Со лиценца за емитување на територијата на поранешна Југославија, МТV денеска ги објави номинираните во категоријата BEST REGIONAL ACT (НАЈДОБАР РЕГИОНАЛЕН ИЗВЕДУВАЧ) за претстојните MTV Европски Музички Награди 2009.
Белградскиот бенд Darkwood Dub, босанската „crossover“ екипа Дубиоза Колектив, поп-рок групата од Словенија Elvis Jackson, хрватскиот електро-поп бенд Lollobrigida и единствените ска претставници од Македонија Суперхикс, ќе ги одмерат своите сили во категоријата Најдобар Регионален Изведувач.
Доделувањето на MTV Европските Музички Награди ќе се одржи на 5 ноември во О2 World Arena во Берлин, со почеток во 21 часот. Оваа манифестација ќе биде пренесувана во живо на регионалниот MTV канал. Генерален спонзор и оваа година е Sony Ericsson. Останатите спонзори ќе бидат дополнително објавени.
Победникот во категоријата Најдобар Регионален Изведувач ќе биде избран од страна на гледачите на MTV во земјите на поранешна Југославија, кои ќе можат да гласаат на интернет страната
www.mtvema.com. Гласањето почнува од 1-ви септември (вторник) и ќе трае до 11 октомври (недела) 2009 година. Завршува точно на полноќ.
Откако ќе бидат преброени гласовите, победникот во категоријата Најдобар Регионален Изведувач ќе влезе во трка за Најдобар Европски Изведувач, заедно со победниците од локалните MTV канали во Европа. Победникот во категоријата Најдобар Европски Изведувач ќе го одлучат гласовите на гледачите и тој ќе биде претставен во живо на самата манифестација (МТV ЕМА).
Извор:
Бекстејџ
Чет Сеп 03, 2009 11:01 pm by Гостин