LucasScott само прашав дали знаеш што е прајм-тајм пошто се доведуваш до момент да имаш смешни постови. Јас немам телевизија за да ми пропадне, така да око не ми трепка. Работам во телевизија 10 години и мене добро ми оди. И во едната и во другата. Прајм тајм во Македонија е времето од 18.00 до 23.00 часот. Се по 18.00 е топ термин. Што би рекло не се чуди зошто Survivor е во 19.00 туку чуди се зошто Вовед во анатомија е во 17.00 а Ексклузив е во 17.45 вон прајм тајм. Во 19.00 конкурентната тв станица има вести што е сосема ок на другата публика и се понуди ентертејмент програма. Кој сака да гледа вести ќе ги гледа, кој сака разонада ќе гледа Преживеан. Пологичен потег амин. Токму затоа и Бекстејџ го нудиме пред 19.00 од секогаш. И никогаш не сме смениле термин. Кој сака да гледа колку е жално и тешко по Мариовските села со главна улога Душко млекар ќе си гледа вести, кој сака полабава програма ќе гледа Бекстејџ. И рејтинзите кога веќе ги споменуваш се топ. Баш вака како што е. Не е моја работа да ја составувам програмата на Сител и не се занимавам со тоа. Ти гледам дека тоа го правиш наместо нас. Ти благодариме. Лично ќе ти го препратам постот кај газдата утре во 10... Не се нервирај премногу ако немаш поголема причина за истото (минимум 100 евра по пост)
Имај убава вечер
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
19:00 Бандини (и онака многу и е паднат рејтингот иако Шител никако не признаваат и ја држат како телевизиска гордост, џоа од нивна продукција е ) 19:40 Малечката невеста 20:15 Плачот на виолината 21:10 VIP Survivor 22:00 Велики Брат (еве видов реклама сега па ми текна)
Ако го познаваш начинот на работа на Сител како што тврдиш, тогаш не би требало ова да е твој пост. Си знаеш дека кога нешто не е гледано веднаш лета од програма без никаков проблем, а тоа што Бандини сеуште го држи најдобриот термин е доказ дека истата сеуште го задржува и вниманието на публиката, да, и покрај тоа што поминаа 400 епизоди.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
LucasScott само прашав дали знаеш што е прајм-тајм пошто се доведуваш до момент да имаш смешни постови.
Да, добро знам што е прајмтајм, иако не се занимавам со телевизија (професионално), но лично ме интересира многу истата како медиум и горе доле сум упатен што е што, меѓу другото и од колку до колку часот е прајмтајм, а ти како поискусен со своите 10 г. ТВ кариера треба да знаеш дека не е исто прајмтајм во 18 и прајмтајм во 21.
Цитат :
Јас немам телевизија за да ми пропадне, така да око не ми трепка.
Не ти се обратив лично, туку како дел од тимот кој ја води таа телевизија. Признале или не на ништо не личи драстичната промена на програмата секоја недела.
Цитат :
Што би рекло не се чуди зошто Survivor е во 19.00 туку чуди се зошто Вовед во анатомија е во 17.00 а Ексклузив е во 17.45 вон прајм тајм.
Да се држиме на Сител и да не ги мешаме А1. За плукањето по нив има соодветна тема. Верувај ни кон нив не сум поблаго наклонет. Јас како гледач не ме интересира дали гледам А1 или Сител и БТР. Кога сум во улога на ТВ конзумент мене ме интересира програмата која ја нудите. Квалитетна или не, сакам да биде интересна за мене и да ме задржи на таа фрекфенција. А тоа дали нешто се дава ваму или таму ич не ми е гајле. Мене ме дели само стисок на далинкиот управувач за да променам ако нешто не ми се допаѓа, работа на телевизијата е мене како гледач да ме задржи подолго на соодветниот канал.
Цитат :
Лично ќе ти го препратам постот кај газдата утре во 10... Не се нервирај премногу ако немаш поголема причина за истото (минимум 100 евра по пост)
Wanna be funny?
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13
Искрено ти благодарам MkFan моја грешка... Се брзав да фатам Интер - Тотенхем...
Никого не исплукав во мојот пост LucasScott. Како гледач и човек кој сака да гледа телевизија незнам зошто си се исфрустрирал низ годините толку. И мајка ми и татко ми гледаат тв па не се обидуваат да разберат што е прајм тајм. Прајм тајм нема врска со обичен гледач. Има врска со маркетинг и пари и ударни термини. Ти направи грешка и тоа е тоа. Сакав само да те исправам. Прајм тајмот во Македонија е од 18.00. И ако и баш те интерсира 19.00 поради вестите на А1 долго време беше најјакиот прајм тајм и сеуште е. Ѓумуш во тој термин помина најдобро, ќе помине и Survivor. Така што процентуално гледано по AMR и SHR тој термин е најатрактивен. Ти имаш право на избор за среќа и гледаш тоа што тебе ти се допаѓа. Навивам лично и јас за твојот прајм тајм, ама јас и ти не сме репер за гледаност. Во Македонија живеат два милиони луѓе. Секој го бира својот канал и програма. А рејтинзите се јасни. Сител прави сериозни промени и тоа секојдневни (за жал) ама има овие три години невиден напредок во гледаноста. Тоа ти го кажувам многу сериозно и одоговорно. Тоа е факт. По твоите навреди во стилот на КЕ ПРОПАДНЕТЕ, ШИТЕЛ и расправии на теми прајм тајм од кој што очигледно немаш поим сериозно сфаќам дека не си само обичен гледач. Можеби до пред некоја година сме пишувале од ист компјутер ако ме разбираш... Овде ќе ја завршам дискусијата со тебе од просто причина што само сакав да ти го исправам постот во делот со прајм тајмот за поквалитетна дискусија на форумов. Немав идеја да полемизираме волку. Вашите критики (што не значи и навреди) ги читам секојдневно и иситите ги респектирам. И ќе ти признаам помеѓу Лисјата и Бандидни го одбрав Канал 5 ХД на МаксТВ...
Уште еднаш убава вечер
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: Сител телевизија Чет Окт 21, 2010 2:58 am
Aleksandar Blazzevski напиша:
Во 19.00 конкурентната тв станица има вести што е сосема ок на другата публика и се понуди ентертејмент програма. Кој сака да гледа вести ќе ги гледа, кој сака разонада ќе гледа Преживеан. Пологичен потег амин.
Имај убава вечер
Понелогичен потег амин. Нели Survivor беше тој што и' ги подигна рејтинзите на Сител во ланската сезона и беше најгледано реално шоу? Од каде сега логиката нешто што одело добро во својот термин (кој мислам варираше помеѓу 21 и 22 часот) да се премести во 19:00 часот што сигурно не е толку гледан како подоцниот прајм-тајм (а тоа го докажуваа и графиконите поставувани тука пред неколку месеци со целодневна споредба меѓу гледаноста на А1 и Сител).
Ако Бандини е толку вонсериски гледана не гледам причина зошто да не се спушти подоле со терминот, околу 20:00, да и' контра на А1, а Survivor да си се врати на местото каде што поминувал добро лани. Се надевам дека нема и јас да добијам некакви забелешки околу моето видување на програмата на Сител и наместо тоа ќе добијам логичен одговор без додатни мудрости и бисери.
Aleksandar Blazzevski Вип Форумџија
Број на мислења : 27 Registration date : 2010-02-07
Предмет: Re: Сител телевизија Чет Окт 21, 2010 8:15 am
Burrows мислењето држи. Бандини не е воопшто спорна и нејзините рејтинзи. Никој не рече дека е вонсериски гледана, ама или е прва или е втора во денот. Трета не е. Преживеан веќе два дена помина со преставување на кандидатите во 19.00 и тоа одлично. Ништо полошо од претходната сезона. Бидејќи Сител имаше досега конинуирани поместувања знаете и сами зошто и како, редно време е програмата да биде конципирана по нејзинио таргет колку е тоа можно. Мислам дека Бекстејџ и Преживеан имаат иста целна публика. Затоа и се еден до друг. Затоа и рејтинзите се идентични, тоа не е ништо ново, го задржуваш истиот гледач. Тоа е исто како во книга. Фала богу сега и двата проекта имаат одлични рејтинзи. Логика. Не заборавај дека сеуште не се почнати цели 4 проекта кои требаат да стратуваат пред нова година а ќе бидат дел од прајм - тајмот. Жаре Бербер, Лиценциран квиз и секојдневна лиценцирана програма плус уште еден домашен производ. Ние сеуште не сме готови со новото студио и се чека на тоа. Така што овие потези можеби кога тогаш ќе станат логични.
Burrows со тебе нема да мудрувам и бисерам затоа што нудиш конкретни и релани забелешки и критики. Држат вода и се на место. Апсолутно ќе ги имам во предвид кога во телевизија ќе разговараме на оваа тема. Фала ти
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13
Предмет: Re: Сител телевизија Чет Окт 21, 2010 7:01 pm
Зошто толку голема тајност околу новиве проекти на Сител Ајде ако можеш нешто да ни откриеш
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 12:03 am
Aleksandar Blazzevski напиша:
1. Бандини не е воопшто спорна и нејзините рејтинзи. Никој не рече дека е вонсериски гледана, ама или е прва или е втора во денот. Трета не е.
2. Преживеан веќе два дена помина со преставување на кандидатите во 19.00 и тоа одлично. Ништо полошо од претходната сезона. Бидејќи Сител имаше досега конинуирани поместувања знаете и сами зошто и како, редно време е програмата да биде конципирана по нејзинио таргет колку е тоа можно. Мислам дека Бекстејџ и Преживеан имаат иста целна публика.
3. Не заборавај дека сеуште не се почнати цели 4 проекта кои требаат да стратуваат пред нова година а ќе бидат дел од прајм - тајмот. Жаре Бербер, Лиценциран квиз и секојдневна лиценцирана програма плус уште еден домашен производ. Ние сеуште не сме готови со новото студио и се чека на тоа. Така што овие потези можеби кога тогаш ќе станат логични.
1. Значи води мртва трка со Лисјата...
2. Јас баш мислам дека Преживеан има поголема целна публика и еве и зошто. Бекстејџ е магазин наменет за естрадата и трачеви поврзани со нив. Тие што се интересираат за вакви работи, сакаат и реални шоуа, ама оние од типот на ВБ, Фарма... Исто и Преживеан, но Преживеан го сакаат и оние што вообичаено не ги сакаат обичните реални шоуа. Не велам дека и јас не грешам, но мислам дека во натамошните термини ќе се соберат повеќе гледачи, а емисија како Бекстејџ на пример да го промовира со новости и промоа (не се сомневам дека ќе биде така). На крај краева, не е лошо да се проба, ако не чини, ќе си се врати во 19:00.
3. Алелуја. Домашната продукција многу малку е застапена во прајм-тајм на А1 и Сител сезонава, а ниту минутка преку работни денови, што е страшно. Така што сум сигурен дека овие емисии ќе се натрупаат во недела, а во работни вечери пак ќе си остане по старо. А јас пак би си се искажал со мое видување. ( ). Новите прајм-тајм емисии (еве како што гледам горе три на број, плус „Од денес за утре“, вкупно се четири) би ги расцепкал од понеделник до четврток, во 20:00 оди Бандини како предводник на вечерта, околу 21:00 Преживеан и тоа ќе служи како lead-in на домашните проекти што би почнувале околу 22:00.
Со ова можеби А1 не би се победила веднаш како што стојат работите (а всушност и не знам како се рејтинзите сега), ама подобро стабилна програмска шема што ќе носи доволно задоволителен број гледачи, отколку ова што се случува, да барате инстант високи рејтинзи и се' што нема да тргне како што треба во момент се симнува.
П.С. Ќе дознаеме ли веќе кој е тој лиценциран квиз на Ендемол што ќе го води Лила од ноември? Не гледам причина зошто би се чувала тајна за шоу што ќе започне толку наскоро, и навистина не гледам зошто телевизиите би криеле тоа што го купуваат?
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:10 pm
Респект за промоцијата на "Малечката Невеста". Ова ја надмина и онаа на Индија, одлични тисери има.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:16 pm
Мене не ми се допаѓа. Не дека е индиска серија, но преаматерско делува промото, може и поради тоа што ништо високобуџетно не се нуди во него. Баш ја гледав пред малце, па ми текна да пишам. Во главно промо материјалите на Сител одсекогаш биле некако аматерски. За тоа бар А1 каде каде имаат поквалитетни промоси, не секогаш, но најчесто.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:28 pm
Колку само за инает го напиша ова, обожаваш да контрираш. Можеби серијава на чија промоција моментално се работи е нискобуџетна, но важна е идејата. Овде не си во право, промоата на Сител се многу пооригинални од оние на А1.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:41 pm
Ниту е инает ниту е контирање. Да ме знаеш подобро ќе знаеш дека секогаш го кажувам своето мислење, без разлика дали некој ќе се навреди или како ќе ме сфати. И не се согласувам дека се оргинални, напротив никогаш не се иновативни и тотално се аматерски, стојам на тоа.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:53 pm
LucasScott напиша:
Ниту е инает ниту е контирање. Да ме знаеш подобро ќе знаеш дека секогаш го кажувам своето мислење, без разлика дали некој ќе се навреди или како ќе ме сфати. И не се согласувам дека се оргинални, напротив никогаш не се иновативни и тотално се аматерски, стојам на тоа.
Изгледа си заборавил како беше промовирана Индија, како од една актерка направија заштитен знак за турските серии, а најверојатно си го заборавил и извонредното промо за Горка Љубов.
Но добро ај нема да навлегувам во дебата, едноставно на некои поприфатливо им е да гледаат како еден смешен турски актер го прават модна икона и неодолив плејбој.
Burrows бриши, бриши.
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: Сител телевизија Пет Окт 22, 2010 11:56 pm
Chris напиша:
Но добро ај нема да навлегувам во дебата, едноставно на некои поприфатливо им е да гледаат како еден смешен турски актер го прават модна икона и неодолив плејбој.
Не можам да коментирам како сега рекламираат, бидејќи не ни гледам, ама кога А1 правеа промоа за да најават сезони во емисии или филмови, или за прајм-тајм серии беа феноменални и во исто време сите други правеа ептен тапа промоа (посебно Канал 5).
Фатив прееска мал дел од тоа промото за Малечката Невеста при менување канали (и тоа само делот каде што имаше црн екран со текст, после не гледав) и ми изгледаше досадно.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Сител телевизија Саб Окт 23, 2010 12:33 am
Почна ли оваа серија...Не знам дали смеам да го објавам ама наидов на ова на нет..Еве за тие што планираат да ја гледаат мал вовед во Малечката Невеста
Серијата е снимена според стар обичај децата да се венчаваат во многу краеви во Индија, а посебно во Раџастан. Приказната е сместена токму таму. Малата Ананди е многу интелигентно, мило, дисциплинирано и правилно воспитно девојче. Во селото доаѓа постар човек на кого локалните момчиња ќе му направат проблем. Ананди е љубезна со него и му помага. Тоа ќе го импресионира странецот. Подоцна таа ќе сфати дека тој е истиот човек кој дошол со предлог за брак. Баирон прифаќа Ананди да му биде снаа, но сака прво да се консултира со мајак му. Каџан е среќен што добиле таква понуда за ќерка му. Од друга страна, Ананди воопшто не е свесна за промените кои ќе се случат во нејзиниот живот...
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: Сител телевизија Саб Окт 23, 2010 12:37 am
Имаме тема за неа во Теленовели од други земји, и не почнала уште.
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13
По мое мислење ова ќе биде уште еден во низата пропаднати проекти на Сител во последно време.Причина тоа што многумина знаат дека оваа серија е дури и подолга од Бандини,а се изнслушав коментари за тоа дека по Бандини тешко дека би гледале уште една серија во толку многу продолженија А што се однесува до промовирањето на сериите не знам кој е тој посебен начин да промовираш една ваква серија Не гледам како Сител се најдобри на тоа поле,пример со МТВ за нивната индиска серија,што промоција и удрија за време на Светското првенство,ако ништо друго е на исто ниво како и останатите не гледам тука никаква оригиналност.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
А што се однесува до промовирањето на сериите не знам кој е тој посебен начин да промовираш една ваква серија Не гледам како Сител се најдобри на тоа поле
Па не ја разбираш уметноста ти затоа не се обидувај да го забележиш тој посебен начин. Тие промоа предизвикуваат емоции, чувства, и да не ти се допаѓа тоа што се промовира едноставно сакаш да го гледаш промото затоа што е добро спакувано.
Но добро, за кого како...
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Јас не знам да правам промо материјали, но можам да коментирам бидејки имам гледано многу такви и можам да заклучам што е добро а што лошо. Ова за турскава на нова е супер промо, а Сител направи прелоши промоси за Виолината, Ѓумуш, Индија, Бандини и сл. Мора повеќе да поработат на визуелниот идентитет. Под итно.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13