Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeКАРОЛИНА - новата очајна домаќинка Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка

Go down 
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка Empty
20090914
ПишувањеКАРОЛИНА - новата очајна домаќинка

КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка F14f7e33e37db943957ec03

Каролина Гочева ќе ја има својата прва актерска улога во серијата "Жените од Дедиње", која ќе ја работи познатата српска продуцентска куќа "Емоушн". На поп-ѕвездата и е понудена интересна улога во приказната која ќе го следи животот на четири жени кои живеат во високото белградско општество. Серијата е комбинација на драма, романса и комедија и ќе наликува на популарните американски серии "Сексот и градот" и "Очајни домаќинки".
Минатата недела, Каролина и "Авалон" продукција потпишаа договор со продуцентската куќа "Емоушн" за соработка на српскиот пазар околу следните проекти на пејачката. "Емоушн" преку својата продуцентска куќа "Мелоди мјузик", ќе биде одговорен за издавањето на новиот албум на Каролина во Србија. Концертната агенција "Шоу мастер", која е, исто така, во сопственост на "Емоушн", во копродукција со "Авалон" ќе се грижи за концертите на Каролина во Србија во наредните 2 години. Во центарот "Сава", својот прв концерт поп-ѕвездата ќе го одржи во 2010 година. За српската јавност, тимот на Каролина одржа прес-конференција во управната зграда на деловниот центар Ушќе во Белград минатата недела.
В четврток ќе се снима спот за песната "Заборави", која Каролина ја испеа во дует со членовите на "Операција триумф" бендот. Спотот ќе го режира Зли, кој соработуваше со Каролина во песната "Ќе се сретнеме повторно" (Срешќемо се опет).
"Емоушн" во јавноста е позната како продуцент на проектите "Сe за љубов", "Операција триумф", "Големиот брат", "Менувам жена" "48 часа свадба"...
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка :: Comments

avatar
Re: КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка
Пишување Пон Сеп 14, 2009 3:18 pm by Гостин
браво за Каролинка КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 996773
Игор
Re: КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка
Пишување Пон Сеп 14, 2009 3:50 pm by Игор
Серија?! КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 24632 Види, види... Ај да видиме како ќе се покаже ко глумица.
Абе ги бива Србиве и Хрвативе, свака им част за овие проекти.

Едвај чекам ова, сигурно ќе биде и кај нас емитувана КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 904400
Од кај па сеа она глумица? КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 24632 КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 945213 јас не знам како можат вака да им понудат улоги на луге кој што никогаш не се опробале во таа професија...
Жените од Дедиње како идеја долго време постои, се планира, одамна имам слушнато за овој проект.
Инаку битно им е на продуцентите да биде celebrity некоја од актеркста екипа, па затоа така нудат. Интересно КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 24632
Ana-Marija
Re: КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка
Пишување Пон Сеп 14, 2009 11:57 pm by Ana-Marija
И мене не ми се допаѓа што ги преферират пејачките за глума отколку актерките
Според мене прво треба да им се понуди улога на актерките па после на пејачките а не вака
Се надевам Кареолина ке се снајде во улогата и драго ми е за неа
avatar
Re: КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка
Пишување Вто Сеп 15, 2009 12:04 am by Гостин
Chris напиша:
Од кај па сеа она глумица? КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 24632 КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 945213 јас не знам како можат вака да им понудат улоги на луге кој што никогаш не се опробале во таа професија...
Па затоа им даваат улога да се опробаат КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка 327923
 

КАРОЛИНА - новата очајна домаќинка

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: