Овие вознемирувачки слики покажуваат како малечки бебиња се фрлаат од 15-метри височина на чаршаф што го придржуваат селаните од селото Харангал, западна Индија.
Стотици луѓе доаѓаат во ова индиско село на годишната церемонија на фрлање на две годишни бебиња. Оваа традиција е стара скоро 700 години и е прифатена и од Индусите и од Муслиманите.
Се верува дека овој бизарен ритуал ќе им донесе добро здравје и просперитет на децата и на нивните семејства.
[img]
http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/F17B120417237E4ABC6E9FE2CEDC33B0.jpg/img]Сличен ритуал се изведува и во селото Шолапур на истиот ден, при што децата се фрлаат од покривот на џамијата Баба Умер Дурга.
Во Индија е висока стапката на морталитет, посебно во руралните средини и многу луѓе веруваат во вакви ритуали за да го осигураат здравјето на нивите деца.
Индиските власти најавија истрага за ужасните ритуали што се практикуваат по селата.
види го видеото
Нед Aвг 23, 2009 1:37 am by Chris