Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| | Интересни филмски вести | |
„Домаќинот“ на филмско платно!
Денеска беше најавено дека Енрју Никол ќе го режира филмот „THE HOST“, адаптација на најновиот роман на писателката на „Самрак сагата“, Стефани Мајер. Засега се‘ уште не се знае за актерската екипа ниту за датумот на реализација, но со сигурност знаеме дека може да очекуваме уште еден филмски хит. Џастин Тимберлејк во филмот за Фејсбук!
Columbia Pictures и режисерот Дејвид Финчер денеска објавија дел од актерската екипа на нивниот најнов филм „Социјална мрежа“ во кој главна тема е новиот интернетски бум кој се‘ повеќе добива поголем број на членови. Сценариото го пишува Арон Соркин, а во главните улоги ќе се појават Џеси Ајсенберг, Џастин Тимберлејк и Ендрју Гарфилд. Продукцијата за филмот ќе започне следниот месец во Бостон а потоа ќе се снима и во Л.А Кевин Спејси ќе биде извршниот продуцент на филмот. | |
|
Чет Сеп 24, 2009 2:25 pm by Гостин