Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСпремете се за ONE TREE HILL сезона 7 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7 Empty
20090910
ПишувањеСпремете се за ONE TREE HILL сезона 7

Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7 Onetreehill2

На 14 септември стартува новата, седма сезона на серијата "One Tree Hill" која е сместена една година по финалната епизода на шестата сезона. Она што дефинитивно ќе остави печат на оваа сезона е тоа што ќе ги нема ликовите на Лукас и Пејтон, но од друга страна ќе има многу нови ликови и уште многу драматични ситуации. За сите кои ја изгледале шестата сезона, добар старт е следниов видео клип кој е само мал вовед во сезоната која следува.

Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7 Onetreehill-cast


Од скоро време на Сител телевизија (недела во 12.30 часот) се дава втората сезона, па за сите оние кои таму ја следат (или пак сакаат да ја следат) оваа серија, ќе дадеме еден краток осврт на првата сезона.

Дејствието е сместено во гратчето Три Хил во сојузната држава Северна Каролина. Тука живеат двајцата полубраќа кои на почетокот освен презимето не делат ништо друго. Лукас е талентиран кошаркар, но неговата талентираност можат да ја видат само неговите блиски другари, додека Нејтан е најпопуларниот и најдобриот кошаркар во гратчето. И двајцата се синови на поранешниот кошаркар Ден Скот кој ќе ги напушти Лукас и неговата мајка Карен уште пред Лукас да се роди. Тој подолго време успешно ќе ги држи момците подалеку еден од друг се додека судбината не го донесе Лукас во кошаркарскиот тим на градот. Освен кон кошарката момците почнуваат ривалство и кон истата девојка, Пејтон Соер. Но, работите сосема се менуваат и првата сезона има сосема поинаков крај - браќата се смируваат, Хејли, најдобрата другарка на Лукас ќе успее да ја разбуди светлата страна во Нејтан и нивната врска завршува со свадба, Лукас е растргнат помеѓу Пејтон и Брук, двете девојки кои ги сака, а Карен пак го одбива предлогот за брак од страна на Кит, братот на Ден.

Иако сето ова звучи како една обична шпанска серија, "One Tree Hill" е веројатно најдобрата тинејџерска драма направена последнава деценија - со одлична актерска екипа, совршена дозираност на драматика и брилијантно сценарио. дефинитвно серија која вреди да се погледне!
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7 :: Comments

avatar
Re: Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7
Пишување Пет Сеп 11, 2009 10:39 pm by Beauty
Преубава серија. Чим дошла до 7 сезона, значи и те како има гледаност.
Жално што кај нас се откупени само првите две сезони. АКо не ги откупат другите, обавезно ќе си ја симнам до крај цела серија.
На ова видео се гледа дека Брук е со некој нов тип, Нејтан е уште со кошарката, татко му Ден е уште тука, Нејтан и Хејли се заедно.
Супер серија, мирна, топла семејна серија
Bobi
Re: Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7
Пишување Пет Сеп 11, 2009 10:41 pm by Bobi
Единствена серија која НИКАКО не ме привлекува, не знам што ми е одбивно во неа Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7 24632
avatar
Re: Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7
Пишување Пет Сеп 11, 2009 10:46 pm by Beauty
Јас не знам што е одбивно во серијата.
Оваа серија е од оние топлите серии со добро изградени ликови, со релативно споро дејство, нединамично, но сепак со извонредна содржина, преубави ликови.
 

Спремете се за ONE TREE HILL сезона 7

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-
» One Tree Hill
» ONE TREE HILL|2003-
» KEVIN HILL, UPN|2004-2005

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: