Ви поставувам листа од некои филмови кои се најавени дека ќе започнат со снимање или се веќе започнати а се продолженија од претходни филмски хитови.
RAMBO 5
Големиот филмски херој, Џон Рамбо, кој веќе три децении ги забавува сите филмски љубители на акција, најверојатно ќе добие уште едно продолжение. Актерот кој го глуми познатиот одметник, Силвестер Сталоне, потпишал договор за снимање на уште едно продолжение од сагата за поранешниот амеркански специјалец и се очекува снимањето да започне на пролет.
BAD BOYS 3
Друго филмско продолжение исто така е во план да се снима. Акционата комедија Лоши момци (Bad boys) има добиено зелено светло од студиото да се почне со продукција за трет дел од серијата. Единствен проблем е што главната ѕвезда на филмот, Вил Смит, како и режисерот Мајкл Беј во последно време се едни од најплатените филмски работници, така што ќе биде малку потешко за студиото да најде пари за да ги најми повторно и двајцата.
IRON MAN 2
Приказната за железниот човек која минатата година уриваше рекорди во кино-благајните, следната година го добива своето продолжение. Роберт Дауни повторно ќе заигра како Тони или Железниот човек а покрај него ќе се појави и музата од претходниот дел Гвинет Палтроу, но овде овој пат како нови ликови се придружија и легендарниот Мики Рурк и Скарлет Јохансон во улогата на Црната Вдовица. Премиерата е закажана за 7 мај 2010.
Останата листа на филмови кои исто така се најавени:
THE HANGOVER 2
WANTED 2
SPIDER-MAN 4
GET SMART 2
HAPPY FEET 2
INDIANA JONES 5
NATIONAL TREASURE 3
CARS 2
PIRATES OF THE CARIBBEAN 4
Пон Aвг 31, 2009 11:57 pm by Гостин