Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| | Др. Хаус притиснат меѓу два питони | |
Рекламната кампања за шестата сезона на супер популарната серија House M.D. се засноваше на слоганот Snakes on a cane (змии на бастум), алудирајќи на менталната состојба на главниот лик, чиј заштитен симбол е токму бастумот. Во последниот дел од кампањата, која цело лето се врти по американските телевизии, се појавува др. Хаус како стои со крила на грбот,а е обвиткан од два огромни питона. Иако прво ќе си помислите дека се е монтажа, всушност змиите се вистински, а самиот актер ги снимил сликите, без дублер или нешто слично. Самата слика изгледа многу интересно и е типично нешто што се очекува од тимот на оваа серија, а кога биле запрашани продуцентите дали овој постер открива нешто во врска со случувањата во новата сезона, тие само одговориле – не, затоа што се се менува во оваа сезона, ништо не е постојано. Првата епизода од шестата сезона излегува на 21 септември. Извор: http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=31003 | |
|
Саб Сеп 05, 2009 6:25 pm by Гостин