Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeА1 - сензационализам Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 А1 - сензационализам

Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

А1 - сензационализам Empty
20090905
ПишувањеА1 - сензационализам

Скандалозни снимки, кои по речникот на новинарите од А1 беа најавени како ексклузивни, се прикажаа во ударниот термин (Вестите во 19:00) на најгледаната македонска национална телевизија, а во моментов можете да ги погледнете и на официјалниот сајт на А1. На снимките можеше да се види извлекувањето на мртвите тела од површината на Охридското езеро, по трагедијата која се случи попладнево.

А1 - сензационализам Senzacionalizama1
(клик на сликата за да видите како А1 си ги рекламира овие и повеќе од скандалозни снимки!)

Кога и дали некогаш нашите медиуми ќе сфатат дека трагичните настани нормалниот човек не ги смета за ексклузивитет на денешното време? Кога и дали некогаш некој ќе се најде за паметен да се спротивстави на ваквиот сензационализам кој го наметнуваат нашите „квалитетни“ медиуми, на чело со А1? Кој...кој по ѓаволите дозволил „ексклузивните снимки“ во кои го гледаме извлекувањето на мртвите тела од длабочината на Охридското езеро да се прикажат на телевизија? И дали тој НЕКОЈ ќе одговара за ова што денеска А1 телевизија го пренесуваше и ќе го пренесува во текот на оваа ноќ пред два-милионски аудиториум во кој спаѓаат бебиња, мали дечиња, адолесценти и пензионери со слабо срце?

Каде е сега советот за Радиоконтузија?!

Блогерски реакции во врска со денешните „ексклузивни“ снимки на А1:
http://babamitrajanka.blog.com.mk/node/244841#comment
http://kimi.blog.com.mk/node/244842
[сагата продолжува наскоро]

Цитат :
Единственото нешто кое е поголемо од Вселената е човековата глупост.
Алберт Ајнштајн
Во право бил!

UPDATE
Истите снимки се достапни и на официјалната страна на Сител.
Покуси да не останат!!!

Благодарам Боби за информацијата.


Последната промена е направена од Losteech на Саб Сеп 05, 2009 9:34 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

А1 - сензационализам :: Comments

avatar
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:15 pm by Beauty
Одма негативни критики на интернет, па голема работа ако биле прикажани?
Тоа значи дека А1 се стварно ексклузивни, плус беа најавени како шокантни, имаше предупредување од новинарката за да не ги гледа оној што не сака.
Во светот е борба кој прв ќе стигне до ексклузива, али тоа што живееме во конзерватизам, е друга работа.
Сите сте ги гледале, сите ќе ги гледаат на интернет, па после ќе коментираат негативно.
Ако некој не сака, нека не ги гледа воопшто, или по една прикажана секунда, што не смени канал?
За сеир и гледање како гледачи сме први, али после за плукање исто сме први
Burrows
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:16 pm by Burrows
Да, снимките беа одвратни и морбидни.
Не ги оправдувам, ама, А1 убаво си најавиле дека сликите се шокантни.
Плус пред да ги пуштат официјално уште еднаш Горан Петревски го повтори тоа пополека, време доволно за да родителите си ги тргнат децата од екран.

За тоа како и кој ги направил - не знам, ама се гледа дека тоа го сторил некој со непрофесионална камера.

Исто така, сакам да изјавам сочувство до фамилиите на загинатите, ова беше навистина голема трагедија. А1 - сензационализам 165556


Последната промена е направена од Burrows на Саб Сеп 05, 2009 9:17 pm. Мислењето е променето 1 пати
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:16 pm by Losteech
Размисли уште еднаш Beauty пред да постираш вакво мислење. Размисли убаво.

Дали некогаш на CNN си видела вакво нешто?

И КАКО ТОА НИЕ ДА НЕ ЈА КРИТИКУВАМЕ АГЕНДАТА НА А1, а? Да не треба да ќутиме и да им благодариме за вакви гнасотии????

Цитат :
Плус пред да ги пуштат официјално уште еднаш Горан Петревски го повтори пополека, време доволно за да родителите си ги тргнат децата од екран.
И тоа ги оправдува?


Последната промена е направена од Losteech на Саб Сеп 05, 2009 9:17 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:17 pm by Chris
Секгаш вака прават
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:19 pm by Losteech
Chris напиша:
Секгаш вака прават
Затоа и сега ќе си го пополнувам постов на секоја реакција и на крајот ќе им испратам се’ што било напишано на интернет. Не дека ќе им биде гајле, ама јас ќе си ја завршам работата.

Време е некој нешто да превземе за безредието во нашата држава. За такво нешто не е потребно да си полнолетен, потребно е да имаш свест.
avatar
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:21 pm by Гостин
Се колку да се само најгелдана телевизија А1 - сензационализам 581909
iva_macedonia
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:21 pm by iva_macedonia
Па на CNN и на BBC нели го објавија видеото како телото на Мајкл Џексон покриено го вадат од амбулантска кола?За мене и тоа е морбидно.....Во право е Дани проблемот сме ние не а1
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:23 pm by Losteech
iva_macedonia напиша:
Па на CNN и на BBC нели го објавија видеото како телото на Мајкл Џексон покриено го вадат од амбулантска кола?За мене и тоа е морбидно.....Во право е Дани проблемот сме ние не а1
Токму така, проблемот е во вас, мислите дека ова е ОК, ама не е ОК.
На CNN телото беше прикажано покриено, како што самата си кажа, така што нема ништо морбидно во тоа, они не ни го прикажаа Мајкл Џексон мртов.
avatar
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:24 pm by Гостин
iva_macedonia напиша:
Па на CNN и на BBC нели го објавија видеото како телото на Мајкл Џексон покриено го вадат од амбулантска кола?За мене и тоа е морбидно.....Во право е Дани проблемот сме ние не а1
е да ама ексклузивни да се наречат овие снимки,не е ова концерт или позната личност
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:25 pm by Chris
Абе кога се осмелија да пуштаат слики од Тоше извлечен од колата, не знам дали беше монтажа или не, сепак беше неубаво и невкусно од тој што го ставил тоа на нет
avatar
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:25 pm by Гостин
Losteech напиша:
iva_macedonia напиша:
Па на CNN и на BBC нели го објавија видеото како телото на Мајкл Џексон покриено го вадат од амбулантска кола?За мене и тоа е морбидно.....Во право е Дани проблемот сме ние не а1
Токму така, проблемот е во вас, мислите дека ова е ОК, ама не е ОК.
На CNN телото беше прикажано покриено, како што самата си кажа, така што нема ништо морбидно во тоа, они не ни го прикажаа Мајкл Џексон мртов.
А1 - сензационализам Michael_jackson_dead
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:25 pm by Losteech
Chris напиша:
Абе кога се осмелија да пуштаат слики од Тоше извлечен од колата, не знам дали беше монтажа или не, сепак беше неубаво и невкусно од тој што го ставил тоа на нет
Да, ете, убаво што ме потсети.
Дани и ова да не беше нормално?
M@RKO напиша:
Losteech напиша:
iva_macedonia напиша:
Па на CNN и на
BBC нели го објавија видеото како телото на Мајкл Џексон покриено го
вадат од амбулантска кола?За мене и тоа е морбидно.....Во право е Дани
проблемот сме ние не а1
Токму така, проблемот е во вас, мислите дека ова е ОК, ама не е ОК.
На
CNN телото беше прикажано покриено, како што самата си кажа, така што
нема ништо морбидно во тоа, они не ни го прикажаа Мајкл Џексон
мртов.
А1 - сензационализам Michael_jackson_dead
Каде е знакот на CNN? Ова е снимка објавена на интернет. А на интернет не постојат правила.

На крајот на краиштата, споредувате бело со црно. Мајкл Џексон кога бил извлечен од дома бил извлечен во количка и се’ уште имало надеж дека ќе се спаси, медиумите не знаеле дали е мртов. А ова е намерно направено, со цел да бидат „ЕКСКЛУЗИВНИ“ вестите.


Последната промена е направена од Losteech на Саб Сеп 05, 2009 9:27 pm. Мислењето е променето 1 пати
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:27 pm by Chris
И оваа слика од Џексон исто така не ми се допаѓа што ја објавија, многу морбидно изгледа
iva_macedonia
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:27 pm by iva_macedonia
Па што е не ОК тука?Имаше убава најава кој сака да гледа нека гледа кој не не мора....Вие ако не сакате да гледате не гледајте ама не ги обвинувајте а1 затоа што тие убаво си кажаа што следува.
Burrows
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:28 pm by Burrows
Losteech напиша:

И тоа ги оправдува?

Воопшто не ја оправдувам нивната сензационализност, ама најавата која беше кажана пред снимките беше на место. Кој не сакал, не морал да гледа. А беа предупредени и кои групи треба да го сменат каналот.

Снимките сигурно не ги направила А1, туку некој што се нашол на местото на настанот и наместо да помогне таму, снимал. Во тој случај А1 е најмалку крива.

А за тоа ако Советот мисли дека треба да се поднесе тужба, нека поднесе.
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:28 pm by Losteech
iva_macedonia напиша:
Па што е не ОК тука?Имаше убава најава кој сака да гледа нека гледа кој не не мора....Вие ако не сакате да гледате не гледајте ама не ги обвинувајте а1 затоа што тие убаво си кажаа што следува.
ОК се предавам, се е нормално. Јас и другите не сме нормални што вакви нешта не сакаме да бидат прикажувани на телевизија преку ден, во ударен термин.

Според вашава логика ако на А1 водителите најават порно во 19:00 и им препорачаат на родителите да не ги пуштаат своите деца да гледаат ТВ, пак ќе биде во ред тоа, така?

П.С. Со овој пост се одјавувам од темата, сметам дека нема потреба да ви ги следам мислењата, зашто ќе се инаетите и понатаму.
Bobi
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:32 pm by Bobi
Не се само А1, одете на официјалната страна на Сител ги има истите снимки. Тоа е нашата држава, нормално дека не го оправдувам, и со сето што го кажа Иван се сложувам, никад ама баш никогаш не сум видел нешто слично на BBC/CNN.
iva_macedonia
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:34 pm by iva_macedonia
Јас не реков дека ние сме нормални а вие ненормални....тој заклучок не знам од кај го извлече.А споредбата со порното ти е незаменлива...а1 тоа никогаш не би го направил
Burrows
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 9:40 pm by Burrows
И на Кајгана имаше доста коментари околу ова, еве дел од нив:

1. А1 најавуваат ексклузивни шокантни снимки од несреќата.. Добро бе, каде ќе ви оди душата? А1 - сензационализам Tapshanje
Одговор:
- Прашај кај ќе му оди на типчето што качило 30 патници повеќе од
дозволеното на брод створен после Прва светска војна. А овие, си ја
вршат работата. Нема ништо неморално, ниту непочитувачко.

2. Смеат телевизиите да даваат како лебдат мртви тела во езерото и како истите ги вадат надвор?

Што е многу многу е, никаква почит за загинатите. Срамота.
Одговор:
- Не смеат да покажуваат лица на штотуку уапсени личности,(секој е
невин, додека не се докаже спротивното, консумпција на невиност) а да
известуваат од местото на настанот(дури и ако тој вклучува мртви тела),
смеат.

3. Овие а1 не се нормални еј. Се даваат ли вакви снимки.

4. Стварно беа ексклузивни и шокатни снимките...

5. Дозволени се вакви снимки што даваат на А1?
Одговор:

Дозволени се веројатно законски, ама морално и етички не верувам. Срамота. За пусти публицитет и мајките би си ги продале.

Па не знам што не чуди ова толку, тие телото на Тоше го снимија кога го
отворија ковчегот па за некои Бугари тука. Да се нема ни трошка
човечност ни сочувство.

6. Е не ми се верува што само видов сега на ТВ, па овие дали се нормални
што објавуваат вакви работи, Бог да чува и да брани, сочувство до
фамилиите на загинатите.

7. Па онолку шокантна снимка немам видено. Јас разбирам дека А1 сакаат да
даваат ексклузувни снимки меѓутоа ова беше премногу. Сочувство до
семејството до починатите

8. Околу сликите: тоа е правило според медиумското вознесение - и ако ме
праша некој мене, не би сакал да се објавуваат, ама нека, нека послужат
во вакви случаи за поголемо згрозување и прст на чело, бидејќи сме
премногу вознесени и самите и бројките од весник ништо не ни значат...

9. Ај бе па тие А1 колку се без усул,кој сака да глеа такви снимки немаат почит кон загинатите.

10. Не ги гледајте снимките. Зошто по ѓаволите ги гледате? Нашата
нација е прва за ексклузива, шокантизам, драмење, театралност, па затоа
и тоа е сервирано од медиумите. Еве, откако чув дека има шокантни видеа
на телевизија, не гледам. Фала, јас сакам да спијам вечер. А вие, ем
гледате, ем серете. Немојте ви се молам.

11.Не ги обвинувам А1 што ги прикажаа снимките, туку кретенот што снимал,
гарант си мислел "топ сеа ќе ги шитнам на некоја телевизија", ебате
лешинарите глупи, да бил некој негов близок на дното да го прашам дали
ќе снима!

12. Во однос на снимките на А1... не ми се допадна тоа што го видов, ама не
ги окривувам ни А1. Имаат ексклузивен материјал, и го објавуваат. Пола
саат унапред беше најавен како "ексклузивен и шокантен". Значи сите
токму и поради тоа се нацртавте пред вашите мали екрани. И сега ми
мрчите тука колку биле гадни. Ало, најавија ЕКСКЛУЗИВНИ и ШОКАНТНИ снимки. Што очекувавте?
Одговор:
- Ако најавиле дека снимките се шокантни и предупредиле за нивната
содржина, тогаш незнам што толку удирате критика на А1, слично ко онаа
снимка кога почина пред камерите девојка во Иран, сите светски
медиумски агенции го пренесоа тој настан, вклучувајки ги и нашите
медиуми .
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 11:50 pm by Chris
ИНАКУ снимките на А1 не се уклучуваат, има реклама и се али не се пуштаат, може поради бурните реакции нешто се десило А1 - сензационализам 493672
Игор
Re: А1 - сензационализам
Пишување Саб Сеп 05, 2009 11:57 pm by Игор
Јас почнав да гледам кога ги емитуваа вестите, но свртев кога го видов телото како лебди во вода...

Воопшто не требаше да ги прикажат тие снимки. Тоа е тотално непочитување, а не зашто се disturbing. Што ако не` предупредија дека се вознемирувачки пред да ги емитуваат?! Демек деца нема да ги видат ако се пред телевизор?

Сфаќам дека во денешно време се` се прави за гледаност, ама ова беше многу глупав потег. Немаше НИКАКВА ПОТРЕБА тоа да се емитува. Ни објаснија што се случило, можеме и сами да замислиме, не мора да го видиме. Се надевам дека тие снимки веќе нема да се повторат.

Невкусно! А1 - сензационализам 165556

П.С. Жалосно за трагедијата.
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Нед Сеп 06, 2009 12:02 am by Chris
Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во Македонија

уште еден депресивен ден ке проживее нашата нација... воопшто не се чувстввуам убаво на такви денови, се сеќавам по трагедијата на Тоше имаше низа такви денови знам и за некој политичар се работеше
Losteech
Re: А1 - сензационализам
Пишување Нед Сеп 06, 2009 12:39 am by Losteech
А1 пак ги пуштаат снимките во моментов.
Ова станува банално.
Chris
Re: А1 - сензационализам
Пишување Нед Сеп 06, 2009 1:05 am by Chris
Леле јас првпат ги видов сега снимките на телевизија, стварно непријатно изгледаше и уште па идеа со знак дека се екслузивни, немој некој да не им ги украде А1 - сензационализам 557897
 

А1 - сензационализам

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 4Отиди на страна : 1, 2, 3, 4  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: