Јужнокорејскиот гигант Samsung деновиве претстави два нови фотоапарати под заедничко име Dual View. Она по што се разликуваат овие апарати од останатите е тоа што содржат два вградени екрани. Прво што ни паѓа на памет кога ќе ги видиме новите фотоапарати е како на некој би му користеле двата екрани. Од Samsung наведуваат дека малиот екран кој е сместен на предната страна е наменет за едноставно снимање на автопортрет. Фотоапаратите доаѓаат под ознака TL220 и TL225. Двата се со 12,2 - мегапиксели резолуција, 27 – милиметарска леќа со 4,6x зум, стабилизатор на слика, можност за снимање на видео запис и 1,5 инчен екран сместен на предната страна од апаратот.
Она по што се разликуваат е основниот екран кој кај моделот TL220 е три инчен и вреди 199 долари, додека кај TL225 е 3,5 инчен, за што ќе треба да платите 50 евра повеќе.
Пон Aвг 24, 2009 4:31 pm by Гостин