Вечерва со почеток во три часот по полноќ на фрекфенциите на Балканскиот музички канал MTV Adria ќе имате можност да ги проследите американските MTV Видео музички награди, на кои што со спектакуларни настапи во првите триесет минути ќе се претстават Лејди Гага, која ветува жежок спектакл, Тејлор Свифт, Еминем, Пит Венц, Џастин Бајбер, Џек Блек, Шакира, ѕвездата од "Twilight" - Тејлор Лотнер и Кристин Кавалари. Покрај нив, шоуто ќе биде отворено со краток филм посветен на неодамна починатата музичка легенда Мајкл Џексон во кој ќе ја гледаме неговата сестра Џенет Џексон.
Во текот на шоуто ќе биде прикажан и првиот трејлер за документарниот филм посветен на Мајкл Џексон - "
This is it".
Една година откако ги „
издрибла“ Џонас Брадрс на сцената, Мадона и тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш, водителот Расел Бренд најавува забавно и љубезно второ издание како домаќин на Ем-Ти-Ви наградите 2009. Овој пат, тој ветува, се ќе биде посветено на љубовта!
Оваа година Видео наградите ќе се одржат во историската Radio City Music салата, на која што ќе биде поставена масивна бина која што ќе изобилува со украсни ленти и огромни видео бимови и серии скелиња инспирирани од западно-американските традиции. Во вториот дел од наградите, ќе ги видиме Бијонсе, Грин Деј, Пинк, Џеј Зи со Алиша Кис; а покрај нив уште еднаш ќе настапи и Тејлор Свифт.
Шоуто ќе биде затворен со перформансот на Мјуз, кои при крајот на месецов ќе го издадат својот најнов албум.
Најмногу номинации годинава добија Бијонсе и Лејди Гага со девет, а веднаш зад нив е Бритни Спирс со седум. Комплетната листа на номинирани е достапна на овој
линк.
Комплетен извештај за наградиве
тука.
Не пропуштајте!
Нед Сеп 13, 2009 8:50 pm by Beauty