Водителот на хрватскиот квиз „Кој сака да биде милионер“ Тарик Филиповиќ добил отказ од Хрватската телевизија, бидејќи јавно прашал каде завршиле парите од хуманитарните донациите.Популарниот актер и телевизиски водител ќе се појавува уште на ТВ екраните бидејќи однапред снимил три емисии.
Во ХТВ уште не знаат кој ќе го замени Филиповиќ, кој беше сменет од директорот на програмата на телевизијата Домагој Божидар Буриќ, поради, како што велат, непримерната изјава.Но, одлуката на Буриќ за смена е повлечена бидејќи директорот на ХРТ Вања Сутлиќ и директорот на ХТВ Благо Маркота се противат на смени во уредништвото на квизот, кои исто уследија по изјавата на Филиповиќ.
Медиумите во Хрватска соопштуваат дека утре ќе биде формирана посебна комисија што ќе го испита целиот случај и заклучоците ќе ги донесе до среда, за да може да се започне со снимање на нови епизоди.
„Шокиран сум“, изјави Тарик Филиповиќ, кој за отказот бил телефонски информиран од уредничката на забавната програма на ХТВ Елизабет Хомси.
„Да, го кажав тоа што го кажав, но мислам дека истото треба да се запрашаат луѓето кои ќе дојдат до болниците за кои се прават хуманитарните акции и ќе видат како изгледаат фасадите и внатрешноста на тие згради“, рече Филиповиќ, додавајќи дека и самиот учествувал во најмалку 30 хуманитарни акции.
Пред утрешното појавување на Филиповиќ на ТВ екраните, ќе се огласи спикер кој ќе соопшти дека ХТВ се оградува од непримерните изјави на водителот на квизот.
Првите луѓе на детските болници спомнати во изјавата на Филиповиќ, изјавија дека истапите на водителот се злонамерни и бараат јавно извинување.
Извор:
А1
Нед Сеп 27, 2009 6:54 pm by Chris