Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЉиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари Empty
20090902
ПишувањеЉиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари

Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари Ljiljapetrovic
Љиља Петровиќ во наредните петнаесетина дена ќе треба да исплати 300.000 денари на сметка на Андријана Будимир и 500 евра на сметка на државниот буџет. Апелациониот суд ја одби нејзината жалба на пресудата на Основниот суд Скопје 1, со која менаџерката на македонската поп-икона Тоше Проески е осудена за сторено кривично дело клевета. Второстепениот суд во целост ја потврди пресудата на најнискиот суд.


Адвокатот на некогашната ракометарка на македонскиот клуб "Ѓорче Петров", и блиска пријателка на Проески, Ненад Јаниќевиќ вчера ни потврди дека во неговата канцеларија пристигнала одлуката на второстепениот суд. Според него најголема сатисфаксија на Будимир и е што судските институции докажале дека Љиља не ја зборувала вистината.
- Драго ни е и единствена сатисфакција ни е што и второстепениот суд докажа дека Љиљана Петровиќ сторила кривично дело клевета, односно не ја зборувала вистината. Износот кој таа треба да го плати е секундарен. Најважно на Будимир и беше да докаже дека Љиља се служела со невистини - вели Јаниќевиќ.

Доколку Љиља не ја исплати пресудената парична казна, ќе бидат ангажирани извршители. Таа има рок од 15 дена од приемот на одлуката на Апелациониот суд да ги подмири долговите. Во спротивно ќе бидат ангажирани извршители кои ќе ја извршат наплатата. Вчера не добивме информација дали Љиља ја примила одлуката со која се одбива нејзината жалба. Таа има уште една можност, да се обрати до Врховниот суд, но сепак тоа не го одложува извршувањето на пресудата.
Будимир сметаше дека и се нарушени честа и угледот, откако Љиља за медиумите изјавуваше дека Тоше не контактирал со Будимир пред несреќата во која тој го загуби животот.

Менаџерката на Тоше за хрватските портали "24 Часа" и "Индекс" тврдеше дека е лага тоа што Будимир го кажала дека Тоше своите последни СМС и ги испратил токму неа. На суд извади листинзи од телефонската сметка на Тоше обидувајќи се да докаже дека последните денови од својот живот не бил во врска со Будимир и не контактирал со неа.
Спротивно на ова, во текот на судењето Будимир до судот го достави и својот мобилен телефон во кој се наоѓаат околу 200 СМС пораки, кои откриваат во каков однос била таа со Тоше Проески. Будимир бараше извинување и отштета од 150.000 евра за нарушен јавен углед.


Извор: Вечер
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари :: Comments

Овие па само се надаваат една на друга, патетики!
Што сакаат нека прават
 

Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: