Хип-хоперот Слаткаристика сними спот за новиот сингл "ФМ", песна која е дел од неговиот деби албум "Слаткаристика будало".
- Слаткаристика е многу малку застапен на радио станиците но сепак песните му се огромни хитови. Има по некој вулгарен збор и затоа е цензуриран. Токму и тоа пее во песната ФМ на која деновиве и се изработи видео спот, кој е доста интересен и оригинален, и визуелно ја презентира приказната на песната", вели продуцентот на Слаткаристика и режисер на спотот Јован Јованов.
Во спотот се појавуаат неговите соработници од "Токсикологија" и Тони Зен. Момците и девојките кои глумат во видеото се од модната агенција "Фешн стејџ". Јованов вели и дека минатиот видео запис за песната "Шопинг", на интеренет ги сруши сите рекорди на гледаност на македонски спот за толку кратко време.
- За неполни три месеци "Шопинг" е гледан преку 400.000 илјади пати па се надеваме дека и новиот спот за "ФМ" ќе предизвика таква гледаност", раскажува Јованов.
По успешниот концерт одржан на Античииот театар во Охрид, од тимот на "Јованов Рекордс" најавуваат нови два големи концерти на Слаткаристика во Штип и Струмица.
Пон Сеп 14, 2009 7:09 pm by Beauty