само како бе не ми текна порано, денеска мајка ми баш со тетка ми заминаа во Солун, можев да отидам во Village Cinemas додека се на шопинг и онака во тој центар идеме секогаш, ех штета, Аватар во 3Д па што ако го имам гледано пак ќе го гледам
. ИНАЧЕ, ајде запрашајте се зошто не кино комплекс во проектот Скопје 2014, како и 3Д сали?
Кинотуризам во соседството за АватарОсвен на шопинг во Солун и во Софија, деновиве организирани во групи и поединечно Македонци одат таму за да го гледаат филмскиот хит „Аватар“. Туристички агенции што досега организираа посета на концерти во соседството сега организираат тура за гледање на филмот. Во Скопје нема кино каде што ќе може да се види и доживее тридимензионалниот спектакл.
Дома може да се види само „осакатената“ дводимензонална варијанта, која се прикажува во малите и тесни кина во трговскиот центар „Рамстор“. Познавачите на филмската култура реагираат дека е несфатливо зошто нема современо кино и посакуваат во Македонија да има повеќе мултиплекс кина. Дури ни во актуелното „3Д-доживување“ за Скопје во 2014 година не е предвидено модерно мултиплекс кино каде ќе може да се гледаат новите светски филмски остварувања.
метропола, а нема кино
Техничкиот директор на студиото за визуелни ефекти „Вертиго“, Горан Коцов, кој беше дел од екипата што работеше на новиот филм на Клинт Иствуд „Непобедлив“ (Inviktus), вели дека отишол до Солун за да го гледа „Аватар“. Тој бил таму со пријатели и додава дека знае оти многу други Македонци заминале за Белград или Софија за да го гледаат филмот.
Коцев вели дека е несфатливо една метропола да нема ниту едно современо кино.
- Скопје, според многу работи е метропола, па несфатливо е да нема ниту едно современо кино што ќе ги задоволи сите технички стандарди, како и за удобност. Потребно е кино во кое и ќе има можност да се купат официјални постери и слични материјали од филмовите, да се направи резервација преку интернет и да се ужива во сликата и звукот. Жалосно е што во 2010 година Скопје има нецели три кина, а пред 15 години функционираа десетина - објаснува Коцов.
Тој филмот го гледал во мултиплекс киното во „Вилиџ синема“, кое е дел од солунскиот трговскиот центар „Космос“. Тој вели дека за се адаптира кино, потребни се нови проектори со поларизациски филтри како и доволна количина очила, но свесен е дека главната причина зошто нема мултиплекс кино во Скопје се финансиите.
Освен за уживање, заминал во Солун за да го гледа филмот и од професионален аспект.
- Работам со визуелни ефекти, па сакав да го видам филмот и од професионална страна, бидејќи огромен дел од него е компјутерски генериран. Другата огромна новина за „Аватар“ е дека е од почеток замислен како стереоскопски проект, односно снимен е со две камери што го имитираат начинот на гледање со двете очи. Досега, речиси сите филмови што се прикажувани стереоскопски, ефектот на 3Д го имаат креирано во постпродукциската фаза - вели Коцов.
Проектот на Камерун е првиот филм што го направи по „Титаник“, а иако „Аватар“ беше најавен уште во 1996 година, потребни беа речиси 14 години за технологијата доволно да напредне и режисерот да го реализира својот филм како што го замислил. Остварувањето е прво во историјата што заработило повеќе од две милијарди долари, а е револуционерно по новините во технологиите за снимање филмови, напредокот во 3Д-гледањето и стереоскопското снимање со камери што беа развиени специјално за „Аватар“.
3Д не се пиратира
Поради таквата технологија, филмовите во 3Д се уште не можат да се пиратираат.
- 3Д-филмовите се многу благодарни за работа бидејќи не може да се пиратираат, па луѓето што сакаат да ги гледаат ќе мора да посетат некое од кината. Драго ми е што во Македонија има искрени љубители на филмовите што решиле да одат надвор од државата за да го гледаат „Аватар“ - вели директорката на „Манаки филм“, Тања Пепељуговска.
Тие ја дистрибуирале дводимензионалната верзија на филмот. Покрај набавувањето на 3Д-копијата, таа објаснува дека за гледање на филмот се потребни посебни 3Д-проектори и посебно озвучување. Пепељуговска додава и дека е запознаена со предвидувањата дека „Аватар“ ќе наметне тренд на снимање 3Д-филмови, па и во иднина можеме да очекуваме такви проекти.
Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башевски, вели дека филмските работници не можат да направат нешто во врска со 3Д-киносалите.
- Киносалите за 3Д-филмови се приватна инвестиција. Таквите киносали и комерцијалната дистрибуција е прашање на бизнис. Во сите земји бизнисот инвестира за да профитира од прикажувањето на 3Д-филмовите. Што можат филмските работници да направат - вели тој.
Туристичката агенција „Папилон“, која често нуди пакети за концерти и шопинг тури, вели дека деновиве поради интересот на публиката за „Аватар“ ќе организираат тура за гледање на филмот во Солун.
- Веќе имаме шопинг тури за Солун, па планираме да организираме и посебна тура за гледање на „Аватар“. Резервирањето карти нема да биде проблем, па за неколку дена ќе има организирани тури до некое од кината во Солун - велат од агенцијата.