Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЏулија Робертс снима филм во Индија Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Џулија Робертс снима филм во Индија

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Џулија Робертс снима филм во Индија Empty
20090929
ПишувањеЏулија Робертс снима филм во Индија


Џулија Робертс под силно обезбедување снима филм во Индија, адаптација на книгата која ги освои сита читатели „Јади, уживај, моли се“ (Eat, Pray, Love).


МИРЗАПУР, ИНДИЈА (АП) - Децата се качуваа по дрвјата, а селаните се туркаа на покривите на куќите завчера во малото село во северна Индија за да можат да ја ѕирнат оскаровката Џулија Робертс која таму го снима нејзиниот најнов филм "Јади, моли се, уживај". Редици полицајци, вооружени со бамбусови прачки, приватни телохранители и обезбедување во цивил ги држеа понастрана љубопитните посетители на страна додека ѕвездата од филмот "Прекрасна жена" се шеташе на сетот во селото Мирзапур, на околу 65 километри јужно од главниот град на Индија, Њу Делхи. Сетот беше заштитен со огромни црни паравани за да не може да се снима ниту да се фотографира од страна. Робертс беше облечена во тиркизна туника и лесни широки шалвари, традиционалната облека на милиони Индијки. Во филмот таа ја игра улогата на Американка која зад себе го остава проблематичниот брак и тргнува на духовно патување за самопронаоѓање. Индиските медиуми го покриваат секој нејзин чекор откако пред десетина дена пристигна во земјата во придружба на нејзините три деца. Обезбедувањето е непробивно и ангажирани се околу 350 локални полицајци и членови на обезбедувањето кои ја чуваат ѕвездата низ селото и блиското гратче Патауди, каде Робертс престојува во хотел кој порано бил палата. Снимањето на филмот почна пред неколку дена, со молитви од хинду свештеник.

Џулија Робертс снима филм во Индија 10E86EE69677D64D9DD20F34C7EB1401

Весникот "Тајмс оф Индија" го цитираше свештеникот Свами Дарам Дев, кој изјави дека на нејзините три деца им дал имиња на хинду божества. "Близнаците Хејзел и Фајнес ги добија имињата Лаксми и Ганеш, а Хенри ќе го викаме Кришна Балми". Филмот е во продукција на Бред Пит, во режија на Рајан Марфи. Во филмот играат и оскаровецот Хавиер Бардем, Вајола Дејвис, Ричард Џенкинс и Били Крадап.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Џулија Робертс снима филм во Индија :: Comments

Колку ја обожавам оваа актерка, секој филм со неа ми е забавен за гледање Џулија Робертс снима филм во Индија 996773
 

Џулија Робертс снима филм во Индија

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: