Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Home„Макфест“ сепак ќе се одржи Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 „Макфест“ сепак ќе се одржи

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

„Макфест“ сепак ќе се одржи Empty
20090911
Пишување„Макфест“ сепак ќе се одржи

„Макфест“ сепак ќе има - стои во новото соопштение испратено од општина Штип. Ова доаѓа по само еден ден откако А1 Телевизија се понуди финансиски да го поддржи Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Во официјалното соопштение се вели дека по разговорите помеѓу градоначалникот на Штип Зоран Алексов и директорот на „Макфест“ Стојан Троицки, се наѕира решение за да не се прекине долгогодишната традиција на Фестивалот.

Доколку Општината реши да влезе во организација, односно Советот на Општината во Штип ја поддржи идејата на градоначалникот Алексов да се занимава со организација и финансирање на „Макфест“, тогаш можно е Фестивалот да се одржи на 5, 6 и 7 ноември, стои во соопштението на општина Штип.

Пред само три дена директорот на фестивалот Стојан Троицки изјави дека оваа година нема да се одржи „Макфест“.

„Заради општо познати економско-финансиски состојби во земјава, фестивалот „Макфест“ не успеа да ја затвори потребната финансиска конструкција. Поради тие причини, Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2009“ нема да ја одржи фестивалската приредба во форма и облик во која се одржуваше изминатите 23 години“, рече Троицки.

Веста за неодржувањето на најпознатиот фестивал на забавни мелодии ја шокираше македонската јавност.

По објавената информација бројни беа негативните коментарите, но и многу пејачи останаа разочарани.

Оваа информација доаѓа по само еден ден, откако А1 Телевизија јавно се понуди да го поддржи финансиски фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Извор: a1.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

„Макфест“ сепак ќе се одржи :: Comments

Chris
Re: „Макфест“ сепак ќе се одржи
Пишување Пет Сеп 11, 2009 11:05 pm by Chris
Хахаха, значи за џабе беше онаа тем ШОКАНТНО на форумов „Макфест“ сепак ќе се одржи 24632 , знаев дека ке се одржи... што е за една фржава фестивал како МакФест
 

„Макфест“ сепак ќе се одржи

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: