Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСе бара Супермен да го спаси Макфест Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Се бара Супермен да го спаси Макфест

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Се бара Супермен да го спаси Макфест Empty
20090910
ПишувањеСе бара Супермен да го спаси Макфест

Се бара Супермен да го спаси Макфест Jfj95y
Едноставно нема пари, виша сила. Друг коментар не е потребен. Имаме луѓе-професионалци што знаат да работат, но за реализација се потребни финансии, вели Стојан Троицки, директор на штипскиот фестивал за Нова Македонија. По цели 23 години, Штип нема да биде домаќин на еден од најстарите македонски музички фестивали Макфест, кој годинава нема да се одржи поради финансиски причини. И покрај изјавите од пред десетина дена на директорот на фестивалот Стојан Троицки дека се прават максимални напори фестивалот, сепак, да се одржи и оти Макфест ќе се одржи макар и на улица, дефинитивната одлука е донесена - градот под Исарот овој октомври нема да ја собере македонската поп-естрада на едно место.
Се бара Супермен да го спаси Макфест 51B02983D1FD354B8FDCB1E81089DF6B
Едноставно нема пари, виша сила. Друг коментар не е потребен. Имаме луѓе-професионалци што знаат да работат, но за реализација се потребни финансии. Направив сe што треба од моја страна, како и сите други вклучени во организацијата, цело лето се мачевме и предупредувавме, но не постојат супермени и чудотворци што ќе го решат проблемот преку ноќ - вели Троицки.

Одржувањето на фестивалот беше доведено под прашалник откако сопственикот и единствен финансиер Фершпед остана без лиценцата за вршење шпедитерска дејност и беше принуден да отпушта работници. Со оглед на тоа што не станува збор за спонзорство, туку за сопственост, во изминативе години дирекцијата на Макфест не добивала поддршка од други компании ниту размислувала за барање спонзорства. Краткиот период што го имаа за да ја надминат новонастанатата ситуација не беше доволен за да се надминат финансиските проблеми и да се обезбеди одржување на фестивалот.

Не го згаснуваме фестивалот. Тој е комплетно одработен и до 15-ти, најдоцна до 20 септември, ќе биде комплетно завршена продукцијата на сите песни. Единствено нема да се одржи фестивалската приредба во онаа форма во која сме навикнати, а сите автори ќе бидат обесштетени според правилата на конкурсот. Идната година е нова приказна - додава Троицки.
Се бара Супермен да го спаси Макфест 12AEA5DE65ECED4B80D5B8B8F8CA9B49
Советот на фестивалот најави дека песните што требаше да бидат изведени на сцената во домот на културата Ацо Шопов ќе бидат објавени на компакт-дискови, а се прават обиди да бидат изведени и на некоја од националните телевизии (се споменуваат МТВ и ТВ Алфа). Планот е на тој начин да се направи какво-такво премостување до следното јубилејно 25-то издание. Сепак, телевизиската изведба би била само бледа слика на златните денови на Макфест, кога на штипската сцена блескаа Маја Оџаклиевска, Олгица Христовска, Тања Кочовска, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски-Џафер, Трајче Манев... Неодржувањето на фестивалската приредба значи уривање на долгогодишната традиција на фестивалот и, секако, е загуба за имиџот на најмузичкиот град во земјава.

Локалната самоуправа на Штип секогаш го поддржувала Макфест и не станува збор за тоа дека сега не сакаме да помогнеме. Едноставно Фершпед е сопственик, а ние можеме да помогнеме во изнајмувањето сала и некои други трошоци, но не и да го земеме фестивалот во свои раце. Да кажеше Фершпед земете го и одработете го, сигурен сум дека ќе се најдеше начин, но вака времето беше прекратко. Како и да е, сигурен сум дека идната година 25-то јубилејно издание ќе се одржи - објаснува Кирил Панајотов, советник во општината Штип, кој е вклучен и во организацијата на фестивалот од неговото основање.

Авторите и изведувачите се едногласни - не смее да се дозволи згаснување на традицијата. Особено, имајќи предвид дека токму од штипската сцена биле лансирани голем број музички имиња, кои потоа оставиле свој печат на македонската поп-естрада, која во последниве години и онака е во криза - состојба на хиперпродукција со незначаен квалитет.
Се бара Супермен да го спаси Макфест C3D9C7CC3C6C674C835FDE60ECCED3D9
За мене како автор Макфест е многу значаен фестивал. Таму дебитирав во 1990 година и оттогаш, секогаш, со задоволство испраќав мои текстови. Сум добил многу награди на Макфест, а најдраги ми се петте за најдобар текст. Една ластовичка не прави пролет. Еден спонзор не прави фестивал. Дирекцијата на фестивалот треба да пронајде сили и да пронајде други спонзори, кои ќе го поддржат овој реномиран фестивал, зашто најлесно е нешто да се уништи - вели текстописецот Огнен Неделковски.

Коментарот, пак, на Тања Кочовска, актерка и пејачка, која својот најголем музички успех го доживеа токму на штипскиот фестивал и која остави длабок печат на неговата историја, е краток и јасен:

Катастрофа, нема што повеќе да се каже!

Пропаѓањето почна пред десетина години

Пропаѓањето на Макфест почна уште во периодот меѓу 1994 и 1996 година, сметаат дел од постарата генерација композитори, кои во последниве десетина години речиси воопшто не се појавуваат како автори на песните што се изведуваат на сцената во Домот на културата во Штип.
Се бара Супермен да го спаси Макфест 5495B92894A3074DA926FB2139C82BEF
На Макфест учествував до 1996 година и оттогаш не сум испратил песна, бидејќи не се согласував со некои работи што се случуваа таму во врска со организацијата и поради тоа што фестивалот премина во некои други води, за кои не се чувствувам кадарен. Ова првпат го кажувам јавно, бидејќи досега никој не ме прашал зошто 15 години не учествувам на Макфест. Не верувам дека е политика во прашање, верувам дека се работи за нешто друго, за кое допрва ќе се разбере што е. Во секој случај, секогаш жалам кога нешто згаснува, особено нешто во кое со сето срце сум учествувал. Без културата, без музиката, ние сме никој и ништо во светот - вели композиторот Кире Костов.

Сличен е ставот и на неговиот колега Љупчо Мирковски, кој вели дека фестивалот одамна го загубил кредибилитетот што го имал.

Постарите автори, во кои се вбројувам и себеси, одамна ги нема на Макфест, пред сe, поради мајтапот и несериозноста на организаторите. Не може некој да дојде и да ти каже Ќе ти дадам 100 евра, дај ми песна да правам фестивал или Најди си пејач да ти ја плати песната и нека ја пее на фестивалот. Почнаа да си играат фестивал со нови деца-автори, од кои секако има некои што се квалитетни, но старите велат нов бунар копај, во стариот не плукај - додава Мирковски.
Се бара Супермен да го спаси Макфест B0E1DB403886DF478B9D02D6D1031F5F
И Ристо Самарџиев, пејач што пред многу години тргна кон успехот токму по победата на Макфест, а ги обележа и последниве фестивалски години со успешни настапи, смета дека не се парите единствениот проблем.

Не е добро кога згаснуваат убави работи, но мислам дека финансиите не се единствениот проблем. Претпоставувам дека постои уште некој сегмент со кој не се задоволни организаторите, но не би можел да кажам што е тоа. Се надевам дека ќе се пронајде решение многу брзо и дека нема да има долга пауза, како што се случуваше со Сплитскиот фестивал, со Скопскиот и со многу други - вели Самарџиев.

Преземено од Нова Македонија
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Се бара Супермен да го спаси Макфест :: Comments

Абе добро не мораше нова новост за ова, можеше во тоа за Макфест темата да се допише и ова
Макфест, бе... Што беше тоа? ЛОЛ
Секако не ни планирав да гледам,со години немам гледано.
avatar
Re: Се бара Супермен да го спаси Макфест
Пишување Чет Сеп 10, 2009 9:02 pm by Гостин
А1 има намера да помогне да продолжи овој фестивал,Изгледа годинава на А1 ке го гледаме Макфест Се бара Супермен да го спаси Макфест 996773
Криво ми е за Мтв и жал воедно дека нема да го видиме повторно на Мтв традиционално
solange напиша:
Секако не ни планирав да гледам,со години немам гледано.
avatar
Re: Се бара Супермен да го спаси Макфест
Пишување Пет Сеп 11, 2009 2:26 pm by Гостин
леј сликава ја на зезанција ја напраев со суперменот ммм ја стаела таја ,не са токму Се бара Супермен да го спаси Макфест 24632
 

Се бара Супермен да го спаси Макфест

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: