев седмо или осмо одделение , вели Каролина.
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: Каролина Гочева Пон Мар 02, 2009 9:47 pm
lELE DA kAROLAJN NI DOJDE,SUPER BESE I SO NOVATA FRIZURA PRESLATKA E
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Пон Мар 02, 2009 10:24 pm
Чекај стефан не си ти од Битола?
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: Каролина Гочева Пон Мар 02, 2009 11:17 pm
Imam veke kazano deka sum od Prilep
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Вто Мар 03, 2009 1:22 am
Стварно? па јас се мислев од Битола си, сори
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: Каролина Гочева Вто Мар 03, 2009 3:42 am
Beauty напиша:
Фризурава и е погодок.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Каролина Гочева Сре Мар 04, 2009 1:42 am
Каролина како жири во шоуто Pei s men.
Девојчето има неверојатно убав глас, јас цел се наежив
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Вто Мар 24, 2009 5:08 pm
Албумот МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ е номиниран на босанските награди за најдобар етно светски албум Гласајте за македонското девојче, нека знае светот за македонската етно песна и македонските најубави девојчиња, гласајте за КАРОЛИНА тука , на линков, во 5 категорија се наоѓа http://www.davorin.ba/muzika/2009.asp
iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
Предмет: Re: Каролина Гочева Саб Мар 28, 2009 7:38 pm
гласав
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Нашата поп-пејачка Каролина Гочева пред неколку недели беше гостинка во популарното шоу на Огњен Амиџиќ – “Ами Џи шоу“ заедно со српскиот актер и водител Милан Калиниќ. По низа прашања од типот нова песна, нов спот, Огњен своите гости започна да ги прашува за нивното прво сексуално искуство – кога, каде и со кого. Кога дојде ред Каролина да го даде својот одговор, таа рече: “ Секс? Јас потекнувам од традиционално семејство, па за мене важи правилото - ’ништо пред брак!’“. Публиката одговорот на Каролина го сфати како мала шега, но на неа не и е првпат да го даде истиот одговор. Имено, кога Каролина гостуваше во шоуто на Боки 13, контроверзниот водител и го постави “фамозното“ прашање – кога ја изгубила невиноста, на кое таа го даде истиот одговор како и во шоуто на Амиџиќ, но на многу посериозен начин. Инаку, Каролина зад себе има неколку долги врски и никогаш не сакала да зборува за својот приватен и интимен живот. Поп-дивата во врска со нејзиниот одговор кај Амиџиќ ни искоментира: “Навистина никогаш не сакам да коментирам за мојата интима. Го дадов тој одговор и навистина се изненадив од реакциите. Ми се јавуваа новинари од Србија, и ме прашуваа – ’Каролина, вистина ли е тоа?’. Јас само се изнасмеав и им реков: ’А што вие мислите?’, па истото ќе ви го кажам и на вас“, заврши Каролина. Но како и да нема ништо страшно во одговорот на нашата најпозната пејачка, а колку е таа популарна говорат и реакциите што ги поттикна нејзиниот одговор. Каролина не е ни првата ни последната пејачка што дала ваков одговор. Своевремено и оливудските ѕвезди Бритни Спирс, и Андријана Лима за првото сексуално искуство, едноставно одговорија “Се чувам за првата брачна ноќ!“. Ајде да им поверуваме...
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Не е, многу јасно, преубав начин си одбрала за д ане зборува з априватниот живот, смао така за новинарите треба, а не да се кара или да им се лути, одлично
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Каролина Гочева Пет Апр 24, 2009 8:31 pm
Од денес на сите продажни места на Нова Македонија, пуштен е уште еден тираж на најпродаваниот македонски албум за минатата година - етно албумот Македонско девојче. Цената е само 150 денари, кој го нема се уште купено, АВАЛОН, Сител и Нова Македонија нудат повторна шанса за сите љубители на новокомпонираната македонска песна. Албумот да повторам содржи 10 преубави песни, преубави балади, интересни брзи песни кои никого оваа сезона не оставија рамнодушен. Како што кажа и самата Каролина, ова е албум за жените околу триесетата година од животто, сите нивни стравови, немири, љубови и искушенија се опеани низ овие песни. __________________
Трет тираж на најпродаваниот албум за 2008 година на мегапопуларната -КАРОЛИНА ГОЧЕВА- Уживајте во звуците на новокомпонираната етно песна на веќе култниот албум "МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ" кој стана приказ на најдлабоките тајни на женската душа и потврда на македонскиот идентитет.