Гостин Гостин
| | Цеца ќе биде фармерка и ќе молзе крави | |
Најголемото изненадување за гледачите на новото реално шоу на ТВ Пинк "Фарма", кое стартува на 12 септември, по се изгледа ќе биде Светлана Ражнатовиќ - Цеца. Се шушка дека сопственикот на најгледаната приватна телевизија Жељко Митровиќ лично се зазел во својот најскап проект да ги вклучи најголемите тамошни ѕвезди. Цеца, наводно, без струја, вода и сите останати привилегии на фармата во Лисојевиќи кај Барајево би требало да живее меѓу еден и седум дена. "Жељко Митровиќ се уште не ме контактирал по повод учеството во "Фарма", а јас дури и не знам како изгледа тоа шоу. Не сум љубител на реалните програми и навистина имам толку многу обврски во септември што, како што засега стојат работите, не постои можност да се појавам таму", открила Цеца преку својата ПР служба. Другото големо име кое е речиси сигурно дека ќе биде дел од шоуто, за кое лиценцата е откупена на пет години, е Рамбо Амадеус. Сумата за која тој ќе учествува се уште не е договорена. Покрај Рамбо гледачите ќе имаат можност да ги видат новите грандови ѕвезди Милан Топаловиќ - Топалко, Светлана Танасиќ - Биг Мама, пејачката Викторија, актерот Бранко Бабовиќ (Ѓуро Палица), Сандра Африка. Главен водител ќе биде Огнен Амиџиќ, чие Ами Џи шоу е смрзнато до крајот на ноември. "Бидејќи ќе бидам таму постојано слободно можам да кажам дека се доживувам како натпреварувач", рекол Амиџиќ. |
|
Нед Aвг 30, 2009 4:16 am by Bobi