Европската унија ќе почне истрага заради зачестените поплаки на корисниците дека iPhones и iPods експлодираат.
Досега има информации дека се запалиле ајподи во Британија, Холандија, Франција и Шведска.
Пред неколку деја iPod Touch сопсвеност на 11-годишната англичанка Ели Стајнборо од Ливерпул се запалил.
Според нејзиниот татко девојчето му се пожалило дека музичкиот плеер испушта чудни звуци и дека е премногу загреа.
Тој брзо реагирал и го фрлил плеерот во градината, а 30 секунди потоа тој експлодирал и летнал неколку метри во воздух.
Минатата недела француски тинејџер пријавил дека се повредил откако екплодирал iPhone на неговата девојка. Тој изјавил дека очите му настрадали од ситните распрскани стакленца на телефонот.
Минатиот месец и Холанѓанец пријавил дека го оставил својот iPhone на седиштето во автомобилот и кога се вратил по 15 минути, телефонот му се запалил, причинувајќи голема материјална штета во возилото.
И пред два месеца во Шведска ненадејно се запалило возило, при што истрагата покажала дека пожарот бил предизвикан од експлозија на iPod.
Европската комисија од производителот Епл побарала официјална информација за овие инциденти, при што од таму одговориле дека станува збор за изолирани инциденти.
Во Апл се свесни за инцидентите, но појаснуваат дека нема масовни поплаки со оглед на тоа што продале 200 милиони iPod уреди во Европа и 26 милиони iPhones телефони.
Европската комисија сепак испрати аларм до 27-те земји членки да внимаваат дали ќе се појават нови проблеми со апаратите на Епл.
Во меѓувреме американските медиуми јавила дека имаат докази за 15 инциденти со самозапалување на мобилните уреди, при што како причина се наведува литум-јонската батерија на телефоните и плеерите.
Нед Aвг 23, 2009 1:32 am by Chris