Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНа сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест !

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! Empty
20090828
ПишувањеНа сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест !

На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! Ohridfest2009-struja
На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! Voditelililaaleksandar
Заврши и втората фолк вечер од интернационалниот фестивал Охрид фест 2009. И ако за време на првата, дебитанската вечер се помина во најдобар ред, овој пат тоа не беше така. За време на рекламите на ТВ Сител, пред самото вклучување и гласање од Долни Сарај се случи хаварија (падна струјниот систем) на летната сцена на Долни Сарај со што се прекинаа сите основни функции, се запали инсталацијата и со самото тоа не беше возможно да се продолжи со преносот, и нормално гласањето на фолк вечерта, иако како специјален гостин во жирито беше познатата српска фолк пеачка Неда Украден.

Целата публика беше преплашена и реагираше панично, сите излегоа од местото каде што се случуваше фестивалот. За среќа организискиот дел брзо реагираше и за брзо време се се среди, беше повикана и пожарната и се беше во најдобар ред со тоа што оваа вечер не го доживеа својот крај како што доликува.

Но затоа веднаш потоа во хотелот каде што се сместени сите учесници и организацијата, имаше мало мини прогласување во ресторанот Ревиера каде што беа прогласени победниците. Рака на срце, никој не очекуваше дека ова ќе се случи но, и тоа се случува.

На фолк вечерта на која што беа изведени 30 композиции, според гласањето на преставниците од публиката, по сумирањето на резултатите (иако незнам кога имаше време да гласа публиката во таа паника, без светло) наградите од публика беа доделени на следниот начин:

-Прва награда од публика ја доби песната “Имаш друга” во исолнение на Анета Молика (музика и аранжман: Дејан Момировски, текст: Борче Нечовски) со освоени 64 поени.

-Втората награда од публиката ја доби песната “Езерска вила” која ја исполни Петар Нечовски (музика и текст: Енвер Рашити, аранжман Јовица Каралијевски) со освоени 63 поени.

-Третата награда од публиката ја доби песната “Охрид ќе го паметам” во исполнение на Милован Секуловски (музика: Зоран Џорлев, текст: Бранко Николовски, аранжман: Тодор Трајчевски) со освоени 62 поени.

Интересно е што помеѓу сите оваа година доста квалитетни песни, разликата е премногу мала, само 1 поен. Останатите награди се:

Според Советот на фестивалот наградите беа доделени на следниот начин:

-Прва награда од стручното жири ја доби “Еден ден” Лидија Милошевиќ-Саманта (музика и аранжман: Дамир Имери, текст: Тони Биоритам)

-Втора награда од стручното жири “Втор пат се раѓам” Борче Наумовски (музика и аранжман: Дејан Момировски, текст: Борче Нечовски)

-Трета награда од стручното жири и припадна на композицијата “Лоша девојка” Пане панев (музика и аранжман: Дејан Момировски, текст: Борче Нечовски)

Останатите награди од фолк вечерта се:

Најдобар сценски настап: Ристе Наумовски

Најдобар дебитнат: Рубинчо Благадуша

Најдобра интерпретација: Весна Дошен

Најдобар текст: Борче Нечовски (за песната на Татијана Стефановска)

Најдобар аранжман: Дејан Момировски (за песната на Татијана Стефановска)

Награда “Аце Ангелевски”: Милица Кузмановска – “Е мој Охриде”

Награда “Долни Сарај”: Милован Секуловски – “Охрид ќе го паметам” и

Најтрубадуркса песна: Нино Величковски и Кумановски тамбураши – “Биди ми бисер”.

Како што беше најавено на денешната прес-конференција, поради вчерашното вонредно случување на летната сцена на Долни Сарај, и поради синоќешното недоделување на наградите истите ќе бидат денес доделени пред почетокот на поп вечерта со почеток во 20.45 со пренос на ТВ Сител и сателитскиот канал Сител 3.

Денес, меѓуостанатите информации на пресот беа соопштени и композициите и изведувачите кои од дебитанската вечер влегуваат во вечератшната поп вечер и кои ќе може повторно да ги видиме, а тоа се:

1.Емилија Цветановска – “Латино”

2.Марија Хаџи – Стојанова – “Непозната галаксија”

3.Рафинерија – “Пополека”

4.Филип Кирјаку – “Неверна”

5.Давид Гром – “Сакај ме”

6.Адам Лабунски – “Прекрасен сон” (трето место на дебитанската вечер)

7.Стуцк он – “Барам утеха” (второ место на дебитанската вечер)

8.Рогер бротхерс – “Типка лудница” (прво место на дебитанската вечер)

9.Бојан Алексовски – “Крај”

10.Еленија – “Секој ден”

11.Симона Поповска – “Виновен”

12.Ангелина Стојановска – “Остани”

13.Теодора Трајковска – “Неспокој”

14.Анета – “Незнаеш дека постојам”


Се надеваме дека и оваа вечер ќе бидете дел пред малите екрани или лично тука во Охрид ќе го погледнете 16-тото издание на Охрид фест.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! :: Comments

браво за Влатко Илиевски и Ристо Самарџиев добра им беше песната,само зошо на плејбек пееја пеачиве мислам дека е тоа глупаво и тоа дебитанти и ние од кај да знаеме дали пеачот е талентиран или не ,во студио може и гласот да се наштима и компијутерски и да речеме дека стварно пеачов е талент али не е така ,за да докаже пеач дека има добар глас треба во живо да пее а не на плејбек и само да отвара уста ,ако е за плејбек поарно нека ги објават песните само на интернет и толку вака фестивалот е живо Срање
Леле не ми се верува, се запалиле бе На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 842138
Chris напиша:
Леле не ми се верува, се запалиле бе На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 842138
не се запалиле само им снемало струја
Цитат :
се запали инсталацијата
На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 942774
Chris напиша:
Цитат :
се запали инсталацијата
На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 942774
епа убаво али пак денеска има само што денеска има интернационална вечер и не е толку лошо ка што гледам
Не е лош само Охридски, и Будва и Сунчане скале станаа полоши од нашите, така да не треба воопшто да се жалиме.
Најголемиот проблем е што нема веќе атрактивни имиња на овие фестивали кои ќе те прилечат да гледаш и навиваш, поголемиот број се дебитанти или музички фацки кои само на фестивал ги гледаш
На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 24632 На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 24632 На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 24632 На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 24632

Се запалиле бе леле не ми се верува!!!

Хахаха абе македонска работа!!!
сега денеска пее Антонија Шола побрзајте да ја видите на Сител
Шола си беше одлична, ја пееше дует песната со Сања македонска пејачка, преубава песна.
И повторно скандалозен завршеток на фестивалов - на сред гласање и зборење на Лила, СИТЕЛ го прекинува фестивалот поради Вестите во 00 часот
единствен што вредеше на фестивалов од блискиов сосед беше Jacques Houdek он имаше одлична песна
Beauty напиша:
на сред гласање и зборење на Лила, СИТЕЛ го прекинува фестивалот поради Вестите во 00 часот


шо збориш? На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 521588

ах пусто турско На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 696398
Да бе стварно сред фестивал прекинаа заради вестите! На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест ! 353532
 

На сред фестивал рикна инсталацијата за струја на Охрид Фест !

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: