|
| | BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 | |
|
+32Thiago Bedoya Aguero AnDzII nin4e Rebellious angel Каубој Џим G.Sparks MK fan stefi_ceci Bojan Adolfo mimoza ergenc elena flordun Losteech anaivanovic Pitt LostyFox Blair Waldroft 90210 missEfron gaby Adata dijanape Posh Girl iva_macedonia Burrows Missy LucasScott solange Игор Chris Bobi Beauty 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Пет Ное 27, 2009 6:34 pm | |
| На радио Буба Мара сега беше кажано дека серијата 1001 НОЌ моментално е најгледаната телевизиска програма, која ги привлекла и најприбирливите гледачи. Како што кажа радио водителката, толкава заинтересираност за некоја серија немало од времето на Касандра, и нешто кажуваше за љубовта на актерите во приватноста. На радио Фортуна исто така беше кажано нешто за серијата, а на радијата се пуштаат и инструменталките од серијата. Неверојатната популарност ја докажуваат и ролките "Шехерезад" кои се продават на Шутка и бројката над 25,000 макеоднски фанови на Фејсбук. Можам да замислам уште што не се продава по пазарите со брендот Шехерезад. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Пет Ное 27, 2009 9:49 pm | |
| | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Пет Ное 27, 2009 10:04 pm | |
| Ох, кутрите, зар уште постојат такви нешта на овој свет :ргргргг: Можам да замислам колку е оваа серија УЛТРАГЛЕДАНА кај ромската популација, или пак Ѓумуш | |
| | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Ное 28, 2009 2:50 am | |
| Во приватниот живот Халит (Онур) е женет со Бергузер (Шехерзад) и чекаат бебе, Тарду (Керем) е се уште не женет но се зборува дека се гледа со Еда не и го знам вистинското име, а Кеда (Бену) е мажена за некој бизнисмен Енгин Акгун. | |
| | | LostyFox Нов Член
Број на мислења : 29 Location : Unknown... Registration date : 2009-06-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Ное 28, 2009 1:44 pm | |
| Само еден ФАН има серијава ? или другите не кажуваат дека ја гледаат :(
Што се случи вчера, изгледа заборавија да зборуваат нашиве :P | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Ное 28, 2009 2:45 pm | |
| Зашто што се случило? | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Ное 28, 2009 3:43 pm | |
| | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| | | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Ное 28, 2009 3:48 pm | |
| Е добро, можеби грешка па еден период немало синхронизација А бе еднаш била претепана Шехерезад. А дали народов наш напатен знае колку пати Марисол и Марианхела беа киднапирани и тепани, знаат дека Марија Бонита умре, знаат дека Ана Кристина го загуби детето на времето | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Нед Ное 29, 2009 12:54 am | |
| | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Нед Ное 29, 2009 1:31 am | |
| Лелеее,Ана Кристина го изгубила детето? Јас баш сега ја гледам скратената верзија и стигнав до пораѓајот... Лелееее...Сега антибиотик ми треба. Иначе се возам пред некој ден во автобус,песната од интрото на Шехерезад ечи,жени коментираат што се случило во последната епизода,па дури и професориве.Една моја другарка лиже лижавче на час,а оваа професоркава и вика ''Така ли прави Шехезарад во серијата?'' Е,ај сеа,јас одам да ја оплакувам Ана Кристина... EDITH: Од таков стрес,Ана Кристина ја помешав со Кристина... Иначе ништо чудно заради Шехерезада,утре да прогласат ден на жалост. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Нед Ное 29, 2009 8:32 pm | |
| Еве и денес и вчера си ја загледувам серијава затоа што се дава и преку викенд. Така да сега може да си признаам дека сум компетентна да ја критикувам сеирјава И оваа и Ѓумуш во однос на реализацијата се преслични, а приказни тотално различни, и двете приказни убави на свој начин. И двете во основа се прави сапуници, и двете се реални, и во двете музиката е одлична. Можеби во 1001 Ноќ има ликови кои не се во целина поврзани едни меѓу други, за разлика од Ѓумуш каде ликовите се всушност една фамилија. Дали ваква професионална синхронизација или турски едноличен јазик, кога би се прашала, сепак би избрала турски јазик, иако синхронизацијава на 1001 Ноќ е одлична (особено главните ликови, а има некои споредни чии гласови ептен иритираат). Убави серии, не се во никој случај wow, многу се реални и нормални и верувајте приказната можам во 1-2 реченици да ја раскажам (некои зборуваа за латино сериите тоа, али овие се многу поедноставни). Што се однесува до 1001 Ноќ, за мене најинтересни ликови ми се Бурхан, жена му, син им, снаата, Шехерезад. Другите помалку или повеќе ме нервираат. Сепак јас би сакала многу повеќе динамика во дејството на овие серии, кои и не се лоши, али не се ни wow како што реков. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Пон Ное 30, 2009 1:21 am | |
| Јас денес погледнав на крај бидејки јадевме тогаш а мајка ми ја гледа, видов како ја акнаа вашата Шеки | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Сре Дек 02, 2009 8:52 pm | |
| Шехерезад ги празни улиците, а ги полни илузиите Експертите велат дека веќе не ги третираат, гледачите и понатаму со задоволство ги гледаат. Прашање е зошто по толку преживеани Касандри, Есмералди, Марисоли во последниве две децении, публиката така несебично се отвори и прифати нова, овојпат турска шпанска сапуница? Времето на најревносниот промет во големите маркети околу 20 часот е поместено. Сега се пазари до 20 часот и за задоцнетите купувачи - по 21 часот. Во меѓувреме се прикажува теленовелата „1001 ноќ“ - во моментов ТВ-содржина број еден, според популарноста. Еден од најубедливите аргументи за прекин на минатонеделната седница на Градскиот совет што се оддолжила непланирано било прегазеното време за почеток на теленовелата на телевизија. Дежурните лекарски екипи прогласуваат пауза во овој час, а децата во градинките ги нарекуваат куклите Шехерезад, според името на хероината на теленовелата. Пиратски изданија со превод на бугарски од серијалот веќе може да се најдат кај уличните продавачи на дивидија. Овие примери за фаталното влијание на теленовелите на поширок план можат да се пресликуваат и на секое индивидуално пониско, микрониво. Главните актери од теленовелата „1001 ноќ“ се вљубиле во времето на снимањето на серијата и започнале врска, сеедно што актерот веќе имал свршеница, како што разбрав на фризер. Е зошто мајка му не дозволува да ја земе за жена (главната хероина, ако не ја следите серијата). Па, што ако е вдовица и има дете?, ме прашува сосетката, откако ме поздравува со „добро утро“. Брее, види каква економска еманципација кај Турциве, па после како не сакаат да ги примат во Европска Унија кога тие веќе станале Европа, ми коментира таткото на пријателката. Колешката ми се јавува по телефон во 20.15 часот и прво прашува: „Да не гледаш Шехерезад?“. Ако одговорам потврдно, таа се откажува од понатамошниот разговор. Ако одговорам негативно - не ми верува. Дали на Македонија и случува нов феномен на „шехерезадизација“? И зошто по толку преживеани Касандри, Есмералди, Марисоли во последниве две децении, публиката така несебично се отвори и прифати нова, овојпат турска шпанска сапуница? - Не ги гледам ниту ги следам. Со теленовелите се занимавав во 80-тите години, кога се појавија. Сега веќе не се предмет на мојот интерес, а за да се коментираат, сепак, треба да се има увид во содржината на серијалите - вели Дона Колар - Пановска од Институтот за социолошки истражувања. И проучувачите се откажаа од теленовелите, само публиката не попушта. Зошто? Војна и телевизијаОд 90-тите години на минатиот век наваму теленовелите се една од најгледаните програми во светот. Емитувани во ударните термини на сите телевизии, овие серии, редовно натопени во изобилство од емоции, постигнуваат огромна гледаност во кризни периоди, велат проучувачите. Една од најобемните статистики за нивната гледаност во регионот покажува дека офанзивата на теленовелите на шпански и португалски јазик започнала во Босна и Херцеговина три години по крајот на војната и го зафатила целиот регион. Босна и крајот на војната се карактеристичен пример за омамувачкото дејство на ТВ серијалите од ваков вид - Босанци од различни верски и национални убедувања во земјата, штотуку излезена од војна, ги гледале теленовелите во исти временски периоди, секој на својот национален јавен канал. Времето на нивното емитување е време на колективно седативно дејство и ескапизам од стварноста што ги опкружувала. - Телевизиските серии се феномен што има влијание врз обликувањето на моделите на однесување на публиката, кој суптилно ни презентира системи на вредности, култура и ставови на едно општество што го претставуваат. Луѓето гледајќи серии често пати се идентификуваат со ликовите и со прикажаните животни приказни. Тие најчесто го прикажуваат секојдневниот живот, допираат до проблемите и емоциите на луѓето, со што идентификацијата е уште поголема, а од друга страна прикажуваат и еден поидиличен живот за кој сите ние тежнееме, и се добра можност за едно кратко бегство од нашата реалност - вели Јана Величковска, психолог во „Ре-медика“. Од што бега нашава публика гледајќи ја „1001 ноќ“?
Од соочувањето со 400 илјади невработени, од сé пожестокиот притисок за решавање на спорот со името на сметка на името, од немилосрдното повторување на историјата, од честото соочување со бесперспективноста, од досадните меѓупартиски пресметки... На што наидува домашната публика во „1001 ноќ“? На класична љубовна приказна меѓу двата главни лика, која се одвива во контекст на брзоменливото турско општество, во кое сопствениците на фабрики се жртви на квазифирми за складирање на отпадот, кои ги избегнуваат законските обврски и за профит депонираат токсично ѓубре на недозволен начин и лесно пристапни места, каде што големите холдинзи се цел на мафијашки напади, а градежните работници од сиромашни семејства гинат на работа и оставаат незгрижено потомство зад себе, додека девојки од Русија, Молдавија и од другите источни земји доаѓаат во Истанбул во потрага по работа и стануваат лесна цел на локалните силеџиски настроени макроа. Што е тогаш поинакво од нашево милје? Натопеноста со емоции, кои се суфицитарен зачин на ова обезличено време, која од теленовелите, колку и да се понекогаш наивни и патетични, прави предмет на јавното мислење, кој е потребно да се анализира и правилно да се дефинира со утринското кафе наредниот ден. Така беше со сите шпански и португалски сапуници досега, така е и со првата турска шпанска сапуница сега (притоа турска треба да се сфати како ознака за земјата од каде што доаѓа продукцијата, а шпанска како жанровска определба). Потреба за мелодрамаМеракот за љубовните интриги на шпански и на португалски јазик, а во поново време и на хрватски и турски јазик, очигледно ги владее поствоените општества и со општествата во транзиција, каде што потребата од масовен ескапизам е очигледна. Практиката покажала дека теленовелите се најпопуларни меѓу сиромашните општествени слоеви во земји со забележителни политички и стопански тешкотии или денес во младите демократии и општествата во транзиција. Покрај Јужна Америка, теленовелите денес се најгледани на Филипини, Русија, Израел, Полска, Романија, Чешка, Унгарија и во земјите на бивша Југославија. - Овој феномен е веќе виден во феноменот на мелодрамата или крими-романот, кои биле најпопуларни во критичните моменти низ кои поминувало одредено општество, под што се подразбира војна, невработеност, пад на стандардот, политички превирања и слично. Теленовелата, всушност, е мешавина на клучните елементи на овие два литерарни жанра, чиј елемент на суспенс (драмска напнатост) е повеќе од шаблонско-занаетски, а не од оригинално уметнички квалитет - вели филмската теорија. Драмска напнатост, идеализирани ситуации, прецизна диференцијација на тоа што е морално, добро и убаво и на нивните спротивности се главни карактеристики и на серијата „1001 ноќ“, која за релативно краток период од 2-3 недели прикажување, безрезервно ја освои домашната ТВ-публика. - Актуелната заинтересираност на нашата публика за серијата „1001 ноќ“, освен на веќе споменатите фактори, делумно се должи и на тоа што културните вредности и обичаите што се прикажани во серијата и се познати и блиски на нашата публика. Делумно свое влијание има и тоа што нашата публика веќе е презаситена со т.н. „шпански серии“, па така појавата на една нова серија, која по содржината е поблиска до нашата култура, претставува вистинско освежување - смета Величковска. Во 2006 година во Босна и Херцеговина, сите јавни и приватни ТВ-сервиси емитувале по една теленовела со потекло од Јужна Америка секој работен ден. - На ТВ Телма никогаш не била прикажана ниту една теленовела - вели Јагода Михајловска - Георгиева, уредник на забавната програма на оваа куќа. Две турски теленовели се борат за домашната публика на две национални телевизии. Патем тече прикажувањето на уште неколку хрватски серијали. „1001 ноќ“ засега неприкосновено води. Публиката, според истражувањата, варира од деца до старци, но најмногу ја опфаќа женската гледачка популација. - Со Шехерезад се исцрпува мојата потреба за романтика и мелодрама - вели Софија Миланова, 40-годишна правничка, смешкајќи се малку посрамено поради ваквото признание. Но, Шехерезад со задоволство ја гледаат и деца од градинките, и тинејџери, домаќинки, секако, па дури и мажи во позрела возраст. Противниците на теленовелите го аргументираат својот негаторски став со квантитетот во програмските шеми, со презаситеноста со истоветни заплети, со ниските критериуми на реализација (глума, режија, сценографија) и со, генерално, заглупувачката функција. Но, со текот на времето, веројатно поради популарноста и приливот на побарувања за нив, овие продукции стануваат сé посериозно одработени, сценографиите се сé побогати, костимите повеќе од пристојни, музиката специјално компонирана.... Заплетите, меѓутоа, остануваат исти. Кокетираат со човековите неостварени желби за љубов, успешност во животот и професијата, за исполнетост - емоционална и деловна. Тоа е рецепт што не се менува и што, наспроти претпоставеното зреење и визуелно описменување на публиката, останува и натаму привлечен и гледлив асортиман. Особено, кога преостаната ТВ-понуда не бега подалеку од реалните шоуа, а домашната ТВ-продукција се сведува единствено на - вести. Инстант-катарзаСапуницата влегува секојдневно во домовите на корисниците и игра двојна игра - на консументите им дава чувство на исполнетост низ активирањето на психолошките механизми на идентификација со ликовите и бегство од реалноста. Исполнетоста се огледува во катарзичното чувство на консументот, кое е резултат на шаблонски произведената драмска напнатост. За Аристотел, катарзата е задоволувачко чувство на страв и прочистување. Ако е така, тогаш теленовелите се инстант-катарза. Во влечки, пред ТВ-екран. Слабоста станува предност!Натсинхронизацијата на македонски, која во почетокот се посматраше како слабост, во меѓувреме - стана предност на теленовелата „1001 ноќ“. Многумина сметаат дека натсинхонизацијата во меѓувреме почнала дополнително да влијае на приемчивоста на серијалот. Антонела Петковска, професорка по социологија на културата на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, не се согласува со оваа практика. - Знам дека во многу држави се користи оваа постапка, но мислам дека натсинхронизацијата е идиотизам. Тоа не ги зближува културите, туку напротив ни ја одзема можноста автентично да ја примиме културата од каде ни доаѓа одредена ТВ-понуда. Башка, овде имаме толку луѓе што зборуваат или што со радост би слушале турски - вели Петковска. Анкета: Скопјани ја сакаат „1001 ноќ“? | Ја гледаме зашто е поучна и пристојна! | Додека се емитува турската телевизиска серија „1001 ноќ“ на А1 телевизија, на улица нема жива душа - ова е најновата анегдота меѓу скопјани, која по сé изгледа не е далеку од вистината, а важи и за останатите градови во Македонија. Дали навистина оваа серија е толку гледана и со што го привлекува вниманието на луѓето пред ТВ-екраните, ги прашавме жителите на Скопје, по случаен избор, гледајќи да опфатиме различни категории граѓани. Нивниот одговор беше ист: „Да, ја гледаме Шехерезад и тоа со задоволство“. | | Лола Исајловска, пензионерка: - Серијата ја гледам зашто е многу убава и поучна, за пример. Ми се допаѓаат ликовите, а и обичаите, кои се слични на нашите. Сите глумци ги сакам, а и многу се убави. Во серијата нема ништо вулгарно и корисна е за младите, ама и за нас, старите. | | Тања Спировска и Јовановска Драгана, студентки: - Интересна е и многу подобра од шпанските серии. Најмногу ми се допаѓа што семејството и традицијата се ставаат на прво место, што во неа нема ништо непристојно, а и содржината и опкружувањето се современи. | | Ана Бошковска, технички персонал во ОУ „Вера Циривири Трена“: - Ме привлекува, пред сé, актерскиот настап, убавините на градот Истанбул, а освен тоа има многу поучни работи, кои што можат да го наведат човек да размислува. Еден од најпозитивните ликови за мене е госпоѓа Надидан, една мудра средовечна жена, од која може многу нешто да се научи, а и доблеста на Шехерезад како мајка е за восхит. Со душа ја чекам секоја нова епизода. | | Стефан Керазовски, Никола Костадинов, Кристијан Колевски и Јовица Трајковски се ученици во 8-1 во ОУ „Вера Циривири“ во Скопје.
- Ја гледаме серијата бидејќи е интересна, забавна, со многу заплети. Најинтересно ни е она што се случува меѓу Онур и Шехерезад, која е многу убава, ама ни се допаѓа и глумицата што ја игра Бену. Нашите мајки се толку преокупирани со случувањата во „1001 ноќ“, што ги следат и на Интернет. | | Жарко Радевски, такси возач: - Сум ја читал книгата според која е снимена „1001 ноќ“. Серијата е работена според вистинита приказна и одлично е сработена. Има повеќе ликови што ми се допаѓаат, но сепак мислам дека подобро би било гледачите да можеа да ја следат со превод, а не вака со натсинхронизација. Тоа го мислат и моите муштерии. За мене оваа серија е многу подобра и поквалитетна од „Касандра“ и „Клон“, бидејќи тука брзо се случуваат настаните и навистина се интересни. | | Катерина Миовска, правничка: - Не знам кој не ја гледа серијата за Шехерезад? Најмногу ми остава впечаток тоа што нашите култури, македонската и турската, се сепак блиски. Оној патријархалниот дух на родителите ме фасцинира и најверојатно малку ми недостига, како што веројатно на сите им фали во ова денешно време татко на семејството, татко во вистинска смисла на зборот. Впечатливи се и убавините на Ориентот, односот на луѓето, нивното меѓусебно почитување. | М. Т. |
| |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Сре Дек 02, 2009 9:06 pm | |
| - Цитат :
- Пиратски изданија со превод на бугарски од серијалот веќе може да се најдат кај уличните продавачи на дивидија.
Да ги поправам: СИНХРОНИЗАЦИЈА наместо превод Инаку сето ова е вистинито, но тоа е | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Сре Дек 02, 2009 9:10 pm | |
| A прочитавте за дежурните медицински екипи кои правеле пауза? Па затоа ќе умираат луѓе од свински грип - персоналот гледа Шехерезад. Или Градскиот совет зашто пркеинал седница. Па нормално после градот ќе биде нечист, катастрофа. | |
| | | iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Сре Дек 02, 2009 10:21 pm | |
| Катерина Миовска, правничка: - Не знам кој не ја гледа серијата за Шехерезад?
-ЈАС | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 12:09 am | |
| Оф..што еуфорија ќе беше,кај мене дома сите ја гледаат па и јас понекогаш зирнувам и онака е океј,али не ми е ништо пособно...според мене Ѓумуш е поинтересна..само немој да стане навика на нашиве телевизии да откупуваат само ткави серии,инаку би останале со никаква врска кон Латиноамериканскиот свет xD | |
| | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 1:06 am | |
| Не знам дали ја гледате серијава ама денешнава епизода мислам ја скратија малку, тоа беше кога Каан и дава поклон на мајка му за роденден и и кажува песна за мајка, еве линк после 15 минута е тоа http://vbox7.com/play:b161e996 | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 1:07 am | |
| Ама јас стварно не знам што е толку посебна Прееска си реков ајде ке погледнам цела епизода да не грешам што не ја гледам, и ништо посебно не е, не е лоша туку е просечна теленовела. А тоа што не лудувам по неа како што прави држава само докажува дека имам поразвиен мозок од нив и дека моиве очи виделе подобро | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 1:12 am | |
| Крис, и јас истото го тупам откако почна серијава. Моиве очи виделе многу подобро, и многу подобро споро и многу подобро брзо дејство. А ова е една баш просечна серија, која како што кажав се раскажува во 1-2 реченици. Ем синхронизацијата ме кочи, ем дејството е стварно тупење. | |
| | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 1:22 am | |
| Во таа држава спаѓам и јас така Крис само не сум толку затупана штом ја гледам серијава, секој има право на мислење. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 03, 2009 1:25 am | |
| Не реков дека некој е ЗАТУПАН (wow зборов)
туку само кажав дека ЈАС за себеси мислам дека имам многу подобар вкус, тие прашања морав да си ги поставам после толкава хистерија за оваа серија. | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Саб Дек 05, 2009 1:25 pm | |
| Eдинствено нешто што ме привлекува во серијата се Керем и Бену,колку убав пар а Бену е мн.убава..најубава во цела серија..нејзиниот лик,карактер се неверојатни..можеби ја сакам затоа што понекогаш се наоѓам во неа..инаку Ѓумуш поред мене е подобра од Шехерезад,, | |
| | | anaivanovic Нов Член
Број на мислења : 79 Registration date : 2009-11-27
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 Чет Дек 10, 2009 1:56 pm | |
| Конечно и ја почнав да ја гледам серијава (тоа ти е влијание од околината ) Не дај боже да се јавам кај некој од клас дома од осум до девет и пол нема ни слушалка да ми кренат а пак ако ми кренат нема ни да ме слушнат што им зборам зацапани у телевизорот.Него тоа ти е и ја почнав да ја гледам поради недостиг на серии. На сител не ми се пушта а ни на крај памет не ми паѓа да ја гледам па таа Ѓумуш (инаку серијава има рејтинг нула мислам дека само дедо ми ја гледа , додека Шехерезад и братучетка ми и стрина ми и чичко ми ја гледаат покрај цел клас и скоро цела Македонија). Сеа Бену мене ми е најомилена и така. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 | |
| |
| | | | BINBIR GECE, Kanal D|2006-2009 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|