Венецуеланката Стефанија Фернандес и ја донесе титулата Мис Универзум на својата земја. На натпреварот што годинава се одржуваше на Бахамите Венецуела победи втора година по ред.Круната и ја предаде минатогодишната победничка и нејзина сограѓанка Дајана Мендоса.
Фернандес, облечена во лелеав црвен фустан, во еден миг ја испушти круната на земја додека танцуваше од радост.
За прва придружничка беше прогласена Мис Доминиканска Република Ада Аиме де ла Крус. Во топ 5 финалистките влегоа и Мис Косово, Мис Австралија и Мис Порто Рико.
Мис Кина Ванг Џингјао беше прогласена за Мис Шарм, а Мис Тајланд, Чутима Дуронгдеј за Мис Фотогеничност.
Извор:
А1
Пон Aвг 24, 2009 7:02 pm by Игор