Српскиот режисер Дарко Лунгулов, кој е наградуван за филмот "Таму и тука" го пишува сценариото за својот втор филм кој ќе му биде посветен на кралот на поп музиката Мајкл Џексон.
Филмот ќе се вика "Споменик на Мајкл Џексон", а режисерот се надева дека би можел да снима во Србија следната година. За агенцијата "Бета", Лунгулов изјавил дека е среде работа на сценариото го затекнала веста дека Мајкл починал, што значи дека тој сакал да му посвети филм уште додека Џексон бил жив. Поради смртаа на Мајкл, тој на кусо морал да го прекине пишувањето.
- Бев шокиран. Го оставив малку сценариото на страна. Сакав да застанам и да се приберам за да одлучам дали тоа воопшто има смисол", изјавил режисерот.
Откако се изолирал од јавноста во еден хотел во САД, режисерот продолжил со работата на сценариото. Основната приказна зборува за едно младо момче кое со подигањето на споменик за Џексон се обидува да ги привлече медиумите и туристите по своето село, за да го спаи од економски пропаст.
Нед Aвг 23, 2009 2:02 am by Chris