Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: AVATAR | 2009 Чет Дек 17, 2009 8:05 pm
Аватар Премиера: 18.12.09
3Д СПЕКТАКЛОТ ЏЕЈМС КАМЕРОН Е ПРИКАЗНА ЗА МАРИНЕЦ ВО КОЛИЧКА КОЈ ДОБИВА АВАТАР - НОВО ТЕЛО ВО КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПРОЖИВЕЕ ПРЕСТОЈОТ НА ДАЛЕЧНАТА ПЛАНЕТА.
Џејмс Камерон, добитник на 3 оскари (Титаник), 16 номинации за наградата Оскар и на уште 35 други награди и признанија е режисер и сценарист на АВАТАР, филм за кој однапред се смета дека ќе биде најголемиот комерцијален мегахит во 2009 година. Филмот веќе го доби епитетот „најскап филм во продукција“ што до сега е сниман. Особено се истакнуваат техничките ефекти, за кои се вели дека до сега не се применети и видени на големото платно.
Џејк Сали (Сем Вортингтон) е поранешен маринец, ранет во претходни борби на Земјата и парализиран од половината надолу. Тој е одбраниот да учествува во програмата Аватар што ќе му овозможи повторно да прооди. Џејк патува на Пандора, вонземна месечина прекриена со џунгли, која му е дом на Нејви, чувствителен хуманоид, физички многу посилен од луѓето, иако се чини примитивен. Висок три метри, со опаш и со блескава сина кожа, Нејви живее во хармонија на недопрениот свет. Луѓето, не можејќи да дишат на Пандора, создаваат генетски хибрид - Аватар - контролиран од човечка технологија. Џејк ќе прооди на Пандора низ неговото ново Аватар тело. Но, запознавајќи ги најблиските на Нејви, Џејк ќе се најде во дилема на чија страна да застане во епската битка која треба да одлучи за иднината на светот.
Последната промена е направена од NateArchibald на Сре Дек 23, 2009 11:54 pm. Мислењето е променето 3 пати.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Ќе го гледам во Рамстор сигурно супер филм Прочитав на интернет дека Аватар има заработено највеќе пари во цела историјата.
За најголема заработка се‘ уште рекордот го држи „Титаник“, а филмот не може уште да се одреди заработката затоа што неделава беше премиерата. Воедно наместо заработка имаш грешка, филмот го има најголемиот буџет некогаш потрошен за филм 500 милиони долари.
П.С Според првичните информации, на 16 ноември на премиерата на филмот во Софија во МТЕЛ IMAX го погледнале 3.000 луѓе, до крајот на викендот бројката се очекува и до 15.000 со оглед на продадените карти. Секоја чест, верувам дека и кај нас овој заедно со 2012 ќе останат запаметени како најгледани филмови во кино годинава.
Едвај чекам да ги видам резултатите во недела вечер од САД
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Филмот достигна оценка на ИМДБ 8.9 и рипна на 51.то место за 250 најдобри филмови на сите времиња.
Сега читам рецензии коментари на импресии и од 3Д и од 2Д (ова ние што го гледаме) кино проекции. Генерално обете страни се воодушевени, навистина ви велам дека ако сакате да го гледате филмов, болје тркнете до Рамстор 150 денари дадете за два ипол часа уживање низ виртуелниот имагинарен свет на Џејмс Камерон.
Едвај чекам да дојде сабота вие... кога ќе гледате?
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Јас сепак најдов со кого ќе одам. Другарка ми, иако не сака баш вакви филмови (повеќе сака реалистични), сепак ќе дојде со мене во кино, па после ќе седнеме некаде, одамна не сме се виделе. А, еве сега на месинџер ќе се договориме кога ќе одиме.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Слаби резултати „Аватар“ заработи само 3,5 милиони долари на премиерата во САД и Канада
Лос Анџелес, 19 декември (МИА) - Високобуџетниот филм „Аватар“ на режисерот Џејмс Камерун заработи 3,5 милиони долари на првата ноќна проекција која се одржа синоќа во САД и Канада.
Оваа сума не е ништо во споредба со „Самрак 2: Нова месечина“ кој постигна рекорд од 26,3 милиони долари на премиерата одржана во ноември.
„Аватар“, кој според њујоршката асоцијација на критичарите е најдобар филм во 2009 година, е направен по оригинална идеја на режисерот на „Титаник“ Џејмс Камерун и е еден од најскапите филмови.
Компанијата „Фокс“ соопшти дека снимањето на филмот чинело 237 милиони долари, но според медиумски извештаи неговата вистинска вредност изнесува околу 300 милиони долари. „Фокс“ исто така соопшти дека ќе потроши други 150 милиони долари за рекламирање на филмот во целиот свет.
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
Не, тие 3,5 милиони се само од полноќните проекции на филмот. Во текот на петокот заработил уште солидни 24 милиони долари (па вкупно имал 27). Така што, нема потреба за паника.
СВЕТСКИОТ МЕГАХИТ ПОЛНИ САЛИ И КАЈ НАС „Аватар“ распродаден со денови однапред
Ивана Васева
Билетите за филмскиот мегахит „Аватар“, на режисерот Џејмс Камерун, се распродадени за наредните неколку дена и тоа за двете сали на киното „Рамстор“, каде што се прикажува филмот. Тој деновиве имаше светска промоција и привлече интерес секаде каде што се прикажува предизвикувајќи полемики кај критичарите, а кај нас ја врати надежта за заживување на малаксаната кинокултура. Овој филм е еден од најскапите на сите времиња, за неговата изработка е користена најсовремена тридимензионална технологија, а се најавуваше како остварување што ќе ја револуционизира модерната кинематографија. Камерун го конципирал филмот уште во 1995 година, но почна да го снима многу години подоцна, охрабрен од напредокот на компјутерската технологија. Нашите кина немаат опрема со која може да се ужива во сите перформанси на новите изуми развивани 15 години, но, тоа, велат од „Рамстор“, не пречи во доживувањето на филмот. - И низ светот, на многу места овој филм се прикажува на вообичаената опрема - велат од „Рамстор“. „Аватар“ е фантастичен акциски спектакл, чиешто дејство е сместено во иднината, на далечната планета Пандора, на која пристигнуваат научници од Земјата со намера да дојдат до драгоцен минерал, кој ќе ја реши енергетската криза на Земјата. Минералот го чуваат домородни племиња, суштества со сина боја на кожата и со големи жолти очи, високи најмалку пет метри. За да им се приближат, Земјаните создаваат аватари - вештачки копии на домородците и ги вметнуваат меѓу нив. Задачата на аватарите е да ги убедат жителите на Пандора да им го препуштат наоѓалиштето на минералот. Од „Манаки филм“, кој е дистрибутер на „Аватар“ велат дека не било лесно да се донесе филмот во земјава и премиерно да се прикаже истовремено со премиерата во целиот свет. -Поради непостоењето киноинфраструктура во Македонија беше многу тешко да се добие „Аватар“. Сепак, тој предизвика голем интерес и ќе се прикажува се додека има публика - вели Татјана Пепељуговска од „Манаки филм“. Таа додава дека се очекува овој филм да го држи интересот на јавноста и во текот на јануари, кога се новогодишните и божикните празници и кога традиционално има помал одѕив во кината. „Аватар“ заработи 3,5 милиони долари на првата ноќна проекција, која се одржа пред четири дена во САД и во Канада, што е многу под очекувањата на продуцентите на филмот. Неговото снимање чинеше 237 милиони долари, но, според медиумски извештаи, за него се потрошени повеќе од 300 милиони долари. Компанијата „Фокс“, која го продуцираше филмот, соопшти дека ќе потроши дополнителни 150 милиони долари за рекламирање на филмот во целиот свет.
Критиката резервирана
Филмските критичари велат дека „Аватар“, иако ги полните салите, во основа е само визуелна парада, над се виртуелна, што покажува дека режисерот не може да очекува врвни награди за остварувањето. „Како да станува збор за уште еден совршен анимиран филм“, пишуваат првите рецензенти на филмот. Критичарите реагираат и на идејата за аватарите, кои се популаризирани благодарение на видеоигрите, како и на прастарата матрица на лошите и сурови завојувачи и на идилично прикажаните домородци. Сепак, „Аватар“ може да биде и политички коректен филм бидејќи го критикува милитаризмот (иако е полн со воена терминологија) и алчноста на големите компании. Сепак, сите се согласуваат, филмот е импресивен и возбудлив бидејќи Камерун е вешт и визуелно досетлив режисер, а светот што го создал треба да се види.
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Значи, тешко дека ќе најдам карти за денес? Ако не, кога веќе одам, барем ќе купам за некој друг ден.
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: AVATAR | 2009 Чет Дек 24, 2009 2:10 am
Сепак најдовме карти. Беа за прв ред, ама нема врска.
Инаку, филмот е навистина одличен, многу ми се допадна, само штета што не можеме да го гледаме во 3D. Не се согласувам со тоа дека само визуелно е супер, мене ми се допадна и приказната, малку ме потсети на Покахонтас. A, Пандора е преубава, посебно навечер, се флуоресцентно. Кога го читав синописот, не знаев дека толку ќе ми се допадне филмот.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Јас никако да најдам време да го гледам во кино, а не ми се гледа на ДВД. Се надевам во вторник ќе ја имам таа чест.
Јас дефинитивно одам или петок/сабота, коа ќе одам планирам да го гледам и ова и „Дали слушнавте за Морганови“
Иначе едвај чекам да слушнам коментар од Ана Марија доколку отиде да го гледа во Канада во IMAX кино, ако не ќе си знам како е чувството на обично платно дека тоа некогаш во мојот живот морам да го доживеам
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Другарка ми (која инаку и не е многу по научна фантастика) е толку воодушевена од филмот што изгледа пак ќе одиме некој ден неделава. А, ќе отидеме и на Морганови, најверојатно викендов.
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Го гледав прееска филмот во Рамстор и навистина ми се допадна. Приказната солидна, ефектите неверојатни... Малку ми беше напорно што седев речиси цели 3 саати, ама издржав. Салата кај што бев беше преполна, не се сомневам дека и со другата било исто, бидејќи 10тина минути пред почеток веќе не ни имаше карти.
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Филмов очекувам дека ќе биде добар, сметјаќи дека е на Џејмс Камерон. Иако „презирам“ научна-фантастика (сакам фантазија што е различно ) Ко што вика Крис секој ден викам ај утре и никако да отидам, ама може денес, а ако не денес сигурно до крај на месецов. Инаку како што рече Боби филмов сто посто е закон во IMAX кино. Хари Потер 5 и 6 (а може и некои други) знам беа пуштени и во вакви кина, морам да гледам еден дел во такво кино. Уф...
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Конечно дојде моментот да го изгледам филмот . Најпрво бев скептик нуму да не го добијам она што одамна го очекував, со оглед на тоа што филмот е направен за IMAX кина или во 3Д, ние сепак немаме таква можност па си го гледавме во 2Д . Како и да е, јас сепак останав од целите тие ефекти, флори и фауни, пејсажи, и врвна технологија.
На филмот му давам 9/10 без размислување. За некои можеби вредат само ефектите, но за мене НЕ, мене целата приказна ми беше возбудлива, посебно кога Џејк Сули влегуваше во неговиот аватар, не можев да верувам каква имагинација ни пружил Џејмс Камерон .
Во еден момент навистина посакав да се пронајдам таму меѓу нив, можеби и ќе се пронајдев да го гледав во IMAX кино, но и вака не беше лошо, и уште еднаш ќе напоменам ДЕКА ФИЛМОВИ КАКО ОВОЈ и 2012 Е ШТЕТА ДА СЕ ГЛЕДАТ ДОМА НА ДВД/КОМПЈУТЕР!
Ова треба да се долови, да се доживее, иако два ипол часа беа премногу, сепак издржав најнакрај посебно крајот кој не ме оставаше да здивнам
Секоја чест, но според мене не треба да ги собери сите Оскари статуетки
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
Вчера со Мајкл Маерс го гледаме филмо и одличен беше. Инаку очекував да биде добар ама не волку. Искрено мислам критички гледано дека е хит поради сета „визуелна парада“ како што е горе споменато, што значи дека филмов не беше ништо посебно но бескрајно уживав интересен беше.
Како што рече Боби не заслужува да биде еден од оние филмови на Оскарите како „Нема земја за старци“ и сл. кои ќе ги земе сите награди. Но заслужува награда за визуелни ефекти кинематографија и некои такви, но не за најдобар филм.
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
Научно - фантастичниот филмски спектакл „Аватар“ на Џејмс Камерон веќе шеста недела не го напушта првото место на бокс-офисот на најгледани филмови, кои остваруваат вртоглава заработувачка.
„Манакифилм“ соопшти дека „Аватар“ денеска ќе го заземе и првото место на листата на најкомерцијални филмови на сите времиња, кое досега го држеше исто така филм на Камерон - неговиот претходен мегахит „Титаник“.
Според официјалните податоци што ги пренесува „Скрин Интернационал“, заклучно со недела „Аватар” заработил околу милијарда и 841 милион долари, што е за два милиона помалку од „Титаник”.
„Со оглед на тоа дека 3-Д спектаклот на Камерoн многу малку може да се „пиратира” или, барем, задоволството не е исто, ова секако уште вчера стана најкомерцијалниот филм на сите времиња и во догледно време, барем во следните 20-ина години, многу тешко некој ќе го надмине“ , соопшти „Манакифилм“.
Се очекуваат и резултатите од гледаноста на филмот на подрачјето на САД, каде што со остварените 552,8 милиони „Аватар“ го надмина второпласираниот наслов на сите времиња „Витез на темнината” и со уште 48 милиони ќе го урне рекордот и во Америка.
Надвор од САД „Аватар” заработи милијарда и 288 милиони долари и со тоа стана филм со најголема заработувачка во Кина, Хонг Конг, Русија, Шпанија, Австралија, Чиле и низ најнаселените места во светот.
„Аватар” во Македонија е на редовниот репертоар во двете кина во Рамстор, кои располагаат со само 99 седишта. Оттаму информираат дека за секоја проекција се бара билет повеќе.
Се очекува „Аватар“ да биде најгледаниот странски филм во земјава во последните пет години.
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11