Од ОГАЕ - Македонија и организацијата Eurodance Web Award добивме известување дека за кандидат од Македонија за 2009 година е избран Влатко Лозаноски со ремиксот на Обичен без тебе направен од DJ Boza. Станува збор за натпревар во кој се вклучени повеќе DJ-и и радио станици ширум Европа кои активно ја следат денс сцената во сите европски земји и вршат селекција на најдоброто во текот на една година.
Македонија по четврти пат ќе има свој кандидат за оваа награда.
До сега не е забележан поголем успех.
За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна.
ГЛАСАЈТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ
ОВДЕ
Сре Сеп 16, 2009 7:07 pm by Гостин